• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Олгица Ѓоргиева @FWSK: Со колекцијата Touch of my soul се навраќам кон себе и своите корени

Од Ана Несторовска · На октомври 26, 2016

olgica-gjorgieva-ss16-3

Откако ги разбуди сите сетила со пролетната колекција Senses, дизајнерката Олгица Ѓоргиева ја продолжува приказната за модно навраќање кон себе, својот стил на креирање и своите корени. Оваа нежна, тивка, но трудољубива креаторка, која со напорна работа го изоде патот до препознатливо име на нашата модна сцена, подготвена е за уште едно себеоткривање, кое ќе значи истовремено и допир до модните вкусови на современата македонска жена. Новата колекција наречена Touch of my soul, наменета за есен-зима 2016/17, ќе ја претстави на 31 октомври во  „Скопје Мериот Хотел“, во рамки на 14-тото издание на Моден викенд Скопје.

-  Како што веќе спомнав и предходната сезона, последниот период комплетно се навраќам кон себе, својот стил на креирање и своите корени. Навистина мислам дека имам квалитетна приказна кои ја започнале моите предци и која би сакала да ја продолжам и на која што би можела да базирам многу мои  сегашни и идни проекти, со оглед на тоа што веќе активно работам повеќе години. Оваа колекција повторно го одликува мојот стил: минималистички израз надополнет со доработки, кои се карактеристични за мене. Вметнувам принтови и техники на доработка што ги користела мојата баба во своите дела што ги создавала. Сето тоа многу суптилно и стилизирано, во една модерна верзија, прилагодена за денешно време.

>>Препознатлива си по романтичните и женствени креации, кои се баланс меѓу класичните кроеви и модените форми. Во каков стил ќе бидат новите креаци и какви парчиња, бои и материјали ќе домининираат?

- Станува збор за елегантна, модерна колекција, во која преовладуваат чистите линии.Се среќаваат црна, бела, црвена  и нијанси на плава боја . Се состои од секојдневни парчиња облека до свечени тоалети. Се она што бараат моите клиенти. Креациите се изработени од свила, кадифе, стилизирани сатени, органтин, тексас и друго.

>>Во секоја нова колекција иако си доследна на својот стил, се предизвикуваш себе си како дизајнер да бидеш нова, свежа и поразлична… По што ќе се разликуваат новите креации од претходните?

- Она што вистински ме води напред во однос на мојата работа, особено во последно време е да си ја задржам својата оригиналност и својот личен печат. Мислам дека со годините успеав да изградам еден стил по кој сум препознатлива и во иднина уште повеќе сакам да го потенцирам тој момент. Новата колекција се доближува до мојата личност, моите корени, продолжување на една традиција.

>> Изминатите неколку сезони го погодиваш вкусот на талентираните, бизнис и модерни жени, кои се во постојано движење. Која е жената на која и се обраќаш со новата линија?

- Се обраќам на личност со чист, софистициран стил, исполнет со креативност на еден суптилен начин.

>>Talent is the new sexy e темата на претстојниот Моден викенд-Скопје. Дали  твојата колекција се надоврзува и поклопува со мотото на ова издание?

- Отсекогаш сум се согласувала дека суштината е вистинската работа во животот… Ако внатре е празно, тоа надвор нема тежина. Талентот е нешто што дефинира одредена личност, талентот е причина за нови достигнувања, нови откритија, одбележување на историски периоди итн.

olgica412

>> Изминатиов период често патуваш. Како професионално се одразуваат овие патувања, можен лие пласман или соработка во странство?

-  Веќе почнав еден проект, поврзан со Германија. Започнав со изработка на луксузни германски носии Дирндл. Ова е проект кој допрва интензивно ќе се развива… Во процедура се уште неколку идеи што можеби ќе ја дефинираат мојата работа во неколку правци.

>>Какви се плановите за новата колекција по ревијата во Скопје?  Што е во твојата агенда до крајот на годината?

- Новата колекција како и секогаш ќе биде достапна во моето студио. До крајот на годината нема уште многу, меѓутоа би сакала да затворам неколку работи и во Новата година да започнам со новите проекти кој ги имам во план. Тековни нарачки и работа со клиенти си продолжуваат да функционираат во моето студио.

>>Кои ангажмани ти го одбележаа периодот меѓу пролетното и есенското издание на Моден викенд?

- Како што спомнав погоре, проектот со германските носии, кој во иднина само ќе ја шири својата приказна, во повеќе правци.

FWSKTouch of my soulесен-зима 2016Моден викенд-СкопјеОлгица ЃеоргиеваревијаСкопје Мериот Хотел
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lili kadinska

    Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

    март 5, 2021
  • 10

    Стилска инспирација за овој март

    март 4, 2021
  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

    март 4, 2021
  • rosica mrsic

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

    март 4, 2021
  • ??????????

    Седум стилски совети за ниски жени

    март 4, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

    февруари 3, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021

Живот

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

    март 3, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021

Култура

  • bistra (2)

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

    март 3, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics