• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

DESIGN AND BERRIES: Дизајнираме сладок накит за сонувачи

Од Ана Несторовска · На февруари 24, 2014
Марија и Кристина

Марија и Кристина

Марија и Кристина се графички дизајнерки кои живеат во два паралелни универзуми и функционираат на сосема различен начин. Марија е синоним за ладно, а Кристина топло. Марија функционира најдобро без Сонце, а Кристина не може без него. Доколку не би биле во родот homosapiens, Марија би била голема поларна мечка, а Кристина мала срна. Новниот блог (и бренд за накит) Design and berries е единствениот простор во кој функционираат како едно и во кој го пренесуваат сето она што го впиваат во своите различни светови.
-Се познаваме од студиите, но ни требаше време да сфатиме дека колку што ни се различни световите, толку ни се исти идеите. Сè повеќе се надополнуваме и одлично функционираме како тим. Не постои остра граница за поделба на задачите без разлика дали се работи за идеја за парче накит, пакување или фотоедиториал за истото-вели Марија Чолкова.

Од најновата фотосесија за Creamy Hearts

Од најновата фотосесија за Creamy Hearts

Идејата за модниот и дизајнерски блог Design and berries ѝ се родила на Кристина за време на студиите. Блогот постои од 2010, првите две години под името design and breakfast и на веќе постоечка платформа, за потоа да продолжи со ново име и свој domain.
- Имав потреба од место кое ќе го полнам со сè што создавам и што ме инспирира. Се одлучив за имато Design – зашто не можев да се одлучам во кој дел од светот на дизајнот припаѓам, а berries затоа што омилено хоби ми беше (и сè уште ми е) создавањето на мали слатки задоволства. Марија стана дел од приказната на design and berries пред околу една година, кога започна и нашата прва заедничка соработка со снимање спот за берлинското електронско дуо Paskal & Urban Absolutes, па оттогаш продолживме да работиме како тим-вели Кристина Манчева.

Creamy Hearts

Creamy Hearts

Најчесто постираат фотографии со накитот што го создаваат , но исто толку важна им е и презентацијата на накитот преку креативна фотографија, како и креирање на пакувања за истиот. Сметаат дека презентацијата и формата во која некој ќе го добие производот е со иста важност колку и самиот производ, овие два сегмента ја зголемуваат вредноста и на производот и на брендот.
- Како што се развиваме ние во светот на дизајнот така се развиваат и нашите амбиции и цели за блогот. Научивме да не се ограничуваме само на еден медиум, доколку имаме идеја во која силно веруваме – ја реализираме-вели Кристина.
При дизајнирањето не сакаат да се ограничуваат со материјали, а исто така избегнуваат материјалот да ги ограничува нив. Од овие причини веќе подолго време работат со полимерна глина. Се работи како со глина, се почнува од нула, без никаква форма и едноставно создавате.
-Изработуваме сè што една девојка може да стави на себе како моден додаток. Најчесто нè препознаваат по тоа што често знаеме секојдневните предмети да ги претвориме во парче накит, како што е случајот со закачалките – обетки, сетот парчиња ханзапласт, пуканките… Постојано се инспирираме. Секојдневно. Од музика, енергија, емоции, мили луѓе, најситни детали.. до цели универзуми. Се обидуваме да впиваме што повеќе убави моменти кои ги канализираме низ призмата на Design and Berries, со цел да создадеме уникатни парчиња накит за сите сонувачи-вели Марија.

Pinwheel

Pinwheel

Најчести клиенти им се девојки кои се пронаоѓаат во стилот на Design and Berries.
-Нашите креации се за чувствителни, романтични, моќни и екстремни, а сепак деца во срцата. Исто така се почесто сè случува да купуваат и мажи кои сакаат да подарат и изненадат некоја девојка со нестандардно парче накит. Моделите се изработуваат по нарачка, а од неодамна можат да се најдат и на Bastet Noir-додава таа. Неодамна остварија успешна соработка со креаторката Ирина Тошева на фотосесијата за нејзината колекција, Memento Mori 2.0..
- Помеѓу извонредната Ирина Тошева и Design and Berries веќе подолго време беше планирана соработка. По настапот на Моден викенд-Скопје есен/зима 2013 со Memento Mori, Ирина реши да работи новогодишно продолжување на колекцијата, па ни предложи да изработиме модни аксесоари за истата. Немавме никакво ограничување од страна на Ирина и работевме со комплетно одврзани раце. Парчињата накит Ирина ги виде еден ден пред фотографирањето на едиторијалот. Прекрасно е да се работи со луѓе кои толку многу веруваат во вас. Едиторијалот се работеше со неверојатната Ерина Богоева зад фотоапаратот, шмикна – Набојша Пешевски, фризура – Studio Allure и единствената Лумија Камилија како модел-вели кристина.

Соработуваа со Ирина Тошева на  колекција за есен-зима 2013/14

Соработуваа со Ирина Тошева на колекција за есен-зима 2013/14

Беа дел од хуманитарната изложба „Дизајнирани прегратки“, а пред неколку месеци и на настанот поврзан со Мовембер.
- Јавното претставување во моментов не е на листата на приоритети на Design and Berries, меѓутоа кога се работи за хуманитарен настан секогаш правиме исклучок и се оставаат сите планови на страна. Кога дознавме за Мовембер одлучивме да бидеме дел од овој настан и изработивме мала брко колекција, а сите средства собрани од истата беа донирани во тимот Мовембер Македонија. На 21ви Јануари бевме дел од светскиот ден на гушкањето, изработивме беџови и тефтерчиња со инпиративни пораки како и алка која во моментов гушка нечија рака-објаснува Кристина.

Накит со бркови за Мовембер

Накит со бркови за Мовембер

Фотографијата е дел од визуелната презентација на производот и за нив е од голема важност.
- Фотографирањето и фотоприказните ги работиме сами. Најчесто градиме суптилна, чуствителна, нежна, а понекогаш дури и кршлива атмосфера. Секогаш соработуваме со девојки чија професија/хоби не е фотомодел. Практикуваме да фотографираме девојки кои поседуваат парчиња од Design and Berries, сепак тие се оние кои најдобро го претставуваат производот и го доближуваат брендот до корисникот-велат тие.
Пред неколку дена ја претставија својата најнова колекција Creamy Hearts, а веќе подготвуваат нови слатки задоволства.
-Не сакаме да го уништиме изнанедувањето, па затоа се што можеме да кажеме во овој момент е.. Следете нè :) Првата точка од „2014 To Do”- листата за Design and berries веќе се исполни – дел од колекциите се достапни и online, благодарение на Bastet Noir. За останатите планови веќе сме во преговори. Но, како што веќе кажавме, нема да бидеме расипувачи на слатки изненадувања.
Девојките од Design and berries денеска во 19.30 ќе учествуваат на хуманитарната модната ревија во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, на која се собираат средства за младата Симона, која храбро се бори со ракот. Влезниците се по симболична цена од 50 денари.

Пачиња накит инспирирани од Бетмен

Пачиња накит инспирирани од Бетмен

Mjölnir

Mjölnir

Paw

Paw

Meow

Meow

kolaz design5

kolaz design2

Design and berries20

pinwheel-ring-girl-white-dress-autumn1


Bastet NoirDesign and berriesMemento Mori 2.0блогглинаИрина ТошеваКристина Манчевамакедонски дизајнери на накитМарија ЧолковаМовемберМоден викенд-Скопјенакит
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • prada

    Мијуча Прада и Раф Симонс ја претставија првата заедничка машка колекција

    јануари 18, 2021
  • Insta

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Јануарските стајлинзи на стилските ѕвезди

    јануари 18, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • адвоа и кесева абоа

    H&M ја најави следната дизајнерска колекција

    јануари 18, 2021
  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics