• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 1

АЛМИР МИЛИ @FWSK: Ново модно разоткривање на митот за русалките

Од Ана Несторовска · На март 20, 2014


Убава, бела, нежна, невина и навидум безопасна жена. Облечена во долг и бел фустан со цветни венци на главата. Живее покрај чисти и бистри шумски води. Таа е млада невеста, девица. Таа е русалка! – Со овие зборови младиот моден талент, Алмир Мили  ја почнува приказната за својата мини-колекција, што ќе ја претстави на престојниот Моден викенд-Скопје. Линијата е инспирирана од старословенските митолошки суштества русалки, што преставуваат жени-нимфи и самовили.
-Се верува дека русалките краделе деца, новороденчиња и ги убивале. Нивен плен биле и мажите исто така, кои завршувале удавени во нивните води… Периодот по полноќ е утрото на русалките. Тие се будат и нежно излегуваат од длабичините на чистите шумски води. И веднаш започнува нивната игра. Неколку девојки со долги коси и долги бели фустани фатени за раце пеат и танцуваа околу нивниот плен. Никој не може да оддолее на нивната убавина и песна, а нивниот транс оди дотаму што завршуваат мртви пред нозете на овие преубави девојки. Ќе се обидам старословенската култура и митологија да ја прераскажам на еден нов и софистициран начин. Миксот склопен во оваа колекција претставува модерен изглед за секоја жена – вели Мили.
Колекцијата е изградена врз база на материјали кои изгледаат природно, но во суштина се вештачки добиени како микс на природни материјали, како што се францускиот тул, бел штоф, свилен жоржет… Формите и кроевите се базични, женствени силуети надополнети со нагласени форми на капути и макси здолништа.

Младиот дизајнер колекцијата „Русалка“ ја опишува како висока мода.
-Моделите се наменети за жени кои имаат храброст да се соочат со нивните имагинации, жени кои се издвојуваат од толпата, жени кои не се плашат од околината, жени кои имаат отворени погледи кон сексуалноста и кои се гордеат со своето тело. Никогаш не ги следам модните трендови, затоа што инсистирам да го изградам карактерот на една жена, а потоа да го надополнам со тренд – вели тој.
Креациите ќе бидат претставени на групна ревија, со уште двајца млади креатори, Виктор Цветановски и Ана Камчева, кои победија на проектот ПОП! Мода во Американската амбасада. Но секој се претставува со посебна колекција независна од другите.
-Сите тројца добивме можност да ги  истакнеме максимално своите  креативност и талент. Јас подготвувам моден перформанс, односно еден мал театар, кој можеби многумина ќе шокира, или пак ќе постави нови начини на презентација на колекција. Проектот ќе биде исполнет со наменска сценографија, музика и слично. Но, претпочитам да оставам да погледнете… По ова колекцијата ќе биде достапна за секој кој ќе посака да ја почувствува на своја кожа! Парчињата облека нема да се продаваат, но ќе може да се изнајмуваат за одредени настани, сценски настапи и слично. Таа е дел од мојот магичен свет кој сам си го создадив и паралелно живеам во него.

Мили во моментов работи како главен дизајнер за американскиот спортски бренд Di Biaggio New York, со што му се отвораат многу шанси за во иднина, меѓу кои и можно учество на Модната недела во Њујорк.
-Секогаш е убаво кога на млади и талентирани луѓе им се пружи можност да ја истакнат нивната креативност, а воедно и да стапат на модната сцена како освежување на дотогашната модна сцена. Јас веќе имам многу проекти зад себе поврзани со Модниот викенд како и други телевизиски и сценски проекти.
Од почетокот на своите студии Алмир работеше и е дел од модната сцена. Тој е моден и графички дизајнер, но во меѓувреме работи и како моден советник како и моден илустратор. За свои најголеми професионални успеси ги смета неколкуте учества на модниот викенд, „Македонскиот Идол“, соработката како моден илустратор за српското и словенечкото издание на ELLE и други.

Доби награда на еден од изборите во рамките на Модниот викенд-Скопје со поддршка на „Пелистерка“, а и ова учество е своевидна награда за победата на ПОП! Мода во Американската амбасада. Сè уште нема свое ателје, но наскоро планира да направи онлајн ателје како и свое лично катче каде што ќе ја „истури“ својата креативност и енергија.
-Мојата модна приказна почнува од најраното детство. Моите први цртежи биле  поврзани со мода. Во текот на студиите првпат стапнав на модната сцена во рамки на Модниот викенд во соработка со „Пелистерка“, каде што победив на натпревар меѓу млади дизајнери и се здобив со епитет најдобар млад моден дизајнер… При работењето инспирацијата  ја црпам од себе си, од тоа што ме опколува, од митологијата, од приказните… Градејќи се како уметник создадов сопствен магичен свет во кој што живеам паралелно! Моите модни херои се Александар Меквин, Живанши, Диор, Галијано – вели тој на крајот.

ElleElle СрбијаАлмкир МилиАмериканска амбасада во Скопјебел штофмакедонски дизајнеримитологијаМоден викенд-СкопјеПелистеркаПОП! МодаРусалкасвилен жоржетталентфранцускиот тул
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • elena ljutikova интервју

    Екстравагантни креации за смели мажи со потпис на Елена Љутикова

  • ena zafirovska_Foto интервју

    Евгенија Зафировска @FWSK: Модна архитектура во движење инспирирана од Кензо Танге

  • olgica02 интервју

    Олгица Ѓоргиева @FWSK: Модно „читање“ на „Мемоарите на една гејша” во Универзитетската библиотека

1 коментар

  • Maria вели: март 20, 2014 на 14:50

    Proud of you !

    Одговори
  • Остави одговор Откажи одговор

    ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

    Калеидоскоп

    • CELIA COLLECTION

      Росица Мршиќ на модно шоу ќе ја претстави новата колекција Celia

    Модна азбука

    • КАФТАН-долга горна облека без крој

      април 28, 2016

    Видео

    • Linea fotosesija 11

      Како се снимаше фотосесијата на „Линеа“, Windmillshop и „Фабрика 13“

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Follow @stylistmkd
    Follow on Instagram
    Follow on rss

    НАЈНОВИ ОБЈАВИ

    • Kariera Plus 4 rodenden (1)

      Роденденската фотосесија на „Кариера плус“

      април 21, 2018
    • 2 pastelni kostimi

      Костимите во пастелни бои стилски императив сезонава

      април 20, 2018
    • 0 elie-saab-bridal-wedding-dresses-spring-2019-018

      Венчаници на Ели Саб инспирирани од виенскиот бал

      април 20, 2018
    • Spomenici na Revolucijata - poster

      Споменици на Револуцијата: Патувачка изложба на Марко Кројач

      април 20, 2018
    • rosica-poster

      Ретроспективна изложба на фустани од Росица Мршиќ во Софија

      април 19, 2018

    Убавина

    • Kariera Plus 4 rodenden (1)

      Роденденската фотосесија на „Кариера плус“

      април 21, 2018
    • ???

      Се запознавме со пролетните новитети на Clinique, ама и со брендот Glam Glow

      април 19, 2018
    • little mac (1)

      Симпатични и практични мини M•A•C производи

      април 13, 2018
    • najprodavani proizvodi

      Козметички прозводи кои се продаваат секоја минута (и многу почесто)

      април 11, 2018
    • jennifer-lopez-inglot

      Џенифер Лопез лансира мејкап линија за Inglot

      април 6, 2018

    Живот

    • 1

      Во Skopje City Mall мебел и додатоци за домот со промотивни цени

      април 16, 2018
    • Photo 2

      Зошто протеинскиот леб е подеднакво здрав за сите

      април 13, 2018
    • veligdenski jajca 1

      Идеи за фарбање и украсување на велигденски јајца

      април 6, 2018
    • 1

      Фарбајте велигденски јајца на природен начин

      април 5, 2018
    • fitness hallle berry

      Хали Бери има интензивен тренинг и многу згоден тренер

      април 4, 2018

    Култура

    • Spomenici na Revolucijata - poster

      Споменици на Револуцијата: Патувачка изложба на Марко Кројач

      април 20, 2018
    • 050_A128C003_160811_R1HA

      Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“

      април 19, 2018
    • zvezdeno dete1

      Промоција на книгата „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов

      април 18, 2018
    • knigi

      „30 години читаме со задоволство“ слоган на годинешниот Саем на книгата

      април 17, 2018
    • msu

      Меѓународна изложба „Сè што ни е заедничко“ во Музеј на современата уметност

      април 16, 2018

    Тагови

    H&M Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница пролет-лето 2015 рекламна кампања улична мода
    • Дома
    • Контакт
    • За Stylist.mk
    • Маркетинг

    © 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics