• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Од Катерина Трајановска · На февруари 27, 2020

mapsy (1)

Ја запознавме пред неколку години како манекенка која делува на домашната сцена, но и оствари успешна меѓународна кариера, сега Јована Нешова застана пред нов професионален предизвик и ни го претстави MAPSY – бренд кој се занимава со создавање на персонализирани постери кои, како вели, раскажуваат приказни за љубов, личности, места и авантури. Во современиот ентериер често гледаме врамени постери со некоја лична порака или мотив, MAPSY сега нуди повеќе идеи со овој концепт за сите заинтересирани на нашиот пазар. Поточно, можете да нарачате постер кој ќе ја овековечи бременоста, мотив со созвездија наредени според некој ваш датум, слика посветена на миленикот, мапа од омилената дестинација, слика на вашиот хороскоспки знак, всушност, сè она што има некое посебно значение за вас и сметатате дека вреди да го гледате секој ден на ѕидот во вашиот дом. Постерите доаѓаат во три димензии, а MAPSY прави достава до вашата адреса.

jovana neshova

Јована Нешова е едно од најпрепознатливите манекенски лица на домашната сцена

Љубовнаа приказна на Јована и една неуспешна потрага на подарок по повод годишнита со својот парнер, ја инспирираа да го лансира MAPSY.

- Идејата дојде кога за мојата 10-годишнина од врска не знаев што да му подарам на својот партнер, сакав да биде нешто поразлично и персонализирано, нешто што нема да се потроши или износи. И тогаш почнав да барам на интернет и наидов на ваков концепт на подароци, кој е многу актуелен во Америка и си реков ова е тоа што го барав.

Што е всушност MAPSY?

-MAPSY е бренд кој креира и дизајнира персонализирани постер слики кои раскажуваат приказни за љубов, личности, места и авантура. Основан уште во 2019 година, но официјално започна со работа и продажба во јануари годинава. За креирање на сликите користиме посебни специјализирани софтвери, а потоа илустративно ги дизајнираме. MAPSY во моментов се состои од 6 колекции (THE BABY, THE DOG, THE MOON, THE PLACE, THE STARS и THE ZODIAC) и секоја колекција си има свои дизајни. Сликите се достапни во 3 димензии: 30х40 см, 50х70 см и 70х100 см. И за истите има 2 опции на купување и нарачување.

mapsy (4)

Кој ги создава/ креира цртежите и пораките?

-Јас, но исто така имам и голема помош и од мојот иден сопруг кој е веќе во сферата на графичкиот дизајн и има големо познавање. Јас по природа сум голем перфекциониста, од секогаш ме привлекувал дизајнот и естетиката и сакам работите кои ги правам да бидат квалитетно сработени и да изгледат убаво за око. Овој бизнис бара пред сè време, идеи, сенс за естетика и познавање на графички дизајн. На овој бизнис се работеше макотрпно и со многу љубов. Колекцијата на MAPSY помина низ долг процес и евалуација, внимателно ги избравме дизајните, ги тестиравме истите за да добиеме краен финален дизајн кој ќе одговара на нашите стандарди за висок квалитет.


View this post on Instagram

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Feb 26, 2020 at 8:27am PST

Што најмногу буди интерес кај клиентите, кои теми и мотиви? И дали се сите постери персонализирани, уникатни?  -Во денешно време станува сè потешко кога треба да се одлучи што треба да се подари за некоја пригода било тоа да е роденден, годишнина, свадба или за новороденче. Сите тие работи кои стандардно се купуваат се на некој начин привремени, па сакав да креирам нешто што ќе трае долго. Клиентите најчесто бираат дизајни за да овековечат принова, годишнина или нечиј роденден и нашата најпродавана персонализирана слика е THE STARS.Секоја слика сама по себе е уникатна и различна и зборува за некоја приказна. mapsy (5) Што е ново на полето на манекенството? Дали продолжуваш понатаму со манекенски ангажмани?  -Мојата интернационална кариера како модел ја завршив оваа година, бидејќи решив да се посветам на нешто друго што ме влече веќе подолго време. Моментално спремам дипломска и ќе бидам дипломиран менаџер по бизнис логистика на Универзитетот ,,Гоце Делчев”, а од април започнувам со академија за графички дизајн во најдобрата академија кај нас во Македонија Brainster . Иако имам добро познавање во сферата на графичкиот дизајн, академијата ја запишав бидејќи сакам да научам нови работи и да се надоградам себеси и да можам да придонесам повеќе за MAPSY.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Jan 29, 2020 at 2:16am PST

 

Колкецијата THE BABY на персонализирани илустраци од бебе во мајчината утроба

 

 

 

View this post on Instagram

 

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Feb 21, 2020 at 1:19am PST

Колекцијата THE DOG е персонализирана илустрација од кучиња, која брои вкупно 95 раси на кучиња. Илустрациите на кучињата се дизајнирани според станардите на расата на кучето (големина и форма)

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Feb 20, 2020 at 3:15pm PST

КолекцијатаTHE MOON е персонализирана постер слика од месечевите мени

 

 

 

View this post on Instagram

 

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Feb 20, 2020 at 3:37pm PST

Колекцијата THE PLACE е персонализирана постер слика од градови кои што се географски достапни

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Jan 29, 2020 at 7:45am PST

Колекцијата THE STARS е персонализирана постер слика од соѕвездијата кој што се точни и прецизни и содржи галактички координати на сите ѕвезди видливи од Земјата со голо око

 

 

 

View this post on Instagram

 

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Feb 20, 2020 at 2:46pm PST

Колекцијата THE ZODIAC е персонализирана постер слика на соѕвездијата на зодијакот

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MAPSY (@themapsy) on Feb 20, 2020 at 3:10pm PST

MAPSYЈована Нешовапостериуредување на домот
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Danilo-and-Sharon-Studio-079

    Манекенката Горјана Кулишевска–Џоја во фантастичен едиторијал за српски Elle

    јуни 5, 2025
  • 1hm

    H&M Studio ни носи смели скулпторски костими за капење во капсулната колекција Pre-Summer 2025

    јуни 3, 2025
  • 1

    Кошули со сино-бели пруги во пролетни комбинации

    јуни 3, 2025
  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • 1

    „YES ФЕСТИВАЛ” се отвора со три промоции на книги за деца и млади

    мај 26, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics