• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Паоло Теренци за страста на магично компонирање луксузни парфеми

Од Катерина Трајановска · На мај 30, 2019

1A

Поминаа повеќе денови и сè уште ги резимирам впечаточите од средбата со Паоло Теренци, италијански креатор на парфеми, кој потпишуваа огромен број на мириси, повеќето за сопствените брендови Tiziana Terenzi и V Canto. И се уште чувствувам некои од мирисните ноти кои ни ги сподели за време на своевидната работилница во парфимеријата „Анабела“ во рамките на хотелот „Мериот“, кога пред мала група вљубеници во парфеми мешаше разни мирисни состојки за да креира сосема нови парфеми. Целиот настан беше интерактивен и тој ни поставуваше разни прашања кои му служеа како одредница во која насока ќе се движат новонастанатите парфеми – со цветни, дрвенести, свежи или ориентални ноти.

Оној микс кој најмногу му се допадна го спакува во убаво стаклено шишенце, како мирисно сведоштво на една неверојатна ноќ во Скопје. На интересен начин не воведе во својот опоен универзум и ми откри дека она што ни го приреди таа вечер ретко го прави, но и ретко кој парфумер креира мириси пред публика. „Јас сум едиствениот креатор на парфеми што прави artistic live tour, нешто уникатно, уметничка импровизација во живо. Ќе креирам нешто што е инспирирано од моето патување во Скопје, од нашиов разговор, од луѓето што ги сретнав. Сè што се случи денов ќе биде слеано во парфемот“, ми откри пред необичната презентација.

2

Паоло е шармантен и непосреден, а вниманието го привлекува неговиот колоритен изглед, миксот на бои и шари во модниот стил, необично завиканите мустаци и шапката. Ни откри дека е фасциниран од убавите жени што овде ги видол, и од одличните вина што ги вкусил за време на престотјот во Скопје.

Тој не ги сака трендовите во парфемскиот свет. Како горд Италијанец вели дека италијанскиот начин на создавање парфеми е многу подобар од францускиот. Не ги дели парфеми на машки и женски, а пример се повеќе негови мирисни производи, како на пример Cas од линијата Tiziana Terenzi  иIrae од еден од неговите брендови  V Canto. Сака кога парфемите се јаки и затоа креира Extrait de Parfum, мириси во кои внесува 50% чист парфем. Колку за споредба, повеќето мириси немаат повеќе од 30% парфем.

4

Но не колоритен само изгледот на Паоло, туку целиот негов живот. Израснал во семејство во кое главниот бизнис е креирањето парфеми и мирисни свеќи. Тој е третата генерација парфумери. Можеби било очигледно дека ќе го наследи бизнисот, но Паоло решил претходно да искуси повеќе различни работи, па така е професионален музичар, па дипломирал право, студирал хемија, физика, математика, го интересира поезија… Кога почнав да му и редам неговите интереси, само ми рече „Најмногу ме интересира животот“. Конечно, некаде помеѓу музиката, правото и хемијата и различните професии, се пронашол ли во светот на мирисите и се смета ли за парфумер?

-Се сметам пред сè за човек, бидејќи ова е дел од мојата професија и од страста. Се обидувам да се развивам како човек, сопруг, татко и тоа ми е многу важно. Но, во однос на професионалниот живот, она што најмногу сакам да го правам е да создавам парфеми. Тоа ме прави исклучително среќен. Моето образование го чувам како еден вид знаење и експертиза. Не правам разлика меѓу мојата музичка експертиза и онаа за парфеми. Знаете, и во музиката и кај парфемите има ноти, акорди, мелодија. А знаењето од полето од математиката и хемијата ми помага во лабораторија, важно ми е да го знам хемискиот процес во создавањето мирис и хемиските реакции што се прават кога ќе се измешаат различни елементи. Среќен сум што го имам сето тоа знаење. Но, морам да признаам правото ми беше грешка. Тоа го сфатив уште на почетокот, знаев дека не сакам да се занимавам со право, бидејќи е многу досадно. Но, си дадов задача да ги завршам студиите, јас сум човек кој не се откажува и многу сум посветен на работите што ќе ги почнам.

6

Значи сепак одлучивте да ѝ се вратите на семејната работа…

-Да, го завршив моето образование и во меѓувреме имав разни интереси, но семејната компанија е дел од мојот живот. Со сестра ми Тицијана пораснавме во компанијата и со семејниот бизнис што го почнал дедо ми и потоа го продолжил татко ми. Живеевме заедно со дедо ми, бидејќи во Италија развиваме цврсти семејни врски и немаме обичај да го разделиме семејството, така што компанијата беше дел од нашето секојдневие. За успесите и проблемите во бизнисот зборувавме за време на ручекот и вечерата, така што никогаш не го напуштив делот со мирисите.

Како всушност се станува креатор на парфеми? Како вие научивте, покрај семејниот бизнис или потребно е да се помине специјална обука? Како се станува, на јазикот на парфемите, „нос“ за мириси?

-Како и во секоја професија треба да поседувате страст и одреден тип на талент. Не можам да бидем спринтер, ако немам талент за брзо трчање. Но, во исто време потребна е обука. Јас ја имав таа среќа дедо ми да биде многу добар мајстор за парфеми, колонски води и свеќи, доста стручен во својата работа, и јас многу научив од него. Уште како мал дедо ме воведе во светот на мирисите, но ми посочи дека треба внимателно да се работи во лабораторија додека се мешаат состојките. Може да биде опасно. Затоа е поребна одредена обука за да се научи хемискиот процес што се случува при соединувањето на состојките. Секако, на успехот во оваа професија влијае и искуството.

1 паоло

Вашата семејна компанија е основана пред 51 година, но во 2014-та заедно со вашата сестра Тицијана одлучивте да ги лансирате сопствените брендови на niche парфеми Tiziana Terenzi, V Canto и Giardino Benessere. Имате ли претстатава колку парфеми успеавте да креираш под овие имиња?

-Нашата компанија е многу комплексна. Зад нас стои компанија стара 51 година и за мене работат повеќе од 200 луѓе. Имаме канцеларија во Лондон, во Рабат, свој бутик во Дубаи. Но, покрај сопствените брендови, дел од нашата компанија се креирањето и продукцијата на парфеми за Acqua di Parma, Gucci, Salvatore Ferragamo, Brioni…

Но, морам да признаам дека во моментов главен фокус на бизнисот се нашите брендови кои се продаваат во 80 земји, во престижни стоковни куќи како Selfridges во Лондон и Barney’s во Њујорк, и секако тука во Скопје, во оваа прекрасна парфимерија „Анабела“.

Инаку во мојата мирисна библиотека имам повеќе од 3.000 состојки и веројатно досеа сум креирап преку 2.000 парфеми. Не се сите лансирани за продажба и не се сите успешни.

46a

Дали вашите производи спаѓаат во категоријата на niche/ artisanal парфеми, оние најлуксузните уметнички дела во парфемскиот бизнис?

-Нашите брендови се artistic со делови на niche. Нo, некогаш мислам дека нашата компанија има две лица, можеме да бидеме силни и на меинстрим пазарот, но еден дел е посветен на artisanal производство, на парфемите од луксузните и лимитирани линии во кои е вточен уметнички израз.

Произведуваме и приватни мирисни линии, таканаречени bespoke парфеми, за познати личности, фудбалери, актери, а едно шише персонализиран парфем може да чини и 100.000 евра. Многу ми е интересен тој дел на креирање на парфем по мерка, и сметам дека bespoke парфемите се иднината во делот на артистички парфеми.

Постојат ли состојки кои ви се омилени и често ги употребувате?

-Сите состојки ми се важни. Во вашата работа не можете да изберете која буква од азбуката ја преферирате, мора да ги користите сите за да пишувате и да комуницирате. Мојата комуникација е испраќање на порака за емоцијата што ја добивам од вибрациите на луѓето , од некое патување или средба. За мене состојките се многу важни, не постои „магична капка“, но има некои комбинации кои ме привлекуваат како праска, круша, маракуја, амбер,  сандалово дрво. Овие мирисни комбинации се препознатливи во моите парфеми. Тие се баш Паоло.

49

Каде сè пронаоѓате инсирација за креирање мириси?

-Првенствено од животот. Потоа патувањата се еден од главниот извор на инспирација. Оттаму главна состојка ми е природата, сè што правиме е природно. Инспирација црпам од оганот и убави музи.

Верувам тешко е да се избере омилен парфем сопствената колекција…

-А тоа не можам да го одговарам. Како да ме прашате кое дете ми е омилено. Сите ги сакам и ги сакам како што на различен начин ги сакам моите деца. Лично ги преферирам дрвенестите ноти и скоро секогаш носам слеоеви од различни мириси.

88

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021
  • mirjana josifoska

    Промоција на колекцијата „Спомен на еден град“ на Мирјана Јосифоска

    јануари 21, 2021
  • 1

    Инаугурациска мода: Пораки за мир и обединување

    јануари 21, 2021
  • ????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Мода и политика – виолетовиот капут на Џил Бајден со силна порака

    јануари 20, 2021
  • 1

    Сестрите Џиџи и Бела Хадид ги обожаваат овие предимензионирани сакоа

    јануари 20, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics