• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Маја Кикириткова се враќа на модната сцена со брендот Елеазар, нова колекција и сопствено ателје

Од Катерина Трајановска · На март 18, 2019

MAJA KIKIRITKOVA (6)

Модната дизајнерка Маја Кикириткова Трајковски својата последна колекција ја претстави пред повеќе од пет години, во меѓувреме се посвети на работата во неколку наши модни куќи, на предавањето моден дизајн, како и на приватниот живот и се реализира како мајка на едногодишниот Лазар. Но, во еден момент почувствувала дека е време повторно да креира и сега се враќа на домашната сцена со модниот концепт спакуван во нејзиниот нов бренд Елеазар, свое ателје во центарот на Скопје и нова колекција за пролет–лето 2019, илустрирана преку фотосесијата што можете да ја погледнете на Stylist.mk. Овој камбек на Маја се должи и на нејзиното созревање како креатор на мода, што резултираше со подготвеност за градење градење нова модна приказна. Ја посетивме во нејзиното ателје за да ја погледнеме новата колекција и забележавме мала промена на стилот на дизајнерката, прочистени линии и модерна естетика, облека за урбана, самостојна и динамична жена, колекција во која што се мешаат црната и белата како задолжителни бои во ормарот со трендовските пастелни нијанси.

MAJA KIKIRITKOVA (1)

Направи неколкугодишна пауза од претставувањето сопствени колекции, што ти беше фокус за ова време и што те мотивираше да се вратиш на креирањето?

-Кога се роди син ми Лазар, повторно во мене се роди нешто кое ме мотивираше да продолжам да го градам сопствениот бренд, но овојпат ребрендиран и со поинакво име. Никогаш не престанав да творам, творев на лист хартија, творев за себе, за притали, само јавноста не го следеше сето тоа. Огромната поддршка од сопругот, кој е исто така виновен за ова што се случува денес.

MAJA KIKIRITKOVA (4)

Го претстави својот нов бренд Елеазар, што се крие зад ова ова?

-Елеазар е нов бренд, новото јас, нова енергија и нова креатива. Всушност, Елеазар е еврејско име и е правилната форма на името Лазар. Од Елеазар се изведени неколку имиња, меѓу кои и името на мојот син.

Целиот концепт е сведен на Ready-to-wear колекции и Custom-made дизајни. Колекциите ќе доживеат и своја онлајн продажба, каде што секој ќе може да купи парче од Елеазар. Нормално сите дизајни ќе можат да се видат, пробаат и купат и во моето ателје.

MAJA KIKIRITKOVA (5)

На сцената се враќаш на домашната сцена со колекција за пролет-лето 2019. Што содржи новата колекција и кому е наменета?

-Колекцијата пролет-лето 2019 од Елеазар е олицетворение на денешната жена. Знаеме дека живееме динамичен живот, постојано сме во брзање, излегуваме рано наутро, се враќаме доцна навечер и мораме постојано да изгледаме урбано, убаво, но сетоа тоа да биде и удобно. Токму таква е мојата најнова колекција. Ги споив креативата и удобноста. Природните материјали од кои е изработена колекцијата ја даваат удобноста на самите дизајни. Секое парче од новата колекција на Елеазар може да се комбинира и со патики и со високи потпетици. Самата колекција има фустани, панталони, комбинизонки, здолништа, блузи и мантили. Боите кои преовладуваат се црната и белата како неизбежно парче облека од ормарот на секоја жена, надополнети со пастелните пудресто розова, жолта, тиркизна и резеда. Сите дизајни ги спојува една нишка, акцент од црна тантела.

MAJA KIKIRITKOVA (2)

Дали новата колекција го следи стилот на твоите претходни, или Елеазар значи нешто сосема друго, нова естетика, нова модна приказна?

-Елезар е созреана форма, нешто поинакво, но со печат на Маја Кикириткова, што би значело созреана јас.

Каде може да се најде да се најдат твоите креации?

-Креациите ќе можат да се купат во моето ателје на улица Козара 26 и онлајн на мојот сајт www.majakikiritkova.com

MAJA KIKIRITKOVA (7)

Да, отвори и сопствено ателје…

Атељето се отвори со официјалното лансирање на новата колекција. За самата колекција подготвив и фотосесија, а дизајните на Елеазар можат да се видат и во ателјето. Концептот на самото ателје е мало интимно кретивно катче, каде постојано ќе творам, а секој што сака ќе може да го посети, пред сè да се напие топол чај или кафе, да поразговара со мене и да погледне што тоа се создава внатре.

MAJA KIKIRITKOVA (3)

Фото: Мартин Саровски/ Модел: Горјана (Моделс ин)/ Шминка: Зоран Шурбевски/ Чевли: Марвел

1

2

3

4

5

6

ЕлеазарМаја КикиритковаМаја Кикириткова Трајковскимакедонска модамакедонски дизајнерипролет-лето 2019фотосесија
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics