• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

БОБАН ИЛИЕВСКИ: Новата колекција ESSENZA ќе ја носат дами во Швајцарија, Берлин и Софија

Од Ана Несторовска · На октомври 24, 2014

bobce slika

Во периодот меѓу освојување на наградата за инвентивен спој на графичкиот со модниот дизајн на Интернационалните бугарски модни награди EIRENE 2014 и отворањето на своето ново ателје, македонскиот дизајнер Бобан Илиевски на социјалните медиуми ја промовира својата колекција за есен-зима 2014/15. Новата линија на креаторот, кој работи под брендот Chic Undercowear, e наречена  ESSENZA (суштина).
-Новата колекција ја нареков ESSENZA токму поради самиот концепт што веќе некое време го чував за еден проект. Досега колекциите беа китени со многу епитети и луѓето веќе се навикнаа  што можат да очекуваат од мене како продукт. Со оглед на тоа што сум автор кој се труди да се реинвентира со секоја колекција, сметам дека редно време беше да направам нешто поразлично, а сепак доследно на мојот сензибилитет. Одлучив овојпат да побегнам од цела таа mix& match игра на принтови и неспоиви колор блок комбинации. Својствено на тоа настана ESSENZA. Сакам да се видам самиот себе во друго светло, а и публиката сакам да види нешто што сигурно нема да очекува-вели Бобан.

Essenza cover1

Фото: Жарко Чулиќ

Во колекцијата се застапени креации со прочистени форми, мала игра со деконструкција, мал колорит во палета и претежно застапена црна боја,  што е реткост за Илиевски.
-Сето ова го гледав како предизвик, на крајот на краиштата отсекогаш ми причинувало задоволство креирање на колекции каде што треба да вмешам повеќе фактори за успех, како што е одличниот баланс на квалитет, цена, практичност, конфор… И на крај дизајнерскиот печат што ѝ е најбитен на публиката. Волната е најзастапена со оглед на тоа што е претежно зимска колекција. Станува збор за носливи кежуел парчинја, адаптабилни за варитет на сензибилитет од жени и девојќи, носливи во зависност од желбата и  умесността на комбинирање, преку ден или пак навечер. Пред сè за практични жени што сакаат да изгледаат впечатливо.  Пратењето на трендовите сепак ќе го оставам на шпанските гиганти на мас продукција- објаснува тој.

chic7

Фото: Жарко Чулиќ

За промоција на линијата изработи и  фотосесија со стаблираниот Жарко Чулиќ.
-Веќе докажан тим стои позади секоја сесија на моите колекции. Жарко Чулиќ како фотограф и Дарко Мишовски, задолжен за шминката на снимањето. Тие фантастично ја примија идејата за нешто ненаметливо, минимал едноставно, а убаво. Кога неколку креативци ќе ги соберат силите и ќе се најдат на иста фреквенција, неизбезно е да излезе продукт каков што е овој lookbook за ESSENZA.
Бобан планира, покрај пласманот на домашниот пазар, колекцијата да ја понуди и во продажни салони и во Шавјцарија, Берлин и Софија, како и онлајн на Bastet Noir. Сепак линијата нема да ја погледнеме на актуелниот Моден викенд-Скопје
-Спремање на една ревија секако бара многу време, напор и финансии кои  сметав дека оваа  сезона ќе ги насочам на други места, во продуктивниот процес. Имав фантастични искуства на изминатите изданија на Моден викенд и не значи дека следната сезона нема пак да се појавам. На крајот на краиштата, социјалните медиум што денес се најдобрата маркетиншка стратегија го доведоа рекламирањето на едно друго ниво.  Направив мини зимска колекција од неколку основни парчиња и сметам дека lookbook-от најдобро ќе ја претстави за понатамошниот комерцијален успех на истата, било тоа кај нас или пак во останатите продажни места низ Европа. Веќе две серии од колекцијата се нарачани и ќе бидат понудени во Швајцарија, предновогодишно, благодарение на Г-ца Тања Стоименовска, која како сериозен купувач реши да промовира македонски дизајнери на тамошниот пазар. Истото ќе се случи и со досегашните мои пратнери и шоурумови во Берлин и Софија. За македонскиот пазар секако останува веќе добро познатата онлајн продавница Bastet Noir- вели Илиевски.

chic4

Фото: Жарко Чулиќ

Наредниот период ќе биде посветен на отворањето  на своето ново модно студио Скопје .
-Во изминативе неполни пет години моите креациите беа достапни низ сите концептуални продавници кај нас. Со оглед на тоа што Chic Undercowear е веќе препознатлив бренд решив да си овозможам отсега па натаму еден шоурум  каде што секој клиент досегашен и иден ќе биде повикан на приватна промоција и ќе може да си го проба и купи омиленото парче.Тоа ќе се случи при крајот на ноември, кога просторот и ќе биде готов. Ателјето е направено и уредено  со самата сжрз на мојата филозофија на работење и живеење. Ќе даде понатамошен простор за развивање , на брендот и негово претставување на поинакви начини, како шопинг забави, денови на попуст, кога само еден ден би биле на понуда производи на 70 осто попуст, мини ресорт колекции доколку тоа го бара клиентелата … Планирам и продукција на предмети за уредување со мој печат. Можностите се безгранични-вели тој на крајот.

chic6
chic2
chic3
chic5
chic1

Bastet NoirChic UndercowearESSENZAlookbookБерлинБобан ИлиевскиДарко Мишовскиесен-зима 20014/15Жарко ЧулиќИнтернационалните бугарски модни награди EIRENE 2014Моден викенд-СкопјеСкопјеСофијаТања СтоименовскаШвајцарија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics