• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Алмир Мили: Со моите илустрации сакам да ја промовирам македонската мода во светот

Од Ана Несторовска · На ноември 15, 2016

almir-mili-15

Модната илустрација и цртањето се негова пасија и окупација приватно и професионално. Покрај тоа што ги црта своите визии за модата, младиот креатор Алмир Мили наоѓа инспирација и во модели и комбинации од неговите колеги-дизајнери. Од неговиот молив и боици произлегле илустрации наменети за влијателни модни списанија како Elle, Teen Vogue, Lepota i Zdravlje и други. Најчесто ги црта своите фаворити од колекциите претставени на модните недели во Милано, Париз, Лондон и Њујорк. Но кусо по завршување на Модниот викенд-Скопје на Инстаграм се појавија и негови скици со креации од Јована Филиповиќ, Олгица Ѓоргиева и Ирина Тошева, како и на Антонија Ристовска, која неодамна, преку фотосесија ја претстави есенската колекција. Цртежите наидоа на позитивни реакции, како од неговите следбеници на оваа социјална мрежа, така и до самите креатори.

almir-mili-1

Илустрацијата на Алмир Мили инсоирирана од креација на Јована Филиповиќ, преставена на Моден викенд-Скопје

-Со оглед на тоа што Моден викенд -Скопје подолго време успешно ги спојува на едно место најдобрите македонски дизајнери, ми се роди идеја да почнам да работам на илустрации од моите омилени домашни креатори, кои воедно ќе ги презентирам на странскиот пазар. Премногу ги почитувам сите дизајнери на македонското поднебје и сметам дека треба да го покажеме нашиот талент надвор од границите на државата! Сметам дека сите учесници на Модниот викенд презентираа одлични колекции и би сакал да ги пофалам, пред сè младите и идни дизајнери кои беа одлични, како и организаторите на Моден викенд, кои секогаш им пружат максимална подршка. Конкретно од оваа сезона ги нацртав моите омилени аутфити од колекциите на моите колеги од ревијалниот дел на FWSK. Илустрирав и парче од новата линија на Ристовска, која иако оваа сезона не одржа ревија, бидејќи претпоставувам отстапува место на новите дизајнерски сили, како еден успешен професионалец во својата струка, сепак не можев да одолеам и решив да илустрирам и модел од нејзината колекција-вели Мили кој во неколку наврати и самиот учествуваше на Моден викенд Скопје.

almir-mili-3

Цртана импресија на Мили од креација на Олгица Ѓоргиева

Сериозно почнал да се занимава со модна илустрација по победата на натпреварот во цртање во организација на влијателниот магазин Elle.

-Како професионален моден креатор постојано цртам. Меѓутоа мојата работа како илустратор започна сосема спонтано откако победив на натпревар за модна илустрација кој го организираше Elle Magazine, за подоцна да започнам соработка со нивни регионални списанија, а потоа и со некои од светски ранг. Во слободно време постојано цртам. Тоа ми е хоби, кое можеби ќе прерасне во нешто поголемо во иднина! Веќе подолго време работам како моден илустратор за повеќе модни списанија меѓу кои и Elle Magazine, Teen Vogue, Lepota i Zdravlje и тн… Речиси секоја сезона од светските модни недели цртам илустрации од моите омилени дизајнери и омилените парчиња кои ги презентираат во Милано, Париз, Лондон и Њујорк. Досега имам добивано позитивни коментари и критики од DELPOZO, ARMANI JEANS и во главно од списанија со кои што подоцна имавме и соработка! Моите македонски колеги беа одушевени и почестени, а мене ми е многу драго што постојат и што ни нудат прекрасни парчиња облека секоја сезона-вели тој.

almir-mili-2

Фаворитот на Мили од новата линија на Ирина Тошева

Алмир се памети како победник на два конкурса на Модниот викенд Скопје, еден поддржан од „Пелистерка“, а вториот- ПОП! Мода во Американската амбасада. Во 2014 на оваа манифестација со перформанс ја престави линијата „Русалка“, а една година подоцна понуди мини колекција инспирирана од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега !“. Работеше на костимите од „Македонскиот Идол“. Имаше и ангажман како главен дизајнер за американскиот спортски бренд Di Biaggio New York. Моментално работи и на свои колекции кои му се дел од обврските во текот на постдипломските студии. Но вели дека сè уште е рано да излезе на пазарот на модата со сопствена колекција. Паралелно е дел од две академии и првично планира доградба на знаења за потоа да можае да ги спроведе професионално во бизнисот на мода.

-Професионалните ангажмани се обидувам да ги сведам до минимум во последно време, сепак приоритет ми се студиите, но во блиска иднина ме очекуваат успешни професионални ангажмани за кои ќе продискутираме во некоја наредна прилика-вели тој на крајот.

almir-mili-4

Цртеж со парче од есенската колекција на Антонија Ристовска

almir-mili-5

Мили направи илустрации за маици инспирирани од кампањата „Да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата –сега !“ во рамни на Моден викенд Скопје

Elle MagazineFWSKLepota i ZdravljeTeen VogueЈована ФилиповиќАлмир МилиИрина ТошеваМоден викенд-Скопјемодни илустрацииОлгица Ѓоргиева
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics