• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ана Камчева @FWSK: Силата на модната гравитација

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На март 21, 2014

 IMG_2572228374772-620x607

Млада, но амбициозна и работлива, Ана Камчева која е на чекор до дипломата на моден дизајнер на  Европски универзитет, веќе бележи искуство од претставување на сопствените дизајни на модната писта на FWSK, и тоа два пати како дел од групната ревија на студентите, потоа самостојно преставување со мини колекција, но и најзначајниот момент во овој зачеток на нејзината кариера – учеството на ПОП! Мода во Американската амбасада минатата година со победата на овој настан заедно со Алмир Мили и Виктор Цветановски. Таа оваа година треба да дипломира на Европскиот универзитет, па интензивно работи на дипломскиот труд кој што е всушност мини колекцијата со која што треба да се претстави на завршниот испит. Таа колекција заедно со оваа од модниот перформанс кој го подготвува за претстојниот Моден викенд-Скопје се двата проекти на кои им е потполно посветена во овој период.

1051-674x1024

На FWSK Камчева одлучи да претстави колекција на панталони, здолништа и фустани со широк крој, шилести раменици, асиметрија и геометрија кои често ги употребува во креациите. Од боите преовладуваат белата, жолтата и виолетовата, а од материјали користи тенок кепер, ламе за некои детали, скај и жерсе. Колекцијата ќе ја претстави преку моден перформанс.

-Сè уште не е осмислена посебна кореографија и музика, меѓутоа сигурна сум дека ќе биде едно пријатно изненадување за сите оние кои што ќе го посетат модниот викенд. Се работи за ready to wear  колекција чие име e Gravity. Самата инспирација започна од филмот „Гравитација“ кој ме поттикна и понатаму да истражувам на оваа тема. Преовладува и дополнителен психолошки елемент, како во умот на астронаутот кога од огромна височина ја набљудува земјата и самото тоа сугестивно делува тој да ја сфати кршливоста не само на своето постоење, туку и на сè што се наоѓа на површината на Земјата. Со додавање на тешки материјали на завршетоците на парчињата облека, се обидов да ја отсликам смислата на гравитацијата која е природна сила која им дава тежина на предметите и предизвикува тие слободно да паѓаат кон земјата кога се пуштени од некоја височина – открива Ана аа замислата на сега веќе нејзино четврто учество на оваа модна манифестација .

FWSK-SS14-Kamcheva-Ana-766x1024

За неа како за амбициозен креативец со свежо впиено знаење правењето колекција значи потреба од многу истражување, кое вклучува и истражување на светските трендови и светски познатите дизајнери. Меѓутоа, секогаш е потребно дизајнерот да остане свој, да се води по неговата инспирација и да остави свој печат во креацијата, па и да воведе нешто ново. Колекцијата на Камчева содржи детална изработка на материјалите, експериментирање, третирање на материјалот со различни техники, како и апликација на детали како што се синдџирите на поголем број од дизајните. Моделите се наменети за девојки од 18 до 30 години кои сакаат да експериментираат со својот изглед, да бидат уникатни и да доминираат во средината.

 65317_472629079476250_465754994_n

Модната колекција ќе може да се набави во „Концепт 37“ веднаш по ревијата, и таму ќе остане еден ден од каде што клиентите ќе можат да ги набават моделите. Доколку останат некои од парчињата облека потоа ќе можат да се најдат во бутикот „Штипко” во Штип. Како и  за секој млад креативец така и за Ана допрва претстојат предизвици за остварување на своите креативни визии. Нејзините планови со дипломата во рака се дека наскоро ќе има можност за соработка со некоја модна куќа или отворање на своето ателје оваа година во нејзиниот роден град Штип.

tam1-u-680x1024

 

 

FWSKАна Камчевамакедонски дизајнеримлади макеоднски дизајнериМоден викенд-Скопјепролет-лето 2014
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics