• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

РОСИЦА МРШИЌ: Спој на арт деко модернизам со сензуалноста од делата на Тамара де Лемпицка

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На октомври 22, 2014

Taa e исклучително талентирана, автентична и уникатна во својот дизајнерски ракопис, но и прецизна и исполнителна во својата работа. Студиозно градејќи го својот бренд кој ја полни својата шеста година, нејзиниот дизајнерски израз е развивање на една приказна која трае, раскажана преку колекции кои се надоврзуваат една на друга. Уметноста, архитектурата и графиката се постојано тло на инспирација за создавање на новите модни колекции на Росица Мршиќ. Едната дава слика, бои и израз, додека другата се линии и форма. За сезоната есен-зима 2014/2015, таа создаде колекција за жената облечена во шарите на модернизмот од  арт деко стилот и со сензуалност на делата на Тамара де Лемпицка.

-Немам обичај да ги именувам колекциите, вообичаено користам само работни наслови. За мене насловот на една колекција зборува многу малку во однос на комплексноста што треба секоја колекција да ја носи сама за себе – изјави Росица за името на колекцијата.

ROSICA MRSIK

Нејзина постојана цел е создавање посебна, нослива, урбана, нетрендовски настроена, комфорна и женствена, геометриски прецизна облека произведена во мал број и за клиенти кои умеат да ја доживеат. При тоа таа го следи сопствениот инстинкт и поставува свои сопствени рамки, но и предизвици кои ja одржуваат љубопитна низ целиот процес на развивање на секоја колекција. Toa резултира со  непогрешливо градење на свој сопствен и независен стил со препознатлив дизајнерски печат кој е препознаен од жените кои тежнеат да се измолкнат од просечното.

-Моделите од колекцијата за наредната сезона се засноваат на силуета која е чиста и волуменозна, сензуална во контраст со детали од графички линии и аглести форми, прикажувајќи нови пропорции и конструктивни решенија. Атмосферата е доловена преку различни парчиња од облека потребни за оваа сезона: мантили и палта, панталони, здолништа и фустани, кошули и блузи, кои говорат со јазикот на практичноста – носливи од утро до вечер, а како и во сите претходни колекции, носат јасен дизајнерски печат. Креациите се рафинирани и женствени, со доза авангардност, за индивидуални жени. Текстилните материјали се природни, топли и меки наспроти материјали кои овозможуваат обликување на форма, а и боите носат контраст – силни наспроти темни – ја објаснува таа својата најнова творба.

Колекција пролет-лето 2014

Секоја нова колекција на Росица е ново визуелно доживување за кое таа секогаш изнаоѓа необичен и креативен начин да ја презентира идејата. Секогаш се тоа некаков вид на перформанси, па нејзината публика со нетрпение како и сега ја очекува новата презентација која е најавена за 31 октомври во склоп на Моден викенд-Скопје.

-Кореографијата и музиката секогаш ја избирам со внимание во согласност со носечката тема на колекцијата. За најновото издание на Моден викенд подготвувам новина во начинот на презентирање на колекцијата во однос на претходните.

Моделите од колекцијата се наменети за продажба и можат да се набават во студиото на Росица Мршиќ, во бутикот „Виа“, и концептуалната продавница Lotus Design Store „Скопје сити мол“. Делови од колекцијата ќе бидат промовирани и понудени на сопствената интернет продавницата, како и во концептуални продавници надвор од Македонија. За неа промоцијата и пласирањето на секоја колекција игра најважна улога во работењето, по завршувањето на креативниот инпут во создавањето на истата.

Колекција есен-зима 2013-14

Во меѓупросторот на создавање на две колекции таа е исклучително активна и ангажирана.

-Ја реализиравме соработката со „Авон“ за која бев ангажирана како моден советник и траеше шест месеци во рамки на која беа организирани неколку претставувања на моите две последни колекции. Имав и претставување на Српската модна недела во Нови Сад со последната колекција. Бев посветена на разработување на е-продавницата што ја отворив на крајот на минатата година и за што има се уште активности што треба да се преземаат. Посебно задоволство ми претставува што добив неколку покани да бидам дел од важни интернационални дизајнерски платформи, а на дел од нив веќе и се продаваат парчињата на Росица Мршиќ.

Колекција есен-зима 2013-14

Taa редовно ги претставува своите сезонски колекции на полугодишните изданија на Моден викенд-Скопје како најзначаен домашен моден настан.

-Моден викенд–Скопје стана носечки моден настан во Македонија. Неговото значење е што постави место каде учесниците на македонската модна сцена покажуваат сезонски колекции а публиката се запознава и се приближува до резултатите на нивната работа. На тој начин се поставија одредени очекувања што сите ученици настојуваат да ги исполнат, а тоа влијае на подигнување на квалитетот на создавање модни колекции.

FWSKесен-зима 2014/15македонски дизјанериМоден викенд-СкопјеРосица Мршиќ
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021
  • 5

    Сината кошула модна класика што ќе ја носиме и оваа пролет

    април 14, 2021
  • lady-gaga-met-gala-2019-red-carpet

    Мет Гала годинава ќе се одржи, но не во првиот понеделник во мај

    април 13, 2021
  • 1

    Scotch & Soda носи смел став кон секојдневното облекување

    април 13, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics