• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЛИЛИ КАДИНСКА: Le Brand со нова визија на естетиката од „Пеколен портокал“

Од Катерина Трајановска · На октомври 20, 2014

10570426_743671125691815_2394504872122187865_n

Битолската дизајнерка Лили Кадинска за својата следна модна колекција си зададе необична задача да ја анализира и аплицира на своите креации иконографијата од еден од најкултните филмови во историјата, „Пеколен портокал“ од Стенли Кјубрик. Резултатот ќе го видиме на 26 октомври, на модната ревија на етикетата на Кадинска, Le Brand , кога ќе биде претставена нејзината колекција за пролет-лето 2015. Дизајнерката изминатиот период успешно ја анимира модната публика во родниот град преку повеќе модни настани, изложба на проектот „Моја инспирација“, предавања и претставување колекции преку перформанс со познати личности од Битола. Ова е навистина за поздравување, бидејќи мода има и треба да има и во другите места, а не само во главниот град. Неодамна имаше презентација на свои креации преку визијата на неколку блогерки, а веќе во недела, во салонот на Ауди-Порше Македонија Лили ќе претстави нова колекција наменета за следната сезона. Ни кажа дека основниот инспиративен бран го поврзува со минимализмот, сценографијата и костимографијата на „Пеколен портокал“, што за неа е една безвременска филмска естетика. Процесот на креирање и создавање на моделите ја однесе до контрастот, суптилната употреба на геометриските елементи чија функција во случајоте главно естетска.

-Користам само четири бои, бела, портокалова, темно виолетова и црна. Доминантна е белата боја, а сите останати се тука за да ја разиграат колекцијата, да го надополнат концептот и да го создадат неопходниот комерцијален момент. Линиите се едноставни, прави и строги, одвреме навреме има по некој карнер, чија задача е да ја разигра колекцијата. Има минималистички конструктивни решенија во однос на кројот, генерално во горниот дел. А големите отвори во однос на шлицови се карактеристични за долните делови. Материјалите се цврсти, како вискоза и памук со мал процент на еластан – ни откри Кадинска за новата колекција.

10726505_774310009294593_370218910_n

Промотивна фотографија за новата колекција на Le Brand што ја изработи Владимир Видановски

Според дизајнерката, Le Brand и овојпат нуди креации кои имаат мултипрактична намена со цел да се испочитува потребата на потрошувачите и клиентите за парче облека кое ќе ја има улогата на мал црн фустан,само што нема да биде црн во случајот.

-Тоа се модели кои може да се носат исполнувајќи ги секојдневните обврски, како работа, попатно кафе со пријателки и вечерно излегување – вели Лили.

Претставувањето на новата колекција е замислено како класична модна ревија, а според неа Моден викенд-Скопје е одлична можност за претствавување на тековните колекции на дизајнерите.

-Очекувањата во однос на мојата колекција се поместени за неколку месеци подоцна, со оглед на тоа дека колекцијата која што ќе ја претставам е наменета за пролет-лето 2015 – вели дизајнерката која одлучи по светските теркови да претставува колекиција за следната, а не за тековната сезона.

1

Уште еден увид во колекцијата што Кадинска ќе ја претстави на 26 октомври

Кадинска неколку пати учествувала на Моден викенд-Скопје, а ќе се ја видиме и на десеттото јубилејно издание на модната манифестација.

-Сметам дека Моден викенд е платформа која вистински помага во промовирањето пред сè на дизајнерите и на она што го работат и го нудат на пазарот. Придонесе во раѓањето на модната сцена, а со тоа и модната публика. Ние сме нација која нема високо ниво на модна свест. Најголема причина за тоа се најверојатно економските прилики во кои живееме. Но, ваквите настани како модни недели, концептуални продавници, сè поголемото присуство на дизајнерите на пазарот, се скалило погоре да и’ се доближи модниот дизајн на публиката со различни профили – ни рече Кадинска.

Изминатиов летен период беше преполн со анганжмани и настани за Кадинска. Како најзначајни го издвојува проектот „Моја инспирација“, а беше задолжена и за изгледот на Ана Василева, водителката на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“.

-Тоа беше еден подолготраен проект со оглед на тоа дека беа осмислени нејзините секојдневни појавувања во сите шест дена колку што траеше фестивалот. Во меѓувреме се случи и еден моден перформанс каде неколку Битолчанки, општествено активни дами ги комбинараа парчињата облека на Le Brandсо парчиња облека од нивниот плакар. Со оглед на тоа дека се покажа како интересен проект кој што пробуди интерес, решив истиот концепт да го применам и во Скопје каде што минатата недела се случи настан со македонски модни блогерки.

kolekcija grunge glamour esen zima vladimir vidanovski

Од колекцијата Grungle Glamour за есен-зима 2014/15 (Фото: Владимир Видановски)

FWSKLe BrandЛили Кадинскамакедонски дизајнериМоден викенд-СкопјеПеколен портокалпролет-лето 2015
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • nike shzk (8)

    VIVA LA REEZICK: Новите патики Air Max Viva и производите на „Шизик на ризик“ го одбележаа денот на Air Max

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • 2

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Фармерки + дамско сако

    април 9, 2021
  • belgraders in belgrade

    Инстаграм профил кој го лови автентичниот уличен стил на Белград

    април 9, 2021
  • 6

    Шик идеи за деловни комбинации погодни за променливото пролетно време

    април 8, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021
  • 1 louis-vuitton

    Louis Vuitton ја откри новата хипнотичка фасада на својот бутик во Токио

    март 29, 2021
  • 1

    Јапанди најпопуларен тренд на уредување на домот

    март 23, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics