• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ирина Тошева @FWSK: Модна потрага по жар-птицата

Од Ана Несторовска · На октомври 21, 2016

irina-toseva-1

Oд учесничка на групните ревии како студентка на Академија Италијана, до самостојна ревија, како носечки дизајнер , на затворањето на Моден викенд-Скопје. Кариерата на етаблираната дизајнерка Ирина Тошева се гради паралелно со оваа манифестација. Со презентацијата на нејзината нова колекција на 1 ноември во  „Скопје Мериот Хотел“ ќе биде затворено 14-тото издание на Моден викенд Скопје (FWSK).

-Ова е моја десетта ревија на единствената модна платформа кај нас. Изминативе пет години, благодарение на Моден викенд имав ревии во регионот и бев дел од бизнис едукативната програма со што ја изработив activewear колекцијата со македонската фабрика „Цеботекс“. Моден викенд е мојата „дома“. Растеме, созреваме и се поддржуваме безрезервно секоја сезона.

irina-toseva

Ирина Тошева: Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета

>>Каквa е приказната зад новата колекција? Во каков стил ќе бидат новите креаци и какви парчиња, бои и материјали ќе домининираат?

-Инспирацијата е жар-птицата како мотив во приказните од словенскиот фолклор.Оваа волшебна птица што сјае и доаѓа од далечна земја е  и благослов и носител на несреќа на оној што ќе ја фател… Нејзината потрага е пресликана во новата колекција. Сите имаме по некоја „своја“ жар-птица. Од нас зависи дали ќе ја заробиме или пуштиме слободно да лета. Оваа сезона повторно се навраќам на боите, а природните материјали, удобноста и практичноста остануваат клучни нешта во мојот дизајн.

>>Со секоја нова колекција правиш чекор напред, на моден план, на технолошки, уметнички… која ќе биде новината кај оваа колекција, по што ќе се разликува од останатите?

-Колекцијата овој пат е мало резиме на различни елементи од мојата досегашна работа. Да не откриваме премногу.

irina-toseva00

Со маичка од колекцијата „Дома“ направена во соработка со уметникот Ване Костуранов, Фото: Ерина Богоева, шминка: Виктор Мирчевски

>>Talent is the new sexy e темата на претстојното издание на Моден викенд. Колку со твојата колекција се надополнуваш на оваа тема? Како ти би го објаснила ова мото?

Време е да се вратиме на вистинските вредности. Облеката не го прави човекот, а лошата уште помалку :)

>>Колекцијата е поддржана од Avicena. Како настана оваа соработка/поддршка и колку е важно за модните креатори да добијат поддршка од ваков тип, колку треба компаниите и институциите да се вклучат во модната индустрија кај нас?

-Поддршката од бизнис секторот и институциите е навистина важна. Тука, пристапот, отворената соработка и големата доверба е клучна. Таа помага да се одржи континуитетот, подобри квалитетот и зголеми производството. Наше е да ги најдеме и допреме до нив, наместо да напаѓаме и плачеме колку ништо не чини.

irina-i-mini

Донаторскиот проект со „La Dama“, инспириран од животните, премиерно ќе биде претставен на „Веге Фест“ на 30 октомври во МКЦ, Ирина и нејзиното куче Мини,  Фото: Миладин Паповиќ за Pixel.mk

>>Покрај самостојната колекција/ревија, на ова издание се јавуваш и во улога на ментор. Последната вечер ќе се одржи ревија на твоите ученици по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“. Што да очекуваме од курсистите-дизајнери, колку си задоволна од нивната работа, креативност и ангажираност? Има ли надежни таленти меѓу нив?

-Ме радува што оваа сезона ќе бидам рамо до рамо со  голем дел од мојата прва група по моден дизајн во „Кариера плус“. Работеа на прилично општа тема и еден дезен кој секој си ја протолкува и искористи на свој начин, според својата приказна, задржувајќи го својот стил. Има навистина одлични дизајни. По групната ревија е и првата самостојна ревија на уште една курсистка од оваа група, Марија Трајанова, која откако беше моја асистентка во Приштина реши да започне со работа на својот бренд. Се гордеам и искрено им посакувам голем успех. Пазарот е мал, но има место за сите.

>>Твоите колекции досега беа претставени на манифестации и изложби во Дизелдорф, Виена, Фиренца, Приштина, Љубљана….Какви се плановите за новата колекција по ревијата во Скопје?  Што е во твојата агенда до крајот на годината?

-По Модниот викенд се работи на едиторијалот како заокружување на целата приказна на колекцијата. Се подготвувам и за Москва, каде што со Никола Кунгуловски, мојот соработник за минатата колекција „Риза“, сме поканети да бидеме дел од 3D Print Expo и да зборуваме за користењето на 3д -технологиите во секојдневната мода.

irina-toseva-4

Тошева беше единствениот учесник од Балканот на првото 3д модно шоу во Германија со неколку одбрани парчиња од колекцијата „Риза

>>Важиш за креатор кој не се појавува во нашата јавност само од колекција до колекција,туку меѓу две сезони активно работи на различни проекти. Кои ангажмани го одбележаа периодот меѓу пролетното и есенското издание на Моден викенд?  

-Топлите месеци се главно фокусирани на невестите и ме исполнува можноста да работам дизајни со интересна приказна и далеку од „шаблоните“ за овој чин. Бев куратор на модниот дел на интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“, што претставуваше ново и интересно искуство. Бев и единствениот учесник од Балканот на првото 3д модно шоу во Германија со неколку одбрани парчиња од колекцијата „Риза“.  Последниов месец работам и на донаторски проект со македонската компанија „La Dama“, инспириран од животните.  Се работи за хулахопки за деца и девојки. Со секој купен пар донирате за бездомните животни. Дизајните премиерно ќе бидат претставени на „Веге Фест“ на 30 октомври во МКЦ.

>>Редовно правиш фотоприказни за своите колекции. Дали е во план нова сесија?

Фотоприказните ми се неизбежни во претставувањето на колекциите зашто умеат да ја доловат целата приказна. Со мојот тим активно работиме на концептот околу новиот едиторијал кој ќе биде претставен на крајот на ноември.

 

irina-toseva3

Со својот тим активно работи на концептот околу новата фотосесија која ќе биде претставена на крајот на ноември

activewear колекцијаFWSKLa DamaДизелдорфжар-птицаинтервјуИрина ТошеваКариера плусМарија ТрајановаМоден викенд Скопје (FWSK)Моден викенд-СкопјеМоскваНикола КунгуловскиПаратисима СкопјеПриштинаревијаРизаСкопје Мериот ХотелЦеботекс„Веге Фест“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 интервју

    СИНДИ КАРАЏА: Колекцијата Mystical Dawn на QUEEN Haute Couture содржи префинети, моќни и бајковидни венчаници

  • sanja arsovska (6) интервју

    Магнетик со македонските актерки: САЊА АРСОВСКА – Храбра, динамична и секогаш со став

  • dаrja rizova (13) интервју

    „Магнетик“ со македонските актерки: Запознајте ја Дарја Ризова – искрена, насмеана и непосредна

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Double Tree by Hilton - Skopje 010

    Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • 7f5e1130-1825-4fab-9f3b-b1cec7b3f598_783011_tablet_landscape_large_16_9

    Денеска ги слушаме Hooverphonic

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Ревијата на „Фенди“ со посвета на Карл Лагерфелд

    февруари 22, 2019
  • 4

    Микеле за „Гучи“: Облеката е наша маска која и открива и покрива

    февруари 21, 2019
  • 1

    Стилска инспирација од улиците на Лондон

    февруари 21, 2019
  • arijana koskarova forbes (1)

    Македонката најдобро облечена на Forbes наградите во Лондон

    февруари 21, 2019
  • rosica mrsik (2)

    Stock Sale во ателјето на Росица Мршиќ

    февруари 20, 2019

Убавина

  • 1

    BEAUTY BOX: Нови пудри на Guerlain, La Mer и Dior

    февруари 18, 2019
  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • vday-fragrance

    Романтични парфеми за неа и за него

    февруари 13, 2019
  • CAMILA COELHO

    MAKE UP TUTORIALS: Шминкерите предлагаат изглед за Свети Валентин

    февруари 11, 2019

Живот

  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019
  • Uchenicite vo uchilishteto Nova

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува за климатските промени со македонски ученици

    февруари 8, 2019
  • MAR_4366

    Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

    февруари 6, 2019
  • Мастер шефот Марк де Јонг со курс за готвење во „Јавна соба“

    јануари 28, 2019
  • image2

    Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

    јануари 24, 2019

Култура

  • 633275c4-37be-4397-aafc-c2edccc19b00

    „Медена земја“ по триумфот на „Санденс“ ќе се прикажува во кината во САД и на „МакеДокс“

    февруари 18, 2019
  • IMG-18a36f61e7533631e78e3c92ba963a30-V

    Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

    февруари 17, 2019
  • EFOC_YEH_A3

    Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    февруари 11, 2019
  • 3 Roma-The-Favourite

    BAFTA 2019: „Рома“ најдобар филм, седум награди за „Миленичка“

    февруари 11, 2019
  • 2 (1)

    Две недели џез во „Бруклински“

    февруари 6, 2019

Тагови

FWSK Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics