• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

АЛЕКСАНДРА ШЕКУТКОВСКА: The URB CLV е урбана платформа за дизајн и архитектура

Од Ана Несторовска · На октомври 6, 2014

Aleksandra Shekutkovska (10)

Согледувајќи ја потребата од платформа со која ќе почне истражувања во областа на урбаниот дизајн, младата, но веќе етаблирана архитектка и креаторка на модни додатоци, Александра Шекутковска неодамна го создаде колективот Тhe URB CLV, стациониран во Скопје. Урбаниот дизајн е, по дефиниција, колаборативниот и мулти-дисциплинарниот процес на формирање на физичкиот контекст за живот во градовите, односно уметноста на правење места, дизајн во урбан контекст. Во фокусот на тимот се архитектурата и дизајнот. Досега се претставија на настанот Мотивациски викенд, а со капсулна колекција ќе се презентираат и на Месецот на дизајн во Љубљана.  Називот The URB CLV е всушност  кратенка од името Urban Collective.
-Основната идеја беше прилично едноставна, името да го нагласи значењето на колективот-групата при развивањето на идеи, искуства и проекти. Се сеќавам кога пред неколку месеци, Андреа Палаззо, графичкaта дизајнерка која го изработи целосниот бренд идентитет,  ја „скрои” кратенката на името и успеа во логото, концептот за сајтот и целосното симболизирање да го долови урбаното. Заедно со Андреа честопати уште пред се да биде во реализирана форма, работевме на организацијата и визуелниот изглед.

Aleksandra Shekutkovska (2)

>>Кој го сочинува  тимот на The URB CLV икако се распределени задачите?
- Клучни зборови коишто го опишуваат тимот се организација, слобода, квалитет наспроти квантитет и уникатна лична приказна. Во моментов соработувам со: Викторија Богданова магистрирана архитектка, исклучителна писателка и просторна-мечтателка е дел од нашиот тим соработници за конкурси заедно со Јоана Стојчевска, која е талентиран студент на Архитектонскиот факултет. Архитектот Јордан Тасевски е долгогодишен соработник, со кој мислам дека можеме да се преклопиме во концептите, идеите и цртежите. Андреа Палаззо е творецот на целосниот визуелен идентитет и главен советник за сите аспекти поврзани со графичкиот дизајн. Во однос на тимот, големо значење пред сè е дадено на квалитетот на реализираните проекти и на соработниците како личности. Консталацијата на тимовите засега се менува во зависност од тековните проекти.

>>Иако ти си одновач, велиш дека не планираш да бидеш во преден план за сите проекти. Една од идеите ти е да ги поттикнеш младите креативци да создаваат уникати…. Како функционирате?
-Работиме на развитокот на неформално учење преку конкурси, мини проекти и мини дизајн колекции. Како основач јас се обидувам да ја обезбедам „инфраструктурата”, планирањето на проектот, составувањето на тим и неговата реализација. Се разбира и онаа, „неформалната инфраструктура” – да се потикнат младите на размислување, акција и реализација на идеи надвор од рамката. Во ваков контекст како нашето истражувачко студио мислам дека најмногу учиме еден од друг, функционираме на принципот приклучок – и приклучок +, некогаш води поединецот со идејата, некогаш целосниот тим.

Aleksandra Shekutkovska (1)

>>Покрај колективот направи и сајт. Со какви содржини го полните и кои ви се плановите за развивање?
-Сајтот засега направи пресек-портфолио на сите проекти коишто се изработени во текот на последните три години. Неговата организација даде почетна рамка за типот на проекти-архитектура, дизајн, урбан дизајн, публикации, работилници и блог. До крајот на годината ќе работиме на поставување на дополнителни две страници: едната која ќе има кратки информации во однос на одреден аспект на градот и уште една рубрика во која ќе можат да се најдат светските огласи за конференции, конкурси, фондови, проекти за урбан дизајн. Ваквите содржини и нивниот развиток во иднина мислам дека ќе го аргументираат нашиот концепт да создадеме платформа наспроти портфолио.

>>Ти си дипломиран архитект, со повеќегодишно искуство во изработка на накит и модни додатоци. Своето школување го продолжи и на специјализација во Швајцарија…Колку  и како своите досегашни искуства ги имплементираш во The URB CLV, колку се тие „виновни“ за развивање на колективот?
-По завршувањето на моето школување во Швајцарија постојано бев во ситуација да сум во потрага на простор за споделување на моето искуство, квалификации и знаење. Ми беше тешко да прифатам дека може при толку голема желба да се сподели несебично и непрофитабилно сопственото искуство да постои толкав отпор од локалниот контекст. The URB CLV за мене претставува слободен простор за реализирање на мали проекти, почеток на платформа на којашто веројатно ќе и се менува улогата,  доколку сега ја исполува целата моја енергија, можеби за некое време ќе тече паралелно со некој друг професионален ангажман. Ми беше важно да ја поставам рамката, да продолжам да работам и да верувам во сопствените способности, но и во способноста да се развие идејата и креативноста кај другите млади луѓе.

Aleksandra Shekutkovska (3)

>>Што сработивте досега како тим, и кои се плановите за догледна иднина, колкави ви се амбициите и дали се врзани само за Македонија?
-Во последниов период работевме на изработката на архитектонско-урбанистички конкурси за Езерце, Скопје и плоштадот Пловдив, Бугарија. Езерце доби откуп од страна на Општина Центар, што за нас претставуваше една мини револуција со оглед дека решението беше прилично минимално. На почетокот на годинава имавме можност да соработуваме со Архитектонското студио ЛЕЛЕЛЕЛЕ на нивниот архитектонско-урбанистички проект за уредување на плажи на Преспанското Езеро кој ќе се реализира во текот на наредната година. На темата дизајн, колекцијата The URB CLV претставува почеток на истражување за дизајн продукти кои може да скицираат простор. До крајот на годината се планирани дополнувања на сајтот, започнување на соработка со Wonderland -европската платформа за архитектура и комплетирањето на неколку тековни архитектонски проекти и истражувања. Мислам дека во времето во кое живееме контекстот е светот, не мислам дека постои пречка да се размислува поинаку.

>> Неодамна бевте дел од настанот Мотивациски викенд.  Како помина презентацијата и каков е интересот за The URB CLV ?
-Желбата да се направи настан којшто ќе даде прилика за таква размена на енергија срдечно ја поздравувам. Тоа беше првиот јавен говор и презентација за The URB CLV, заедно со кадри од „Соништа“ на Куросава, Incomplete manifesto for growth- Bruce Mau и неколку искрени искуства од мојата животна приказна. Најголемата награда за мене од тој настан беше кога студентите по архитектура изразија желба за соработка. Тоа и помислата дека можеби барем еден човек во публиката со концептот за The URB CLV сум го инспирирала да размислува поинаку. Би сакала да најавам дека за две недели добивме покана да се претставиме и на мотивацискиот викенд во Охрид ( 18-19 октомври ).

Aleksandra Shekutkovska (5)

>> Своето прво поголемо претставување ќе го имате на престојниот Месец на дизјан во Љубљана. Со какви дизајни ќе учествувате и со кого соработуваше на истите?
-Месецот на дизајн во Љубљана ми се вкрсти со желбата да изработам колекција за просторни истражувачи. Тоа звучи многу комплицирано, затоа ќе се обидам да поедноставам. Сфатив дека некои навики на почетокот на секој проект ни се уникатни, но некои се и повторливи. Фасцинирана од дијаграмите како прочистена форма на идеите, сакав да направам кутии кои во себе ќе содржат направи-сам идеи и кои ќе потикнуваат интеракција со продуктот, забавување и љубопитство. Сакав да направам нешто кое ќе биде убаво, но и толку многу забавно. Целата приказна се заокружи со талентираната модна дизајнерка Ирина Тошева која на мое задоволство ја прифати поканата да направи дизајн за чанта. Креацијата на Ирина убаво се вклопи и им даде дополнување на другите дизајни, без да го наруши карактерот на колекцијата, а истовремено да го носи нејзиниот препознатлив печат. Соработката со Ирина за мене беше едно пријатно професионално искуство, брзо се разбравме во однос на тоа што сакаме да го направиме. Се надевам дека и во иднина ќе соработуваме, во исчекување сум на нејзината колекција за оваа сезона.

Aleksandra Shekutkovska (4)

>> Дали креациите создаваат една целина и каква приказна имаше на ум кога го разви?
-Колекцијата содржи една дрвена кутија со дрвени елементи за правење просторни колажи, една кутија од плексиглас со шаблони, пакетче со архитектонски шаблони за графити, дрвена папка со листови за скицирање и ташна со скриена шарена приказна-односно торбата на просторниот истражувач . Целната група се архитекти, дизајнери, илустратори, уметници, личности кои сакаат да ги развиваат сопствените креативни способности. Би рекла дека засега се Целина бр. 1 со можност да добијат Целина бр. 2 до крајот на годината.  Тие ја носат приказната за љубовта на создавањето, проткаено и дополнето со интеракцијата човек-продукт-убавина во секое од нив.

Aleksandra Shekutkovska (6)
Aleksandra Shekutkovska (9)
Aleksandra Shekutkovska (8)
Aleksandra Shekutkovska (7)

aleksandra so nagradata za stylistmk

Александра со статуетката што ја изработи за Наградите на Stylist.mk

The URB CLVЈоана СтојчевскаЈордан ТасевскиЉубљанаАлександра ШекутковскаАндреа ПалаззоАрхитектонски факултетархитектонско студиоархитектураВикторија БогдановадизајнИрина ТошевакреативциЛЕЛЕЛЕЛЕмакедонски дизајнери на накитмодни додатоциМотивациски викенднакитОхридплексиглассајтСкопјестудентиурбан дизајнчантаШвајцарија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics