• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 2

Bella – Моден бренд по мерка на современата македонска жена

Од Ана Несторовска · На октомври 7, 2016

bella-esen-zima-2016-8

Сè започнало во 1991 година, во едно мало топло кројачко катче каде што се родила голема љубов кон дизајнирањето облека. Стремежот кон квалитет и посветеноста на работата набргу станале препознатливи, така што паралелено со зголемената побарувачка неколку години подоцна се отворил производствен погон со цел да се задоволат потребите на клиентите. Со неуморно создавање на креации за модерните и деловни жени, Bella, прерасна во еден од најреномираните македонски модни брендови. Еден месец по одбележување на 25-годишнината од самостојноста на Република Македонија, оваа компанија прослави исто толку години постоење. Јубилејот беше одбележан деновиве со ревија и коктел во просториите на „Ивент Центарот 21“ во друштво со своите клиенти, медиуми и соработници. По тој повод разговаравме со директорка на маркетинг и продажба на Bella, Стефаниа Златку.

bella-esen-zima-2016-1

Јубилејот беше одбележан деновиве со ревија и коктел во просториите на „Ивент Центарот 21“ во друштво со своите клиенти, медиуми и соработници.

>>Низ годините, како се менуваше тимот и капацитетите на Bella? Колку продажни места и вработени имате во моментов?
-Започнувајќи од нула, семејството на Bella денес брои над 50 вработени. Почнавме со еден, а моментално располагаме со три продажни салони – ГТЦ, Сити Мол и ТЦ БУЊАКОВЕЦ. Секојдневно работиме на тоа да овозможиме што поголем капацитет на производство со цел да можеме да ја задоволиме побарувачката на македонскиот пазар. Зад етикетите на парчињата на „Бела“ стои дизајнерскиот тим составен од Весна Ендровска и Ана Ендровска, без кои „Бела“ дефинитивно не би била тоа што е денес. Весна Ендровска е таа која ја започнува оваа приказна, а Ана веќе неколку години наназад е гласот на новата генерација. Заедно создаваат нераскинлив тим, а нивната неуморност, желба да ги надминат сопствените очекувања и љубовта кон тоа што го работат се сржта на компанијата.

>>Како би го дефинирале стилот на креациите на „Бела“, и на која таргет група се обраќате?
- „Бела“ е бренд посветен на модерната и деловна жена. Модната индустрија е динамичен феномен во кој актуелноста е еден од главните предизвици. Веруваме дека успехот на „Бела“ се должи на следењето на потребите на своите корисници и креирањето на облека која ги следи светските трендови, но истовремено поседува безвременска вредност. Комбинирајќи врвна мода со бескомпромисен квалитет, Бела создава креации во кои жената ќе се чуствува онака како заслужува – самоуверено, моќно, прекрасно.

bella-25-godini-11

Светлана Црнокрак е заштитно лице на колекцијата за есен-зима 2016

>>Може ли да ни кажете повеќе за новата колекција која ја претставивте деновиве со ревија  и со промотивна фотосесија со Светлана Црнокрак?
-За престојната сезона преовладуваат необични миксови на топли бои со земјени нијанси. Колекцијата ја одбележуваат портокаловата боја на керамидата, црвената боја на розата, богатата виолетова со поднијанси на розева, земјената зелена, прашливата розева и дефинитивно црната боја чие враќање на сцената никогаш не било поактуелно. Додека во однос на кројот едноставноста и чистата линија го прават дизајнот навистина моќен. А внимателно одбраните материјали како што е природната рунска волна, кашмирот, свилата, всикозните штофови ја прават колекцијата ЕСЕН ЗИМА 2016-2017, колекција која секоја жена би посакала да ја поседува.
>>Во средата одбележивте четврт век во „Ивент Центарот 21“. Како се одвиваше настанот?
-Не би можела да бидам објективна во поглед на организацијата – тоа би можеле да го одговорат само гостите. Сепак, самиот факт што присуствуваа толку гости кои ни се драги за нас го прави овој настан навистина посебен и значаен.

bella-jubilejna-zabava-1

Започнале од нула, но денеска семејството на Bella брои над 50 вработени

bella-jubilejna-zabava-5
bella-jubilejna-zabava-2

bella-esen-zima-2016-3

bella-esen-zima-2016-5

bella-25-godini-18

bella-25-godini-14

bella-25-godini-10

bella-25-godini-9

bella-25-godini-6

bella-25-godini-8

bella-25-godini-5

 

bella-25-godini-2

bella-25-godini-4

bella-25-godini-3

bella-25-godini-7

bella-25-godini-15

bella-25-godini-16

bella-25-godini-17

bella-25-godini-19

bella-25-godini-1

bella-25-godini-13

bella-25-godini-12

25-годишнинаBellaјубилејАна ЕндровскабелаВесна ЕндровскаИвент Центар 21интервјуСтефаниа Златку
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

2 Коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Добро расположение, младешка енергија и мода во јаки бои кај Bershka

    април 21, 2021
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Како да комбинирате панталони и фармерки со должина над глужд

    април 21, 2021
  • 1

    Пролетна машка мода во песочни тонови

    април 21, 2021
  • green bag

    Зелената омилена боја за чанта пролетва

    април 21, 2021
  • 3

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Повторно популарни хеланките со ленти од 80-тите

    април 21, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • msu

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во МСУ

    април 19, 2021
  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics