• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

АНТОНИЈА РИСТОВСКА: Елегантни маици со принт кои ја истакнуваат женственоста

Од Ана Несторовска · На ноември 12, 2014

Antonija Ristovska maici  (1)
Одбележувањето на  јубилејот од 20 години постоење на своето ателје, кое почна со ревијата за колекцијата –  Art en Deco одржана пред неколку месеци,  познатата дизајнерка Антонија Ристовска го продолжува со луксузна линија на маици со илустрации. Таа дизајнира елегантни модели со цртежи инспирирани од нејзините последни четири колекции – „Art en Deco, „Инстинкт“, „Еквилибриум“ и „Египтоманија“, а во план се и принтови од другите колекции. Деновиве со тандемот Ани и Дими сними lookbook со маиците, што премиерно го претставуваме на Stylist.mk.
Маиците на фотографиите ги носат манекенките Моника Алексовска и Ангела Ѓоргиева од агенцијата „Подиум“. За шминката се погрижи Магдалена Медичи, а фризурите ги направија во фризерското студио „Би Ју“.
-Преку фотосесијата е пренесена порака за елегантен изглед со едноставна дизајнирана маица. Ги комбинирав со здолништа и пантолони од колекции, а секако сите се носливи по слободен избор и со фармерки-вели Ристовска.

Antonija Ristovska maici  (3)

Маица со илустрација од колекцијата Art en Deco, Фото: Ани и Дими

>>Станува збор за Вашата прва колекција со маици со принт. Колква број на принтови се застапени и со какви бои, форми и материјали се моделите?
-За почеток подготвив 10 различни дизајни кои ги имаме печатено на пет различни бои на маици. Моделот е со елипсоиден женствен израз на вратот, со што се истакнува најженствениот дел, благо ја следат фигурата и се со три-четвртни ракави. Од боите застапени се шампањ, капучино, гулаб сива, црна и темнозелена. Материјалот е внимателно одбран, има високо квалитетна вискоза со еластин, а на допир е мек и пријатен за носење. Повеќето од дизајните се надополнети со рачно доработени апликации од свила, тантела и мониста, со што се добива 3Д-ефект.

Antonija Ristovska maici  (4)

Линијата маици ја почна со илустрација од ланската колекција „Инстинкт“ Фото: Ани и Дими

>>Линијата маици ја најавивте со принтови од колекцијата „Инстикт“. Зошто им се навраќате на овие мотиви и цртежи и од какво значење е за Вас оваа линија?
-Особено ми е драга таа колекција, посебно моделот инспириран од шишето на парфемот „Авон Инстинкт“. Тоа е и првиот пробен цртеж кој го испринтавме и кој премиерно го промовирав на националната конференција на „Авон“ во септември. Но како што напоменав претходно, десетте дизајни се инспирирани од четирите последни колекции.

Antonija Ristovska maici  (6)

Мотив од линијата „Египтоманија“ се најде на маици во две бои: темнозелена и бела Фото: Ани и Дими

>>Повеќе од една година сте консултант за убавина и мода на  „Авон Македонија“. Како тече оваа соработка и колку си задоволна од истата?
-Компанијата „Авон Македонија“ е сериозна компанија која ја запознав преку нивниот тим, особено преку комуникацијата со г-ѓа Роза Плазибат. Таа е вистински професионалец, а во исто време и креативец и целата соработка тече многу спонтано, исполнително и на обострано задоволство.Во брошурите на „Авон“ сум моден дизајнер и советник за убавина. И во моментов во тековната брошура можат да се  прочитаат моите препораки за комбинирање на модните додатоци. Инаку соработката се одвива на повеќе нивоа. Инспирирана од парфемот „Авон Инстинкт“ ја создадов и истоимената колекција, која беше надополнета со накит од „Авон“. Таа колекција за мене има посебна сентиментална вредност. Колекцијата понатаму како видео-материјал е споделена и во седиштето на „Авон“ во Њујорк. На националните конференции презентирав креации кои исто така ги комбинирав со накит и чанти од „Авон“.

Antonija Ristovska maici  (8)

Женственоста од „Еквилибриум“ ја преслика и на новите маици Фото: Ани и Дими

>>За време на Моден викенд-Скопје, но и на други јавни настани оваа сезона со Роза Плазибат се појавивте со маиците комбинирани во елегатна варијатна. Каква Ви беше замислата при создавањето на истите, во какви комбинации да се носат блузите?
- Бидејќи нашите појавувања со маичките беа од посвечен карактер, ги комбиниравме со здолништа со должина од под колена до долги здолништа. Токму таа елегантната варијанта е и првичната замисла за комбинирање на маиците, но сепак изборот ќе биде на тие кои ќе ги носат, па така може да се комбинираат со фармерки, може како блуза под палто, може со џемпер. А пак со комбинирање со долго здолниште или посвечени панталони, може да се носи и на посвечени настани, со што се добива свечена комбинација со кежуал момент. Истите можат да се надополнат со нараквици бидејќи тричетвртниот ракав го дозволува тоа, како и кратки ѓердани за добивање на поелегантен изглед.

Antonija Ristovska maici  (2)

Моделот Ангела Ѓоргиева во вечерна варијатна комбинирана со една од новите маици на Ристовска Фото: Ани и Дими

>>Каде ќеможе да се набават маиците, и по каква цена?
-Маиците се достапни во моето ателје, а наскоро ќе може да се купат и на мојата онлајн продавница,  која е во подготовка. Цената е 2.200 денари.

Antonija Ristovska maici  7

Манекенката Моника Алексовска преставува елегантна бизнис-комбинација со маица со принт Фото: Ани и Дими

>>Го изработувате својот сајт за онлај продажба на креациите,  кој би требало да биде пуштен до крајот на годината. Како е замислена работата на истиот?
- Ова е еден чекор на проширување на работата на ателјето. Имаме клиенти кои се од Македонија како и надвор од земјата, а на овој начин ќе бидеме достапни до сите заинтересирани со работно време  24/7. Со нарачките по мерка и понатаму ќе функционираме на истиот начин како до сега. Во Македонија ќе имаме бесплатна достава, а за надвор ќе зависи од дестинацијата. Секако, очекувам да имаме продажба, нудиме добри кроеви, работиме со квалитетни материјали и врвна изработка. Онлајн продажбата е во функција на модерното и динамично време, со еден клик влегувате во продавницата и си одбирате парче за себе или за подарок, а ние ја организираме доставата до адреса. На веб-сајтот ќе бидат достапни парчиња од колекции, како и парчиња кои ги изработуваме за во ателјето и се повеќе prêt-a-porter. Исто така ќе имаме посебно катче за модни додатоци.

Antonija Ristovska maici  (5)

Маиците ќе се продаваат во ателјето на Ристовска и на нејзиниот онлајн сервис Фото: Ани и Дими

>>Неодамна лансиравте стилистички сервис во своето ателје за идните невести, што подразбира избор и изнајмување на венчаница. Како поминува оваа идеја кај нас, има ли невести што изнајмуваат фустани?
- Многу поголем е бројот на невести кои се одлучуваат за сосема нова венчаница и посебно да биде изработена за неа. Тоа се потврдува и во праксата. А и цените на венчаници кои ги имаме во понуда се достапни за буџетот на нашите клиентки – невести, така што повеќето се одлучуваат да купат венчаница.

 

АвонАвон ИнстинктАнгела ЃоргиеваАни и ДимиАнтонија РистовскаБи ЈуИнстинктМагдалена Медичимаици со принтМоника АлексовскаРоза Плазибат„Авон Македонија“„Арт ен Деко“„Египтоманија“„Еквилибриум“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021
  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics