• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

БЕН АФЛЕК: Глумењето во „Исчезната“ на Дејвид Финчер е остварување на сонот

Од stylist @StylistMKD · На октомври 1, 2014

ben aflek23

Во сосема поинакво светло, во какво што не сме го виделе досега,  оскаровецот Бен Афлек игра во новиот психолошки трилер „Исчезната“ (Gone Girl), кој од 2 октомври (четврток) доаѓа во нашите кина. Филмот во режија на славниот Дејвид Финчер, е направен по истоимениот бестселер на Џилијен Флин,  која ги прикажува бракот и медиумите низ призмата на проблематичната економија. Во фокусот на приказната е атрактивниот брачен пар на њујоршки писатели, Ејми (Розамунд Пајк) и Ник (Бен Афлек) кои се приморани да се преселат во мало градче во Мисури поради финансиската криза и болеста на мајката на Ник. Од хармоничен и среќен пар, кој некогаш биле, стануваат несреќни, отуѓени и осудени да живеат во едно од најздодевните места на светот. На денот на нивната петгодишнина, Ник се враќа дома и затекнува превртена маса и неред во дневната соба што укажува на знаци на борба. Сфаќа дека жена му е исчезната и ја известува полицијата. Меѓутоа, набрзо станува главен осомничен за нејзиното исчезнување, а неговите лаги, измами и чудно однесување ги наведуваат сите да си го постават истото мрачно прашање – дали тој ја убил?
Според многумина улогата во „Исчезната“, е можеби најдоброто актерско остварување на четириесет и две годишниот актер, кој е двократен добитник на „Оскар“ ( за сценариото на „Добриот Вил Хантинг“, и за најдобар филм  „Арго“).
Во интервјуто, кои е обезбедено од дистрибутерот на филмот за Македонија, MCF MKD, Афлек открива дека понудата за работа на овој трилер ја добил во моентот додека се подготвувал за својот следен режисерски ангажман. Признава дека „снимањето на овој филм било оставрување на сонот, а играњето на Ник Дан, некогашниот новинар, кој станува главен осомничен за смртта на својата сопруга било голем предизвик“. Ви пренесуваме дел од разговорот, кој е воден во Детроит, каде што Бен Афлек го снима својот следен проект, Batman v Superman: Dawn of Justicel.

ben aflek

>> Каква беше Вашата прва средба со „Исчезната“?
-Книгата беше голем хит во Холивуд. Сите ја читаа. Како што знаете, Холивуд е место каде што сè се врти околу една работа и сите  зборуваат за тоа, додека не се појаво нешто следно интересно. И тоа беше тоа. Кога слушнав за бестселерот, го прочитав и навистина ми се допадна. Си помислив, „Боже, ова ќе биде тешко да се прилагоди во филм“. Потоа ја ставив на страна книгата и не мислев на тоа сè додека не добив повик кој велеше: „Дејвид Финчер сака да те запознае во врска со „Исчезната”.  Во тој период се подготвував за друг филм, што требаше да го режирам, но шансата да работам со Дејвид Финчер беше остварување на  сонот. Па така, го ставив на пауза другиот проект, што го работев, а од  „Ворнер Брадерс“ беа доста  прилагодливи. Добив шанса да го направам  ова, што беше неверојатно , навистина возбудливо.

>> Кои беа Вашите први впечатоци од ликот што го толкувате, Ник Дан и од самата приказната воопшто?
- Знаев дека тоа ќе биде тешка ролја, пред сè  поради начинот на кој публиката го доживува ликот,  мораше да биде фино калибриран. Идејата дека со својата глума можеш да го смениш тоа што мислат за овој човек,  оди заедно со приказната. Ниту Дејвид ниту пак јас сакавме да ја донесеме приказната на начин што не е реалистичен или не е драматичен. Па моравме да прилагодиме некои нешта. Тоа се работи кои на некој начин е најтешко да се направат. Бидејќи  тие  мора да бидат  убедливи… „Ох,  можеби тој го направил тоа“ … „Можеби тој не го направил тоа“ … Тој вид на работа. И ако не успеете да ѝ ги наметнете тие прашањана ум на публиката, филмот нема да успее.

ben aflek2

>> Дали беше предизвик да се игра лик што е набљудуван? Како да толкуваш лик, кој игра одредена ролја.
- Да, мислам дека она што е навистина е важно, е темата  на играње на улоги. Тоа беше навистина моќно за мене во овој филм. Начинот на кој медиумите те ставаат во одредени улоги: “Океј, ти  ќе бидеш прекрасен сопруг” или „Ти ќе бидеш сопруг-убиец“ или, пак, “Ќе бидеш скандалозен заривач на нож во грб“ или што и да е.  Лужето лесно ги  претвораме  во лесно сварливи архетипи за медиумите. И, се разбира, тука е и играње на улоги што се случува до врските. Знаете, очекувате нешто од некого, тие очекуваат нешто од вас во брачната врска, верна жена, послушен сопруг, и секогаш кога не се однесувате како што очекуваат од вас, настанува проблем.  И кога Ник не се однесува како што се очекува, како сопруг што тагува, тоа навистина ги разгневнува луѓето штого следат преку медиумите. Мислев дека тоа е навистина интересно.

>>Вие сте некој што има искуство со обзервацијата на медиумите.
- Да, дефинитивно го имам искусено тоа во мојот живот. Иако како во филмот, бев  окарактеризуван на начини целосно непрепознатлив за мене, но имаше и перидоди кога навистина не ми беше гајле како ќе ме престават, си велев „Не ми е гајле што ќе се случи , јас сум она  што навистина, ќе оставам  чиповитеда паднат  каде што можат. Согледувајччи ги негативните ефекти што ги добив од нешто што е толку моќни,  велев, „зошто ова  Ви е толку важно, зошто оваа поттикнува толку многу непријателства?

ben aflek5

>> Како ги воспоставивте потребната врска и интимност  Розамунд? Во смисла дека треба да ја убедите публиката дека вите сте двајца кои  меѓусебно одлично се познаваат. Но, претпоставувам дека не се познававте претходно.
-Тоа е незгодно со Рос, не можам данавлезам во било какво објаснување, без премногу да откријам од приказната за филмот. Не може да се навлезе толку во објаснување до одредена мера, и не ејасно колку од флешбековите се вистининти. .. Беше тешко, бидејќи процесот за запознавање беше скратен. Мораше да се постигне многу за релативно кусо време . Бидејќи снимањето беше напроно немавме време да седнеме и да се запознаеме со Дејвид , да зборуваме за своите родители и слично. Исто беше и со Рос. Таа е прилично мистериозна, речиси недопирлива, што мислам дека е навистна добро.

>>Што  дискутиравте со  Дејвид  за време на снимањето?
- На пример, тој ми рече:  „Види, не може да има било каква суета во оваа изведба. Ова е човек кој добива удари и чија  темна  страна  се гледабледо“. Ми се допаѓа таа идеја. Од неодамна почнав да ја согледувам суетноста во филмовите, која ги прави изведбите нереални. Па реков: “Океј, јас сум за тоа, ајде така да направимеЌ Можеби тоа не би го постигнал со друг режисер, но со Финчер  мислам дека би одглумел и текст од телефонски именик. И така, се обидовме да создадеме  лик што ќе биде повистински, со кој ќе можеме да се идентификуваме со нив, во однос на неговиот брак и неговата врска… и за кој, исто така, ќе помислите дека може да ја убил својата сопруга.

gone-girl-ben-affleck-david-fincher

>> Дали вашето искуство како режисер го  промени начинот на глума или вашиот поглед кон  актерството?
- Мислам дека режија ме направи многу подобро актер. Тоа е одлична школа за глума. Мислам дека секој актер кој има можност да режира филм, без разлика дали станува збор за долгомтеражен или кус, треба ја искористи. Можност да седнете од  другата страна за време на процесот на аудиција, процесот на изведба на мониторот и можност за монтирање на  перформансите , е многу едукативно. Барем така беше за  мене – многу корисно во однос на признавањето на нешта кои ќе функциноираат  и тие  што нема да поминат добро.

Gone GirlЏилијен ФлинактерБен АфлекДејвид ФинчеркнигарежијаРозамунд ПајкСкопјетрилерфилм кино„Исчезната“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • GOLDEN GLOBES

    Црвениот килим на „Златен глобус“ годинава во виртуелен формат

    март 1, 2021
  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics