Американската актерка Ева Мендез е новото заштитно лице на Avon. Поконкретно, таа ќе биде симбол на парфемот Eve Duet, којшто утре ќе биде промовиран и во Скопје. Новиот парфем на интересен начин спојува два различни мириси во едно. Сепак, поврзаноста на 43-годишната холивудска ѕвезда, мајка на две деца и успешна бизнис-жена, со козметичкиот гигант датира од многу порано. Таа открива дека, всушност, пораснала со компанијата бидејќи нејзината тетка била Претставник. Глумицата отсекогаш го почитувала тоа за што Avon се залага, особено фактот дека ги охрабрува жените да бидат финансиски независни.
- Моето семејство немаше многу, така што неколкуте производи за убавина кои мајка ми ги имаше беа всушност Avon производи, бидејќи тие беа навистина достапни. Јас верувам дека брендот сѐ уште се залага за истите работи и сегаи затоа сум среќна што сум дел од таа приказна – вели Мендез.
*Avon ги охрабрува жените да бидат самоуверени и прекрасни на свој начин. На кој начин мирисот може да делува охрабрувачки? Дали парфемот игра голема улога во вашиот концепт за убавина?
- Ја сакам моќта на мирисите, тоа е уште еден начин да се изразите себеси. Ние носиме облека, фризура и шминка, но и безброј други работи, a мирисот е навистина тука за мене како средство за лична експресија. Ја сакам моќта која мирисот ја има кога ќе ја напуштите просторијата, a тој прекрасен мирис останува и луѓето сé уште го чувствуваат како да сум уште со нив во истата соба. Тоа е нешто толку убаво и романтично и емотивно сум поврзана со тој момент.
*Можете ли да ни ги опишете вашите рани спомени од некој мирис и каква улога парфемот играл во вашето детство?
- Мирисот имаше важна улога во мојот живот уште кога бев бебе, буквално. Мојата мајка ми ставаше кубанска колонска вода. Јас сум Кубанка, одгледана на многу, многу кубански начин. Постои една цветна колонска вода која Кубанците ја нанесуваат на своите бебиња, така што и мајка ми ме прскала со неа, како и мојата сестра и браќата. Откако знам за себе, секогаш ја негував таа емотивна нишка кон мирисите. Токму затоа, тој игра огромна улога во личната експресија и во создавањето на спомените.
*Како би го опишале мирисот Eve Duet? Што ви се допаѓа кај него?
- Го сакам Eve Duet бидејќи можам да мешам и да комбинирам два различни мириси за да создадам бесконечно многу креации, на начин на којшто мирисот може да ми одговара во секој даден момент. Отсекогаш сум сакала да ги мешам моите мириси, но не сум го правела тоа успешно бидејќи не ги мешав вистинските комбинации. Сега ги имам овие два фантастични мириси кои заедно функционираат прекрасно. Едниот е лесен и блескав, повеќе цветен и романтичен, а другиот е сензуален. Комбинацијата на двата од нив заедно, направена на било кој начин е прекрасна. Вие навистина само може да испробувате и да го креирате она што ви одговара во било кој момент, што е навистина возбудлив процес за мене.
*Кажете ни повеќе за вашата поврзаност со убавината уште од детството?
- Научив многу работи за убавината од мојата мајка. Таа е многу убава и моето сеќавање за неа е поголемо дури и од животот, едноставно, таа е прекрасна жена. Таа имаше типичен традиционален пристап кон убавината. Растела во 50-тите години, но ми велеше дека жената никогаш не треба да излезе од дома без фризура и кармин на усните. Иако не го следам ова во целост, тоа е во мене. Секогаш постои романтика околу тоа како жените може да изгледаат. Многу сум модерна и не се потпирам постојано на тој совет од мајка ми, но го сакам моментот, што таа секогашги вградуваше во мене. Малите совети за убавина кои можев да ги понесам со себе, бидејќи таа секогаш ги засукуваше ракавите и ги реализираше. Таа во голем дел беше самохрана мајка, така што, беше одлично што сепак обрнуваше внимание и на убавината, додека истовремено работеше и го водеше семејството самостојно, работејќи и не плашејќи се да ги замачка рацете. Ја сакам таа комбинација, таа комплексност што таа ја имаше – и сé уште ја има. Тоа е навистина прекрасно.
*Што прави да се чувствувате убаво?
-Се чувствувам најубаво кога учам нешто ново, кога дочитувам книга што сум сакала да ја прочитам или, пак, препрочитувам книга или гледам документарен филм. Тоа се тие работи, кога го хранам умот. Се чувствувам најубаво кога ќе научам нешто ново што не сум го знаела за светот или за било што друго. Тоа, и едно добро фенирање. Не, се шегувам! Тоа се веројатно тие работи кои помагаат, а за мене се наменети за душата.
*Жените играат многу различни улоги. Кажете ни за комплексноста на жените и како ги менаџирате Вашите лични улоги?
- Како и сите жени, сакам да мислам за себе дека сум комплексна и дека играм многу улоги. Мислам дека убавината е да се биде личност, очигледно, но жената во денешниот свет прави сé! Ние секогаш сме правеле сé, навистина е така. Имаме толку многу различни улоги во текот на денот како мајка, деловна жена, ќерка, пријател, сопруга, а списокот продолжува и јас едноставно сметам дека е возбудливо што сега имаме мирис во кој ќе пронајдеме различни комбинации, различни мешавини кои ќе ни помогнат да ги истакнеме многуте улоги кои ги играме.
*Како мислите дека жените се чувствуваат носејќи го Eve Duet?
- Би сакала да верувам дека тие го сакаат Eve Duet исто колку и јас и се надевам дека и другите жени се забавуваат како мене додека ги создаваат личните мирисни креации. Бидејќи, навистина се работи за лична експресија и сето ова треба да биде забава. Мислам дека луѓето забораваат на тоа. Во светот на убавината, понекогаш забораваме дека ако нешто не е забавно не треба ни да го правиме! Ако не е нешто што ни е пријатно да го правиме, другите луѓе ќе го видат тоа, а поентата е дека ова не е ракетна наука. Тоа служи за да се чувствуваме добро и да се истакнеме себеси, а јас се надевам дека жените токму тоа и го паметат.
*Вие сте бизнис-жена, како што се и милиони Претставници на Avon. Какви совети може да им дадете за да ги инспирирате да ги остварат нивните цели?
- Јас, всушност, бев во малопродажба добар дел од мојот живот бидејќи почнав да работам уште на 15-годишна возраст. Работев во малопродажба можеби 10, 15 години. Открив дека сум најсреќна и најуспешна во светот на продажбата кога навистина верував во она што го продавав. Имаше периоди кога не верував во тоа што го продавав и не се чувствував добро. Не чувствував дека навистина правам нешто во што уживам бидејќи не верував во самиот производ. Советот кој можам да го дадам е, повторно, забавувајте се, тоа е основата, но сметам дека и навистина треба да го познавате производот, да верувате во него, а потоа продажбата ќе оди лесно.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари