• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Андреј Папаз Ѓоргиевски @FWSK: „Подем на гревот“ е модна симбиоза на Содома и Гомора

Од Ана Несторовска · На октомври 17, 2017

Papaz (3)

Приказната за потопот на библиските градови Содома и Гомора билa инспирација за новата колекција на битолскиот дизајнер Андреј Папаз Ѓоргиевски. Откако ја раскажа драматичната приказна за „антохеројот“, на 22 октомври (недела) се враќа на модната писта во Hotel Marriott Skopje со линијата „Подем на гревот“, со што ќе биде отворено 16-тото издание на Моден викенд Скопје (FWSK).

-Колекцијата е симбиоза на библиската приказна за Содома и Гомора, поврзана со блискиот исток, како денешна територија, каде што се смета дека се наоѓале овие два града и сето тоа спакувано во една современа форма окарактеризирана со провокативност и сексапил. „Подем на гревот“, како и темата и насловот на ланската колекција „Враќање на антихеројот“е  провокативен, па по тоа може да се претпостави и каква ревија ќе следува. Минатата година си поставив некои свои лични стандарди, кои сметам дека оваа година и ќе ги надминам. Пред сè тимот на Моден викенд Скопје и мојата екипа будно работиме на самата организација за ревијата и сè она што попратно следи со неа. За еден ваков настан се разбира најважен е квалитетот на колекцијата, но не се изоставени и останатите елемнти за едно добро модно доживување. Музиката е препуштена повторно на Димитар Андоновски, а во цела звучна приказна се вклучени и светски музички имиња. Веќе постоечки мега хит е специјално адаптиран за ревијата со претходно доследно добиени авторски права. За рекламниот материјал се задолжени „Pixel print“, додека за дел од реализацијата се заслужни Министерство за Култура на Република Македонија, институтот за истражување во животната средина градежништво и енергетика „ИЕГЕ“ и „Симпекс“-вели Папаз.

Papaz (2)

*Препознатлив си по раскошните, театрални и секси креации. Кои се главните белези на новата колекција, дали остануваш доследен на својот досегашен стил на дизајнирање?

-Овој пат мислам дека ќе прикажам многу помрачна колекција, доколку би споредувале со ланската. Претежно е застапена црната боја, претставена во мат и сјајни варијации. Се појавуваат и сиви тонови, бела и цигла боја како освежување на целокупниот впечаток. Од материјали кои ги користев застапени се еко-кожа, свилен шифон, штоф, жоржет, скај и мрежа. Креациите го носат тој дух на раскош и драматичност.

*Дали се задржуваш на свечените модели и драматични коеви? За какви пригоди се креациите и на кој тип на жени им се обраќаш со новите дизајни?

-Колку и да сакав да побегнам од тие драматични моменти, неуспеав бидејќи веројатно тоа е моја ДНК. Колекцијата инсистира на инспирацијата од која е извлечена. Се работи за еден авангарден стил, составен од носливи и помалку носливи парчиња. Веројатно колекцијата ќе го најде патот до оние со нескротлив дух, спремни за експериментирање и гладни за внимание.

Papaz 1

„Колку и да сакав да побегнам од тие драматични моменти, неуспеав бидејќи веројатно тоа е моја ДНК“-вели Папаз

*Твои креации и оваа година видовме на  црвениот килим на значајни настани како Филмскиот фестивал Браќа Манаки во Битола.  Кои соработки со јавни личности би ги издвоил како позначајни? Колку тие те инспирираат за создавање на моделите?

-Соработките со јавни личности се трудам да ги сведам на минимум. Дополнителен момент е дека сега за сега па и да немаме естрада, па така нема и со кого да се соработува. Како најголем успех од соработките би го издвоил Влатко Лозаноски за Евровизискиот настап во 2013 година па сè после тоа веќе не е предизвик, додека пак Филмскиот фестивал Браќа Манаки е друга приказна. Тука можеби е моментот кога се издавам дека сум локал патриот па тој повик не го одбивам.

*На какви проекти работеше во периодот меѓу двете учества на Моден викенд?

-Ден после ланската ревија бев ангажиран на претставата „Лазаревото писмо“, која ми е драг проект во штипскиот театар. Оваа година се нижеа и други проекти како што е „Тирамису“ во велешкиот театар во режија на Теа Беговска, „Интрига и љубов“ во Куманово и мојот најдраг проект веќе четврта година по ред „ 5+ Фамилија“ и „Nikoqiret“, серијата за Петко, која е најголем бренд меѓу децата во Македонија.

Papaz (6)

Папаз ги креира костимите за претставата „Тирамису“ во велешкиот театар

*Какви ти се плановите за „Подем на гревот“ по ревијата на Моден викенд Скопје? Дали ќе ја претставиш со фотосесија, или  на некој друг моден настан,  и каде ќе може да се набават моделите?

-Ланското искуство покажа дека воопшто не беше потребно да се сработи фотосесија, бидејќи колекцијата навистина беше доволно изрекламирана. Оваа година е планиран да се направи еден вид на моден едиторијал пред сè за мое лично задоволство, а други настани или изложби сметам дека не се потребни, пред сè поради стабилната платформа на Моден викенд Скопје. Колекцијата ќе биде достапна за online разгледување и ќе биде изложена во атељето на мојата колешка Викторија Арсовска.

*Оваа сезона Моден викенд ќе се одржи по мотото #Stopthetraffik – за запирање на трговијата со луѓе. Како и дали можеш, како дизајнер, да помогнеш во борбата против трговијата со луѓе?

-Позитивно е што во оваа глобална кампања, Моден викенд Скопје се вклучи со своја иницијатива преку ангажирање на овогодинешните учесниците за изработка на маички кои би ја подигнале свеста за оваа сериозна тема. Трговијата со луѓе и нивната злоупотреба е присутна насекаде низ светот. Тука не е исклучен и светот на модата каде експлоатацијата на работниците во модната индустрија за жал е присутна. Добар почеток е да станеме пред сè свесни за оваа состојба, а потоа преку кампањи и совесност да се бориме против тоа.

Papaz (7)

Ден после ланската ревија доби ангажиран да ги дизајнира креациите за претставата „Лазаревото писмо“

*Со оглед на ангажманите ти си на постојана релација Битола-Скопје. Каде имаш повеќе работни обврски и како функционираш на релација? Кои од овие града се поинспиративни и подобри за работење како дизајнер?

-На таа релација Битола-Скопје би додал уште неколку попатни станици поради работни ангажмани. Среќен сум што работам низ повеќе места во државава. Секој нов проект е ново искуство. Работните ангажмани претежно се сконцентрирани во Скопје, пред сè заради најблиските соработници. Среќа патувањето никогаш не ми било проблем, иако знае некогаш да ми биде напорно, на тоа гледам како предизвик, колку повеќе ангажмани, толку повеќе професионално се остварувам. А за тоа кој град ми е поинспиративен-хм, мината колекција беше цртана во Битола, а овогодинешната во Скопје, па вие процените.

papaz01

Драматичната колекција „Враќање на антихеројот” ја престави на Моден викенд минатата година

Papaz-pet plus

Четврта година по ред работи на стајлингот на популарната детска серија „ 5+ Фамилија“

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Андреј ПапазАндреј Папаз Ѓоргиевскимакедонска модамакедонски дизајнериМоден викенд Скопје (FWSK)Содома и Гомора„Хотел Мериот Скопје“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics