• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Елена Спасовска покажа математичка прецизност и ангажиран став преку колекцијата „Mатематика“

Од Катерина Трајановска · На мај 5, 2015

1

Школувана во Софија и во Барселона, кумановската модна дизајнерка Елена Спасовска од 2008 година успешно го гради сопствениот бренд, зад себе има работно искуство во Шпанија, повеќе појавувања на Моден викенд-Скопје, костимографски колекции и претставувања надвор од Македонија, а по пауза во творењето поради мајчинство, минатата недела ја претстави колекцијата „Математика“ на дизајнерско модно шоу во Lotus Design Store. Колекцијата е во монохроматска палета, во неа доминираат точки и линии предизвикани од темата, а содржи носливи и урбани парчиња како здолниште во облик на трапез, широки форми, трендовски комбинезон, кратки фустани со линии, кои лесно може да се вклопат во женската гардероба. Преку колекцијата Спасовска покрај модна визија даде и свој „глас“ преку поддршката на студентите и средношколците во нивната актуелна борба, испраќајки ги манекенките со пароли како #Поздрав Пленумци, но и со логични или нелогични математички равенки апострофирајќи ја логичноста и почесто нелогичноста за секојдневните ситуации.

>>По кратка пауза во творењето се врати на сцената и минатата недела ја прикажа новата колекција „Математика“.  Кој е концептот на колекцијата и како математиката те инспирира за новите креации?

- Создавање на една колекција е математички процес од создавање на дводимензионални кројки според кои од материјалите создаваш комплексна тродимензионална форма. Математиката освен како процес во создавање на колекцијата ја вклучив и во геометриските шари, линии, и форми.

Elena 3

>>Сосема математички колекцијата ја почнуваш со точки и линии, откриј ни нешто повеќе за останатиот дел, за боите, материјалите, формите…

-Црната и белата го имаат главниот збор во оваа колекција, материијалите се лесни и природни наменети за летните денови, а формите ја следат инспиарцијата од геометриските тела.

>>Дел од манекенките носеа пароли за поддршка на Студентски пленум, каква порака сакаш да пратиш и сметаш ли дека модните дизајнери и уметниците воопшто треба да покажат ангажиран став и за теми кои не се модни?

-Модата по дефиниција е рефлексија на животот. Секој човек, а посебно уметниците треба слободно да ги искажуваат своите ставови. Со оваа ревија сакав да ги поддржам студентите и средношколците кои се борат не само за нив, туку и за доброто на идните генерации.

Elena 4

>>Кому се неменети новите креации, правиш ли проекција на целната личност додека ги создаваш и каде можат во моментов да се купат?

-Моделите се навистина носиви и со самото тоа целната група е доста поширока, во секој случај би сакала да се носени од личности кои имаат став и не се плашат да го изразат своето мислење. Сите модели се изложени и се продаваат во концептуалната продавница Lotus Design Store во Skopje City Mall, на вториот кат. 

>>Кои се следните планови, на што ќе се сконцентрираш и како понатаму ќе го развиваш твојот бренд?

-Досега работев мини колекции од десет до дванаесет модели, мојот план е следното претставување да биде со целосна колекција која ќе биде дополнета и со аксеоари.

elena spasovska1

elena spasovska2

elena spasovska3

elena spasovska4

elena spasovska5

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics