• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

АНДРИЈАНА ЧИЧЕВАЛИЕВА: Монистра нанижани во ритамот на Африка

Од Катерина Трајановска · На јуни 4, 2014

0

Боите и звуците на Африка и старите техники на нижење монистра, како и мотивот за создавање парчиња накит кои ќе бидат потсетник на подзаборавените култури и нивните автентични декоративни креации, се почетните точки за проектот Drumbeads на Андријана Чичевалиева, која што ја потпишува колекција на накит од шаерни монистри илустрирана преку фотографиите на AneMone претставени пред неколку дена. Чичевалиева, која што вели дека уникатниот накит и облека отсекогаш ја фасцинирале како форма на изразување, рачно изработен накит создава уште од детството, но поинтензивно се занимава со оваа дејност од пред неколку години кога почнала да ги истражува обичаите на индогените народи и племиња од Африка и американските континенти.

1

Проект: Drumbeads/Дизајн: Андријана Чичевалиева/ Фотографија: Ane Mone

-Од таму и идејата дека накитот не е само декоративен елемент кој ја надополнува облеката, туку е еден вид кодиран јазик преку кој се испраќа одредена порака зависно од општествениот и културниот контекст. Истражувајќи понатаму забележав дека и во македонската традиција многу често се користи монистра за изработување накит и најразлични декорации на предмети, дури и некои дезени се мошне слични со оние од индогените племиња – смета Андријана.

2

Андријана ни откри дека нема посетувано формални курсеви за дизајн и сите познавања во однос на изработката и техниките ги стекнала преку туторијали на интернет. Досега не изложувала на јавни настани или по медиуми, освен на Facebook страницата https://www.facebook.com/Drumbeads?ref=hl, каде може да се погледнат парчињата и да се направат нарачки, а преку проектот Drumbeads ова е всушност нејзиното прво запознавање на пошироката јавност со нејзината работа.

3

-Инспирацијата за проектот Drumbeads (игра на зборови од drumbeats=звук на тапан и beads=монистра) дојде откако дојдов во контакт со една прекрасна книга со фотографии на племиња ширум светот која го носи насловот Gaia II: The song of the vanishing tribe од фотографката Paige DePonte. Со агресивната нео-колонизаторска политика на развиените земји постои силна тенденција многу од овие подзаборавени култури да исчезнат. Токму тој факт беше мотивација плус за накитот кој го изработувам да биде еден вид потсетник за автентичноста и воопшто постоењето на овие култури кои современиот човек ги смета за „примитивни“ и се стреми да ги асимилира. Првата колекција која ја создадов во 2012 е Earthwalker затоа што сите ние, примитивни и современи, чекориме по оваа планета и никој не смее да ни го оспори или оневозможи тоа право на слободно движење. Earthwalker се состои од алки, ланчиња и обетки изработени од стаклени монистри во комбинација со природна кожа, пердуви и школки. Втората колекција е Peyote (според техниката на изработка) и се состои од ланчиња и алки, со тоа што тука користам и покрупни дрвени монистри – вели Андријана.

4

За подобро претставување на парчињата накит Андријана направи фотосесија со Ane Mone, фотографии што ги објавуваме во овој напис. Првата асоцијација на накитот и фотографијата е Африка, но има тука и инспирација од американските домородни племиња.

-Со мултимедијалната уметничката Ана Лазаревска, конкретно преку нејзиниот фотографски проект AneMone (https://www.facebook.com/pages/Anemone-Photography-and-retouching/238626059640251?fref=ts), соработуваме уште од почетокот на приказната. Нашите креативни енергии се поврзаа и како резултат на тоа произлегоа фотосесијата за Earthwalker (кај скулптурата Тотем во Градски Парк) и фотосесијата за Peyote (во нејзиното студио). Се трудевме да одбереме или создадеме околина за фотографирање која асоцира на природната средина на живеење на човекот. Со втората сесија отидовме чекор понатаму со тоа што студиото го претворивме во мини-џунгла, па може да се забележат растенија-ползавци во позадината и нашата главна ѕвезда, папагалот Коко кој обожува да се фотографира. За шминката се погрижив јас, а за стајлингот Ана. Моделите на фотографиите се Билјана Костадиновска, Јана Лазаревска и Анастасија Ставреска, наши пријателки и роднини кои имаат значајна улога во претставувањето на накитот – вели дизајнерката.

5

Главен медиум со кој Андријана создава накитот се монистрите (од стакло или дрво) чии големини и форми варираат, а се обидува да ги комбинира во контрастни и живи бои. Најчесто се со кружна форма, па на нив гледа како на пиксели: колку се поситни толку појака „резолуција“ има парчето накит и обратно.

- Користам неколку традиционални техники. Можеби е интересен податокот дека е пронајден накит во Јужна Африка кој датира од пред 3.000 години. Би ги издвоила техниката на везење (embroidery) која иако дава поголема слобода за изразување, одзема доста време и техниките на ткаење Peyote stitch (со нејзините бројни варијации) и Heringbone Stitch (рибина коска). Во комбинација со монистрите користам парчиња од природна кожа, потоа пердуви и школки – ни ја објаснува фасцинацијата со монистрата.

6

Чичевалиева ни откри нешто повеќе и за своите други креативни интереси. На пример, подолг период од животот се занимавала со изучување и натпреварување во латино-американски и стандардни танци во клубот „Ритам+“, каде што и всушност се запознала со фотографката Ана. Иако последните пет години поголем дел од времето го посветувам на професијата како наставник по француски јазик во скопската гимназија „Р.Ј.Корчагин“, се занимава и со превод на стручна и уметничка литература, а во слободно време освен што изработува накит, таа и црта и пишува.

7

AnemoneDrumbeadsАна ЛазаревскаАндријана Чичевалиевадизајн на накитмакедонски дизајнери
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Photo 1 (1)

    Проф. д-р Тониќ Рибарска: Концептот на ,,намалување на штети” може да ги минимизира штетните ефекти од тутунот

    мај 23, 2022
  • fustan

    Фустан прикладен за пролетно-летен деловен изглед

    мај 23, 2022
  • Bonux

    „Уживај во пролетта со Бонукс“ во Веро Маркетите

    мај 23, 2022
  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • 0 marella

    Александар Ношпал за Styling Sessions со Marella: „Има простор за сценскиот гламур и во секојдневието“

    мај 21, 2022

Убавина

  • 20

    Во опуштена атмосфера во знакот на Juliette has a Gun, Magnolia Bliss пристигна во нашиот град

    мај 21, 2022
  • INT_EN_ECN_210006_210007_210008_Anti_Pigment_Skin_Perfecting_Serum_08_2021_static-_FBPost_v2

    Отстранете ги пигментните дамки и заштитете ја кожата во лето со Еуцерин

    мај 17, 2022
  • 2 (3)

    Byredo De Los Santos – мирис креиран да го слави животот

    мај 16, 2022
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    мај 9, 2022
  • 11 (1)

    Откријте го новиот производ од линијата Abeille Royalе на Guerlain кој ќе ја смири и ревитализира сувата кожа

    мај 2, 2022

Живот

  • Photo 1 (1)

    Проф. д-р Тониќ Рибарска: Концептот на ,,намалување на штети” може да ги минимизира штетните ефекти од тутунот

    мај 23, 2022
  • Bonux

    „Уживај во пролетта со Бонукс“ во Веро Маркетите

    мај 23, 2022
  • dm_inspiracija (3)

    Со мурал од Нина Симовска dm дрогерие маркт ќе креира бран на инспирација

    мај 19, 2022
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 18, 2022
  • We edition 2

    Пет причини зошто онлајн шопингот е подобар

    мај 18, 2022

Култура

  • SM

    Марио Бионди со прв концерт во Скопје

    мај 17, 2022
  • image4-6

    Битола по 23-ти пат домаќин на Интернационален фестивал на монодрама

    мај 10, 2022
  • dimitar kondovski

    „Ретроспективна изложба“ на Димитар Кондовски во Даут пашин амам

    мај 5, 2022
  • Изложба на Наташа Неделкова

    Отворање на самостојна изложба на Наташа Неделкова в сабота во МСУ

    мај 5, 2022
  • soc media post kosta petrov

    Промоција на книгата „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

    мај 4, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics