• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ДАНИЈЕЛА СИМОНОВСКА: Еко-воинка што промовира одржлива мода

Од stylist @StylistMKD · На октомври 15, 2014

portret

Данијела Симоновска ја начекавме помеѓу бранењето на магистерскиот труд на модното школо ЕСМОД во Берлин и подготовките за заедничка ревија. Овие денови модната дизајнерка е фокусирана на самоодржива мода и употребата на органски ткаенини, впрочем темата на нејзината магистерска е „Несовршена индистрија – чекор кон одржлива и поодговорна мода“. По дипломирањето на Факултет за текстилна технологија во Загреб во 1999 година, Данијела претстави неколку колекции во Скопје, имаше ангажман на дизајнер во некогашната луксузна модна куќа „Систина“, застана на чело на Македонска модна формација, а беше и уметнички директор на првите изданија на Моден викенд-Скопје. Денес Берлин е центарот на нејзиниот креативен свет. Таму се дошколува на берлинската филијала на престижната париска школа ЕСМОД, создава нова мода и ја црпи авангардната енергија на градската култура која се совпаѓа со нејзиниот авторски израз. Денес таа е трансформирана од „кралица без кралство“, како што беше името на една нејзина позната колекција, во еко-воин. Ја исконтактиравме дизајнерката во Берлин, си направивме опширен разговор, а таа ни ги откри новините и ни ги претстави фотографиите од новата пилот колекција.

>>Неколку години беше отсутна со колекции на домашната сцена, но тоа не значеше дека се откажа од модата. Ќе ни раскажеш ли што се случуваше во тој период?

-Досега немам одржувано континуитет во продуцирање на колекции, бидејќи мојот интерес отсекогаш бил насочен кон партнерски проекти, воспоставување на нови текови на нашата модна сцена, како и на соработка со различни субјекти кои имаат допирни точки со модниот дизајн и модната индустрија.

5 imperfect-fashion-esmod-foto-herr-van-toll

Imperfection by Danijela Simonovska/ Фото: Herr van Toll/ Модел: Сандра Стојанова/ Шминка: Рахел Крапик

>>Деновиве магистрира на ЕСМОД во Берлин…

-Една година траеа моите магистерски студии по одржлива мода на ЕСМОД. Станува збор за прилично интензивна програма која и’ пристапува на модата како еколошки, етички, социолошки и економски одржлива. За студиите добив стипендија од ЕСМОД, кој доделува две стипендии за мастер програмата, кои пак се поддржани од германскиот еко-базиран моден бренд „Хеснатур“, а подоцна и стипендија од Министерството за култура на РМ без чија поддршка верувам дека моето дошколување ќе беше невозможно, со оглед на македонскиот стандард и висината на школарината за оваа престижна програма која е прва од ваков вид во Европа, а една од петте најдобри во светот.

1 imperfect-fashion-esmod-foto-herr-van-toll-quer

>>Создаде нова колекција илустрирана со фотосесија и видео под името Imperfection by Danijela Simonovska, за што поточно се работи?

-Магистерската работа „Несовршена индустрија – чекор кон одржлива и поодговорна мода“е фокусирана на одржливи дизајн стратегии и воедно прикажува како консултантската компанија Imperfection со минимални пристапи ги преусмерува конвенционалните практики на изработка на колекција кон одржливи. Целта на Imperfection е да креира нештетни индиструски решенија и продукти со вклучување во процесот играчи и партнери од различни сектори. Покрај бизнис стратегијата, бренд идентитетот и сегметите во кои компанијата ја гледа својата идинина, со поддршка на мојот партнер „Хеснатур“ изработив пилот колекција.Колекцијата служи како прв пример какви услуги компанијата, која е позиционирана во четвртиот сектор, може да понуди на своите идни клиенти и партнери.

Imperfection by Danijela Simonovska from Dann Dannah on Vimeo.

За изработка на промотивниот материјал соработував со креативци базирани во Берлин и Скопје. За потребите на фотосесијата визуализации изработи дуото Lazy Kidz Visualz од Скопје кои исто така го издработија и останатиот видео материјал. Моделот Сандра Стојанова е Македонка која студира на ЕСМОД во Берлин, шминкер е Рахел Крапик, музиката е авторско парче на Александар Гроздановски познат на македонската, а и на берлинската електронска сцена како Herzel, логото го изработи Ива Галевска која е базирана во Берлин, а фотографиите се на берлинскиот фотограф Herr van Toll.

>>Зошто во светот на модата во кој се трага по совршенствосвојата колекција ја крсти Несовршеност?

-Тежнеејќи кон совршенство конвенционалната модна индустрија денес несомнено ја загрозува животната средина, го загрозува здравјето на оние кои ја изработуваат и на оние кои ја поддржуваат купувајќи штетни по здравјето производи на fast-fashion индустријата. Голем е бројот на хемикалии кои се појавуваат во сите делови на текстилниот синџир и лесно може да се заклучи дека денешната модна индустрија не е нималку совршена. Облеката која оваа индустрија ја произведува содржи повеќе отрови и хемикалии отколку што можеме да бидеме свесни, а за тоа сведочат низа извештаи кои откриваат поврзаност помеѓу текстилните произвоствени капацитети на врвните светски модни брендови и загадувањето на водата, како и траги на опасни материи во облеката на брендови како „Зара“, „Адидас“, „Барбери“, „Дизел“, „Викторија Сикрет“ и други, кои предизвикаат стерилитет, го зголемуваат ризикот од рак и го загрозуваат човековото здравје.

На денешната текстилната индустрија и отпаѓаат 20 проценти од светското индустриско загадување на водата, а процесите на боење и доработка се едни од најагресивните во индустријата. Тежнеејќи по совршени, компактни и резистентни бои, како и кон нови практики кои го менуваат изгледот и отпорноста на ткаенините, овие процеси партиципираат во загадувањето на водата со околу 70 токсични материи кои го загрозуваат екосистемот и животот на планетата.

imperfect-fashion-esmod-foto-herr-van-toll-quer-3

Во мојата колекција го избегнувам традиционалното боење и применувам ладно боење со природни бои од зеленчук, тревки и зачини. Оттука Imperfection ја негува отфрлената несовршеност од страна на текстилната индустрија и има тенденција да се покаже дека дури и наједноставните и благи техники на боење може да резултираат со атрактивни бои и нијанси над природните материјали и плетенини.

При создавањето на колекцијата фокусот беше ставен и на пристапите кои би го поедноставиле процесот на производство. Ткаенините и плетенините од волна, свила, алпака и памук користени во колекцијата се органски и внимателно избрани и нарачани во боите и нијансите на природните суровини. Во процесот на произвоство нема потреба од предходно селектирање по бои, избор на конци и слично што воедно го намалува и времето за прозводство, а го избегнува и нарачувањето на ткаенини во предходно дефинирани бои. Остатоците од ткаенините можат да се користат и во иднина, да се бојат по потреба или пак да се бојат како готов прозвод како што беше случај со мојата колекција. Воедно не се користени и додатни материјали за укрутување на предниците, јаките и останатите делови на облековните елементи од причина што и тие се најчесто токсични.

2 imperfect-fashion-esmod-foto-herr-van-toll

>>Колку еволуираше твојот дизајнерски израз и остана ли доследна на својот стил во последната колекција?

-Во оваа пилот колекција моделите се едноставни и минималистички, а изгледот има тенденција да биде класичен, и тежнее кон изгледи кој лесно транзитираат од облека за работен ден кон облека за ноќни излегувања. Работејки со „Хеснатур“ кој негува casual look и е фокусиран претежно на базични парчиња облека, колекцијата има за цел да му се припои на брендот.

>>Како оди пробивот на германската сцена? Во најава е еден консултански ангажман од германска компанија, па до каде се договорите?

-Веќе неколку години наназад постојат активности поврзани со фер-облека кои го третираат текстилниот ланец како и правата на текстилните работници. Благодарение на еден таков проект беше потипишан и договор со кој е постигната минимална плата од 8.050 денари во текстилната индустрија во Македонија. Ако земеме во предвид дека на текстилна индустрија и отпаѓаат околу околу 30 проценти од работната сила во Македонија, а според анализата на организацијата „Кампања за чиста облека“ животните трошоци за четиричлено семејство од година во година се зголемуваат, па за 2013 година се шест пати повисоки од минималецот, несомнено е дека се потребни промени во секторот кој би овозможиле пристоен живот на овие работници.  Воедно, познато ни е дека македонските текстилни компании претежно даваат услуги на странски модни брендови, а условите во Македонија странските експерти ги едначат со тие во Бангладеш. Под притисокот на „Детокс“ кампањата на „Гринпис“ одредени брендови веќе се обзрваа дека ќе ги елиминираат токсичните и штетни материи од нивниот снабдувачки ланец до 2020 година, што воедно ги позиционира нашите текстилни капацитети како несоодветни, а постепено се врши притисок и за исплаќање на плати во согласност со животните трошоци како што беше случај со H&M што цели кон подобрување на позицијата на текстилните работници. Мојот консултантски ангажман се однесува на активности кои ја третираат македонската текстилна индустрија од овие аспекти и се спроведуваат во Македонија, но мојата база останува Берлин.

7 imperfect-fashion-esmod-foto-herr-van-toll

>>Уште поинтересно е што влезе во селекција за следното издание на Берлинска модна недела…

-Тоа ќе биде мое второ претставување на Берлинска модна недела. Во февруари имав преставување на модели за кои што освоив награда во рамки на студиската програма, а за следното издание селектирана сум од страна на интернационално жири во состав од претставници на познати светски брендови, новинари и модни експерти од областа на одржливата мода, кои ја посетија изложбата на магистерските колекции и селектираа неколку колекции. Традиционално магистерските колекции ќе бидат дел и од GREEN SHOW ROOM во рамки на модната недела.

>>Каде во моментов може да се најдат твоите креации?

-Мојот партнер „Хеснатур“ наскоро ќе лансира нова платформа NEW CREATIVES  и ме покани да ја продавам колецијата Imperfection на таа платформа. Тие се заинтересирани да ги изработат моите модели конфекциски, бидејќи прототипите ги изработував сама и воедно да ми помогнат во координацијата со добавувачите.

3 imperfecdt esmod fashion foto herr van toll

>>Некое време си во Берлин, град кој има силна креативна и авангардна енергија. Како го доживеа и кои се најубавите нешта што ти ги пружи градот?

-Берлин е екстермно авангарден град и на секој чекор можете да ја воочите креативноста на Берлинците. Она по што мене ми е интерсен е свеста кон екологијата, здравата исхрана, односот кон еко-продуктите како и кон еко-модата. Едноставно не постои дисбаланс помеѓу нив. Веќе е воспоставена здрава, еко-освестена и одговорна модна сцена и постои пазар за истата што сметам дека ми нуди одлична платформа за делување.

>>Ја следиш ли македонската модна сцена?

-Мојот фокус е на македонската текстилна индустрија, а македонската модна сцена сметам дека е премногу кокетна, а од друга страна безмалку безначајна во целата таа слика. Ја ценам работата на одредени дизајнери и ги пратам, и се надевам дека ќе успеат да ги пласираат своите колекции и надвор од државата, бидејќи јасно ни е колкав е македонскиот пазар, колкава е куповната моќ, а и што тој пазар преферира.

Дизајнерката го поддржува кампањата Detox Fashion Manifesto на „Гринпис“

ImperfectionБерлинДанијела Симоновскаеко-модаЕСМОДмодна колекцијаодржлива мода
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022
  • 9

    Седум летни комбинации со широк долг фустан

    јули 27, 2022
  • unnamed

    Отворен повик до дизајнери за Slowscapes 5 – изложба на македонска еколошка мода и дизајн

    јули 27, 2022
  • 1

    МОДНО ЛЕТО: Што да облечете на и до плажа

    јули 26, 2022
  • off shoulder

    Фустаните кои ги откриваат рамениците симбол на летната мода

    јули 26, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022
  • Watermelon-margarita

    Watermelon Magrarita – розова и освежителна верзија на познатиот коктел

    јуни 22, 2022
  • almond-milk.jpg

    Како да направите бадемово млеко

    јуни 16, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics