• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

„Омајгад“ со принтови на кирилица му искажува љубов на Скопје

Од Ана Несторовска · На март 10, 2014

„Кул си као јас“, „Знаеш дека ти се свиѓам“, „Ќип калм и грми си“, „Мустаќи се кул, ама не ми стојат“, „Живеј го секој ден ко да е петок“, „Брат за брат, све за другари“, „Јас и ти се сакаме, ајде да се лапаме“… Ова се дел од симпатичните пораки што сè почесто ги гледаме испечатени со кириличен фонт на маички и на постери во Скопје. Многумина се откажуваат кога треба да направат принт за блуза на кирилица и се одлучуваат за латиничен текст. Но, за 25-годишниот Гоце Велески тоа е инспирација. Овој графички дизајнер, под својот бренд „Омајгад“, повеќе од половина година шара маички по кратки ракави со интересни транскрипции од англиски јазик или слогани со скопски сленг.
-Буква си е буква. Дали била W или Њ, секоја си нуди уникатен начин на доразвивање. Да, кирилицата ми е инспирација, ама пред сè предизвик. Знаете, не е работата да се качиш на истото брдо како и другите, туку да се искачиш на тоа од другата страна на кое се нема качено никој досега, а кирилицата како наша примарна и единствена азбука е страшно кул ствар за доработка и превртување -вели Гоце, кој објаснува дека „Омајгад“! е колектив кој ја создава „Кирилицата што се носи”.

Гоце Велески е основач и креативен ум на „Омајгад“

Брендот настанал на 1 август минатата година, попрецизно во 01.15 часот.
Идејата за „Омајгад“ првично се појавила на лист хартија додека Гоце средувал некои фајлови пред да отиде на одмор.
-Од шкртаница на лист, прерасна во репетиција на пишување на лист за да во 02.00 веќе го направам фан- пејџот и почнав да размислувам на темата што понатаму. Одморот ми дојде супер за да го развијам проектот „натенане”, па на 13 септември 2013 година ја направив и промоцијата…Маиците се примарен продукт на „Омајгад“. Маица е закон ствар, се носи 365 дена и стои на сè (како тегет чорапа). Постерите кои ги извадивме не се покажаа нај нај, па затоа решивме да се вратиме на текстилот и продолжуваме со маици, па живи здрави кога ќе залади ќе правиме и дуксери-вели тој.

На 15 март (сабота) во локалот „Концепт 37“ со почеток во 20 часот ќе ја промовира новата колекција, наречена „Омајгад за Скопје, со љубов”. За презентација на настанот Гоце изработи и видео, кое е своевидно патување со автобус низ скопските улици, а во позадина оди музика на „Град на страв“ од „Токсиколози“, придружувано од диџеј Чваре.
-За оваа колекција се решив да направам тотално шаренило, значи маички во разни бои и двобојни дизајни. Првата колекција беше монохроматска, па одличив втората да ја живнам, плус, пролет доаѓа, мораше малку и ние да расцветиме :) „Омајгад“ и не го сфаќам како моден бренд, туку повеќе како урбан тренд…. Оваа колекција, исто како и првата ќе биде лимитед едишн, а содржи вкупно четири дизајни, аплицирани врз маички од 100 отсто памук.
Со првата колекција „Омајгад“ се етаблира како бренд со кул слогани кои на сите им се допаѓаат, и кои се испишани на македонски јазик. Овој пат колекцијата е донесена на едно емотивно ниво т.е. како што кажува и името, акцентот е ставен на Скопје.
Во линијата има и нацрти од познатиот дизајнер и илустратор Иван Петрушевски- Флим.
-Со Флим(тастик) се знаеме од моите почетоци како дизајнер, работевме во иста агенција и така почнавме да се дружиме. Соработката беше едноставна, на „скајп“ му пишав „Брат, ај напрај дизајн за дизајнов” и така.  Флим е супер дечко, генијален илустратор и честа е огромна што придонесе со супер кул илустрација.

Најчести клиенти на „Омајгад“ се, како што вели Гоце: урбани ликови, луѓе со стил и оупен мајндет. Нарачката на маиците се врши преку фан-страната на „Омајгад“. Етикетата беше дел од хуманитарната изложба „Дизајнирани прегратки“.
-„Дизајнирани прегратки” е една убава акција која ја организираше Ирина Тошева, а сум повеќе од расположен да учествувам на сите хуманитарни настани со моите дела, пред сè заради самиот чин на хуманост, едноставно се будиш следното утро со мисла дека на некаков начин си помогнал, а воедно е убав начин а промоција на релативно млад бренд како „Омајгад“….Инаку со јавни личности досега немам соработувано, освен ако се брои аминот кој го добив од „Чиста околина“ да ги искористам за еден дизајн во новата колекција. Но во секој случај, според тоа кој се има купено маичка гледам дека јавните личности од нашава земја го сакаат брендот „Омајгад“, некои од нив и со гордост си ги носат маичките.  Првата промоција на „Омајгад“ беше самостојна, а исто така и следната е самостојна. За изложби на графички дела имав размислувано порано, но сега истите се префрлени на „Омајгад“, зашто тој тип на промоција ќе трае и кога ќе се потрошат маичките од колекциите затоа што нели, маица е и се носи дур не се скине-вели тој
При првата помисла дека Омајгад ќе биде бренд аплициран на текстил, без размислување за маички го одбрал брендот Fruit of the loom.
-Тие се со 100 осто памук, убав крој на маички што не „гушат” во пределот на вратот, а бонус на сето тоа и се официјалните маици на кои се печати I (L) NY. Дизајните се аплицираат со сито печат, поради уникатноста која ја носи ситото само по себе, и плус издржливоста на печатот е безвременски. Башка, стара школа си е стара школа-вели тој.

Гоце работи како графички дизајнер од нецели 20 години. Првиот ангажман му бил во Pointer Creative Agency, каде што сериозно почнал да работи на дизајни.
-Примарен клиент на кој што работев беше клубот „Колосеум“, па постерите и маиците ми станаа секојдневие и некако така си се сврте работата натака. Завршив курс за дизајн во „Александрија“, а сега студирам дизајн на ФОН (мајка ми многу сака да има дома диплома од факултет закачена :) ), a моментално работам во Inovativa Group, мала слатка и супер кул маркетинг агенција-вели тој и додава дека приватно е „среќно заљубен, обожава добра журка, драмендбејс, гејминг, сноубординг и легачење по дома. Се буди и заспива со дизајн, а понекогаш не ни заспива“.
Тој е основач, дизајнер, дистрибутер, сошл медиа менаџер во „Омајгад“.
- Тимот на „Омајгад“ е огромен, а кога кажувам огромен тоа значи дека има премногу луѓе кои сериозно ја поддржуваат работата на брендот. Тука е мојата девојка, која ме трпи кога заглавувам со работа, која ме разбира кога ќе ги истрошам парите на маички и немам за излегување, а нафрла и супер креативни идеи, помага, а понекогаш и скицира во пеинт. Исто така преголема поддршка имам и од Inovativa Group, агенцијата во која работам на чело со Сања Николиќ, каде покрај сите останати обврски не се пропушта можност да се направи ред два пет муабет за „Омајгад“.

Објаснува дека за него и за „Омајгад“ 2014 почна многу ЈАКО.
-Првата колекција е готова, работи на колаборација со еден кул дечко од Белград (Nerdie Bird-Jebetesehipstere) која би требало да се појави летово, а останатите планови искрено се на база на фристајл, па ако нешто дојде како идеја се прави…Така настана и „Омајгад“.

Fruit of the loomInovativa GroupГоце Велескиграфички дизајнердиџеј ЧваредизајнДизајнирани прегратки’’Иван Петрушевски- ФлимИрина ТошевакирилицаКонцепт 37маицимаичка со принтмакедонски креативциОмајгад за СкопјепринтСкопјесо љубовТоксиколозиФлим„Омајгад“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • lili kadinska

    Обучете се за моден стилист преку единствената наставна програма на Лили Кадинска и Le Brand Studio

    март 5, 2021
  • 10

    Стилска инспирација за овој март

    март 4, 2021
  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

    март 4, 2021
  • rosica mrsic

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

    март 4, 2021
  • ??????????

    Седум стилски совети за ниски жени

    март 4, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

    февруари 3, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021

Живот

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

    март 3, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021

Култура

  • bistra (2)

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

    март 3, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics