• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ИРИНА ТОШЕВА: Водата како извор на инспирација за колекцијата „Енхалон“

Од Ана Несторовска · На март 30, 2015

irina prolet 2015
Инспирирана од  водата како извор на сиот живот и од тоа дека таа, како и модата, никогаш не исчезнува туку само ја менува својата форма, младата дизајнерка Ирина Тошева ја создала својата нова колекција за пролет-лето 2015, наречена „Енхалон“. Името на колекцијата е всушност старото име на Струга, каде што неодамна ја сними промотивната фотосесија за линијата.
-Струга ми е омилено место за одмор, релаксација и задоволство. Сакам да ги пренесам овие чувства и затоа фотосесијата беше снимена таму. Луксузниот хотел „Изгрев“  како совршено место пред своето повторно отворање во април, ширум ги отвори своите врати, а дел од моделите беа фотографирани и на неколку мои драги струшки локации. Токму таму каде што црпам инспирација. Соработував со мојот веќе проверен тим.  Фотографот Миладин Паповиќ и прекрасната манекенка Ивана Гелева (модна агенција „Подиум“). За шминката беше задолжен Виктор Мирчевски, за фризурата Сашка Кузмановска, а креативен директор на проектот е Кристина Манчева. Накитот и часовниците на My:time, очилата за сонце на Panda Optic и чевлите од Chantel одлично ги надополнија моделите-вели Тошева, која ќе ја промовира колекцијата на претстојниот Моден викенд-Скопје, на 4 април во 21 часот во катната гаража „Солунски конгрес“ .

irina toseva1

Фото: Miladin Papovic Photography за Pixel.mk

>> Kако би ја опишала колекцијата во неколку зборови и  дали при нејзиното создавање се водеше од актуелните светски трендови?
-Застапени се сино-бели тонови и разиграни принтови,  интересни кроеви од мек памук и сјаен сатен, кои ќе ја разбрануваат вашата фантазија. Сините тонови и кроевите,  инспирирани од кимоното, се меѓу светските модни трендови за оваа сезона, а облеките се повторно за млади и урбани момчиња и девојки и оние кои така се чувствуваат. Машките модели ќе бидат застапени во поопуштена варијанта од вообичаено.

>> Минатата сезона одушеви со украсите во форма на зебра. Со какви модни додатоци ќе ги надополниш моделите овој пат?
-Новата колекција ќе биде збогатена со  чанти, ранчиња и шапки.

irina prolet 20153

Ирина ја подготвува манекенката Ивана Гелева за фотосесијата снимена во Струга

>>Според бројот на учесници ова е едно од најоскудните изданија на Моден викенд-Скопје. Што мислиш, зошто има толку мал број на домашни дизајнери-учесници овој пат? Дали како редовен учесник ти фали поголема конкуренција и понуда на овој настан?
-Модниот викенд е единствената платформа кај нас за промоција на новите колекции и навистина ми е жал што оваа сезона ќе недостасува разноликост и богата програма.  Дали вината е во малата поддршка од бизнис секторот за спонзорирање на модните дизајнери или големите трошоци при изработката на секоја колекциј,а не би можела да кажам. Почнавме да се движиме напред градејќи некоја модна култура и не смееме да си дозволиме стагнација на модната сцена.

>>Како е замислена твојата ревија овој пат, дали ќе биде збогатена со музика од домашен бенд/изведувач?
-Сакајќи да понудам целосен македонски производ веќе неколку сезони користам музика од наши бендови и изведувачи. Барањето музика ми е еден од омилените делови при подготовките на ревијата. Ме радува што тоа е често поздравувано од гостите на ревијата, а и самите музичари се пресреќни и почестени кога ќе ги исконтактирам.  Традицијата продолжува и оваа сезона, овој пат со музика од The John.

>>По ревијата во Скопје колекцијата ќе ја претставиш и на Модната недела во Љубљана, на 13 април. Какво е сценариото за презентацијата и каде ќе се одржи? Подготвуваш ли креации плус за таму?
- Моден викенд-Скопје од оваа сезона започнува соработка со Модната недела во Љубљана и тамошните организатори ме поканија мене како прв дизајнер од Македонија кој ќе ја претстави својата колекција таму. Вечерта на 13 апри ќе биде посветена на дизајнери од поранешните југословенски простори кои ќе ги прикажат своите најнови колекции, меѓу кои и јас.

irina prolet2

На фотосесијата соработуваше со фотографот Миладин Паповиќ, моделот Ивана Гелева , Виктор Мирчевски-задолжен за шминката , Сашка Кузмановска-фризура, а креативен директор на проектот е Кристина Манчева

>>Ова  второ твое презентирање во Словенија, по промоцијата на Месецот на дизајн во Љубљана минатата есен каде што во соработка со Александра Шекутковска создаде уникатни чанти. Какво е искуството по претходната презентација и какви се очекувањата за оваа?
-Месецот на дизајн беше одлично дружење и можност да се види дизајнот од нашите простори на едно место. Концептот овој пат со Модната недела е сличен и го очекувам со нетрпение. Дел од моите креации се веќе достапни во тамошна концептуална продавница, но по ревијата се надевам ќе имам можност и за повеќе соработки. Од досегашното искуство Словенците се љубители на минимализмот и носливоста, двете клучни нешта во моите дизајни.

>>Редовно соработуваш со други креативци (Александра Шекутковска, Нина Симовска, Design and berries…) и често си застапена во разни кампањи и настани. Какви ти е плановите за оваа пролет, има ли на повидок некоја таква соработка?
-Планови секогаш има еден куп, но времето е кратко. Пролетта покрај колекцијата и ревијалните претставувања е посветена и на матурантките и невестите. Во преговори е и една интересна филантропска кампања, повторно соработка во која ќе вклучам повеќе дизајнери и тимот на „Лице в Лице“, но за тоа, во друга прилика.

>> Миленичка си на блогерите и на твитер заедницата. Во што лежи тајната за освојување на нивните симпатии?
-Нема никаква тајна. Отворен и искрен пристап, природност и приземјеност. Посебно сум среќна што низ годините голем дел од блогерите станаа и мои добри и драги пријатели. Модата знае да поврзе луѓе што слично размислуваат.

irina01

Минатата есен се престави на Месецот на дизајн во Љубљана, каде што во соработка со Александра Шекутковска создаде уникатни чанти

ChantelMy:timePanda OpticЉубљанаВиктор МирчевскиЕнхалонИвана ГелеваИзгревИрина ТошеваКристина МанчеваМиладин ПаповиќМоден викенд-Скопјепролет-лето 2015Сашка КузмановскаСолунски конгрес„Лице в лице“„Подиум“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 интервју

    СИНДИ КАРАЏА: Колекцијата Mystical Dawn на QUEEN Haute Couture содржи префинети, моќни и бајковидни венчаници

  • sanja arsovska (6) интервју

    Магнетик со македонските актерки: САЊА АРСОВСКА – Храбра, динамична и секогаш со став

  • dаrja rizova (13) интервју

    „Магнетик“ со македонските актерки: Запознајте ја Дарја Ризова – искрена, насмеана и непосредна

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Double Tree by Hilton - Skopje 010

    Roof Bar 55 на „Хилтон“ – гастрономско уживање со софистициран панорамски поглед

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • 7f5e1130-1825-4fab-9f3b-b1cec7b3f598_783011_tablet_landscape_large_16_9

    Денеска ги слушаме Hooverphonic

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • crn fustan (5)

    7 идеи за вечерен изглед со црн фустан

    февруари 15, 2019
  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • dajan kiton

    Дајан Китон модна блогерка

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019

Убавина

  • 61Up_for_Everything-matas_1060

    Новата M.A.C. Up For Everything Mascara совршено ги витка и издолжува трепките

    февруари 15, 2019
  • oriflame protiv brcki (3)

    Како за кратко време до блескава кожа без брчки

    февруари 15, 2019
  • vday-fragrance

    Романтични парфеми за неа и за него

    февруари 13, 2019
  • CAMILA COELHO

    MAKE UP TUTORIALS: Шминкерите предлагаат изглед за Свети Валентин

    февруари 11, 2019
  • lucy boynton

    Луси Бојнтон со модерна верзија на шминката од 60-тите

    јануари 29, 2019

Живот

  • 1

    Студиото на Заха Хадид креира вазни за Rosenthal

    февруари 15, 2019
  • Uchenicite vo uchilishteto Nova

    Канадскиот премиер Џастин Трудо се допишува за климатските промени со македонски ученици

    февруари 8, 2019
  • MAR_4366

    Fit Family предизвик – вежбајте и слабејте заедно со познатите во #30dayschallange

    февруари 6, 2019
  • Мастер шефот Марк де Јонг со курс за готвење во „Јавна соба“

    јануари 28, 2019
  • image2

    Huawei го претстави новиот P Smart 2019 на специјален настан во Скопје

    јануари 24, 2019

Култура

  • EFOC_YEH_A3

    Изложба на дела од работилницата “Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    февруари 11, 2019
  • 3 Roma-The-Favourite

    BAFTA 2019: „Рома“ најдобар филм, седум награди за „Миленичка“

    февруари 11, 2019
  • 2 (1)

    Две недели џез во „Бруклински“

    февруари 6, 2019
  • Izlozba_Maja_Andonova_Jokik

    Маја Андонова Јокиќ со изложбата „Обоена љубов“ во НЛБ Галерија

    февруари 6, 2019
  • msu

    Промоција на списанието „Големото стакло“ во Музејот на современата уметност

    февруари 5, 2019

Тагови

FWSK Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics