• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Александра Атанасовска (MORPHO): Современа трансформација на филигранската пеперутка

Од Ана Несторовска · На септември 22, 2017

morpho

Нежната, полетна и магична појава  на сината „морфо“ пеперутка, која важи за една од најубавите креации на природата, многу често се јавува како инспирација во уметноста, науката, дизајнот, модата… Одушевена од нејзината совршената форма и впечатливa сина боја, 23-годишната апсолвентка на Архитектонскиот факултет во Скопје, Александра Атанасовска, решила да ја овековечи во своите први дизајни по завршување на курсот по филигран.  Оваа инспирација прераснала во артистичко и стилско  поистоветување со моќта на трансформација на оваа пеперутка, по која и го нарекла својот бренд за современ филигран MORPHO.

-Целата идеја и концепт на MORPHO започна пред точно една година. Набрзо по завршувањето на курсот почнав да размислувам за остварување на сопствен бренд кој ќе претставува одраз и експресија на мојата креативност. MORPHO претставува еден поинаков начин на себеизразување во чија основа е традиционалната филигранска изработка покажана во една нова димензија. Современото е во допир со традицијата, но  во одреден момент се издигнува над неа. Клучната инспирација за името- Сината Морфо пеперутка, е препознатлива по нејзините нијанси на сино и металик, бои кои не се одраз на пигментација туку преставуваат оптички феномен. Оваа карактеристика овозможува произведените бои да се менуваат  во допир со светлината и зависат од аголот на гледање. Токму првиот дизајн за прстен кој ме поттикна да се вљубам во филигранството беше инспириран од Blue Morpho пеперутката. Заедничкото својство помеѓу Morpho пеперутките и MORPHO филигранот е уникатноста и специфичноста на секоја пеперутка, односно секое парче накит-вели Александра.

Aleksandra morpho

Зад брендот стои 23-годишната архитектка Александра Атанасовска

Потрагата по креативни начини на изразување кај нејзе се појавува уште во раните години. Почнувајќи со цртежи, графика, продолжувајќи со бои и сликарство, студиите на Архитектонскиот факултет, и тука некаде се појавува новата нишка, дизајнирање накит, каде финален производ е мало, уникатно, магично парче уметност. Курсот за филигран го посетувала пролетта 2016 година, и по неговото завршување продолжи самостојно да работи.

- Дизајнирањето накит е одраз на мојата љубов кон уметноста. Самиот процес на преточување на една идеја во готов производ е предизвик, а како дополнител мотив претставува задоволството на личностите за кои тоа парче накит е наменето. Најчесто изработувам обетки, ланчиња и брошеви, но сепак најголем предизвик ми претставува пронаоѓањето на нови форми и необични облици на прстени. Ги користам техниките на традиционалниот македонски филигран вметнувајќи современ дизајн. Среброто како материјал овозможува експериментирање со најразлични облици, без ограничување. Дизајнерскиот процес започнува во моментот на лична инспирација, каде изразот на една идеја во цртеж постепено прераснува во уникатно уметничко дело-вели таа.

morpho jewelry (8)

MORPHO накитот е инспиран од природата и формите кои  можат да се прочитаат од неа.  Секое парче носи своја приказна и е изработено со многу љубов и внимание. За Александра дизајнирањето накит претставува израз на креативност и страст каде секој дизајн пренесува различна енергија и покажува различна емоција.

- Мојот накит најчести  го избираат девојки и жени на возраст над 20 години. Особено ме радува фактот што се повеќе млади девојки се заинтересирани за филигрански накит, што всушност ја претставува главната цел на MORPHO. Преку нови и невообичаени дизајни да се задржи и да се негува традиционалниот занает-вели таа.

morpho jewelry (4)

Годинава накиот го престави на неколку модни и уметнички настани како : второто издание на Fashion and Lifestyle Expo во МОБ, на пролетното издание на Моден викенд-Скопје  во салонот на Porsche Macedonia. Со новата Spring колекција се претставина Paratissima во просториите на Младинскиот културен центар.

- Во моментов со целата енергија сум посветена на дизајните за новата колекција која е во план да биде презентирана на првиот роденден на MORPHO, следниот месец на 14ти октомври. Ќе биде организирана мала коктел забава каде секој ќе може да ја погледне новата изложена колекција. Повеќе информации ќе бидат презентирани на Facebook страната штом организацијата стигне до своите финални фази. Во иднина се надевам дека MORPHO ќе се развие во квалитетен бренд кој ќе продолжи да ја негува  македонската филигранската традиција и ќе ја промовира и пошироко од нашата земја-вели таа на крајот.

morpho Beautiful mess (1)

Поглед кон агол од работилницата на Александра

Aleksandra morpho1

Сината „морфо“ пеперутка е инспирација за дизајните и името на брендот

morpho jewelry (2)
morpho jewelry (1)
morpho jewelry (7)
morpho jewelry (6)
morpho jewelry (3)
morpho jewelry (5)

 

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

Fashion and Lifestyle ExpoMORPHOMorpho JewelryParatissimaАлександра Атанасовскамакедонска модамакедонски дизајнмакедонски дизајнери на филигранмакедонски филигранМоден викенд-Скопјенакитпеперуткапрстенирачна изработкаСина морфо пеперуткасовремен филигрансреброфилигран
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1rosica

    Vivid Echoes: Новата колекција на Росица Мршиќ ја позиционира модата на пресекот меѓу уметноста, архитектурата и одржливиот дизајн

    март 9, 2026
  • ??????????????????????????

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    март 9, 2026
  • 1 8martovski bazar

    Осмомартовски базар под слоганот „За таа што ти е сè“ во Скопје сити мол

    март 3, 2026
  • sienna

    Посетете го Осмомартовскиот базар во ГТЦ и изберете подарок со душа

    март 3, 2026
  • ??????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

    Македонија домаќин на меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“

    март 3, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026
  • 1hugel

    Светски познатиот DJ Hugel следниот месец во Скопје

    февруари 16, 2026
  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics