• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ИРИНА ТОШЕВА: Создадов креации за индивидуалци што сакаат да се разликуваат од околината

Од Ана Несторовска · На октомври 14, 2014

irinaa12

Удобност, минимализам и младешки дух, со кои се дефинира модниот пристап на дизајнерката Ирина Тошева, се дел и од новата колекција за есен-зима 2014/15. Новата линија, поддржана од My:time, ќе ја претстави 25 октомври во салонот „Ауди-Порше Македонија“, со почеток во 21 часот, во рамки на десеттото издание на Моден викенд-Скопје.
-Колекцијата претставува пренос на сликите на природата во секојдневното урбано сивило. Зебрата е главната инспирација, како симбол на индивидуалност и ни открива дека колекцијата е наменета за оние кои се во постојано движење и имаат желба да се разликуваат од околината. Токму тие умеат да ги слушнат своите инстинкти и да изгледаат онака како што се доживуваат одвнатре. Насловот сè уште не го откривам…По шаренилото од минатата сезона овој пат се „ограничив“ на неколку бои: сива, темносина, зелена и розова . Акцентите се бели. Строгиот крој и потешките ткаенини се водечките елементи во новата колекција-вели Тошева.
Креациите повторно се наменети за младите и оние што така се чувствуваат. Комбинациите се соодветни за дневни и вечерни излегувања.

irina4

По шаренилото од минатата сезона овој пат Тошева се „ограничила“ на неколку тонови: сива, темносина, зелена и розова          Фото: Младин Паповиќ, Модел: Ана Ежова

Ирина е една од ретките што редовно создава креации за двата пола. И во новата колекција, покрај моделите за жените/девојките, има дизајни и за мажите
-Машките модели се минималистички строги кроеви, но има и игра на принтови. Тоа се креации за поединци кои не се плашат да излезат од „сигурната зона“ и бидат забележани-објаснува таа.
Често нејзините колекции се придружени со модни додатоци. Овој пат ќе има неколку парчиња торби и брошеви како надополнување на приказната, но овој пат пресудни ќе бидат модните додатоци од спонзорот на креаторката, My:time.
Тошева планира и на оваа ревија амбиентот да биде надополнет со македонска музика. Вели дека нумерата што ќе оди на ревијата одлично се спојува со креативниот пулс на колекцијата. Кореографијата нема да отскокнува од вообичаеното, сакајќи дизајнот да биде ставен во центарот на вниманието.

irina2

Новите креации се удобнит, минималистички и со младешки дух                                     Фото: Младин Паповиќ, Модел: Ана Ежова

Ова е шесто учество на Ирина на Модниот викенд-Скопје.
-Модниот викенд во моментов претставува единствена организирана платформа за презентација и развој на модата кај нас. Исклучително важен настан што го сопре молкот кој претходно некое време го имаше и повторно ја постави модата како прашање што се третира на поредовна основа во медиумите. Организацијата е на високо ниво и ме радува што се започнуваат соработки и со другите модни настани во регионот.
Пред Модниот викенд-Скопје колекцијата ќе биде прикажана на Serbia Fashion Week во Нови Сад. По ревиските претставувања, на крајот на месецов, ќе биде достапна во нејзиното ателје, во Lotus Design Store во „Скопје сити мол“, како и на онлајн низ целиот свет преку bastetnoir.com. Одбрани парчиња ќе може да се најдат и во Just Because Concept Store како и концептуалната продавница al.to во Љубљана.

irina01

Креации на Ирина претставени на Месецот на дизајн во Љубљана

Ирина деновиве престојуваше во Љубљана, како дел од македонскиот тим што се претставува на тамошната манифестација Месецот на дизајн. Во соработка со архитектката Александра Шекутковска и нејзниот колектив The URB CLV создаде уникатни чанти, а во изложбениот дел беа претставени и нејзини препознатливи креации.
-Ми претставува посебна чест што Александра ми се обрати токму мене како прв дизајнер кој ќе соработува со The URB CLV. Беше предизвик да се изработат чанти кои истовремено ќе го имаат мојот дизајн, но и визијата на нејзиниот бренд. Ме радува што интересот е огромен. Спојот на креативци секогаш вродува со плод. Чантите со мали промени ќе бидат дел и од новата колекција.
Организацијата на настанот овозможи навистина да се остварат соработки и да се разменат искуствата. Особено драго ми беше што имав прилика да ја презентирам мојата работа пред професионалци како Бранко Поповиќ. Секако, значајни беа и директните контакти наменети за бизнис соработка со што веќе од оваа недела мои парчиња ќе бидат достапни и на тој пазар.

irina3

На Skopje Design Week одржа модна работилница

Пред неколку месеци, пак, се претстави на Balkan Emotion Fashion Days во Виена.
- Идејата и иницијативата на Balkan Emotion Fashion Days се за поздравување и се надевам дека во иднина ќе прерасне во сè подобар и поголем настан. Настанот беше одлична можност да се покаже дека и македонскиот дизајн е извозен производ. Овие прилики се навистина драгоцени, бидејќи секој дизајнер има потреба да излезе од границите на својата комотност и да размени идеи со други колеги.
На неодамна одржаниот Skopje Design Week во соработка со брендот Lotus Design Store одржа модна работилница, наменета за секој вљубеник во модата и лесната и брза реализација на креативните идеи.
-Ме радува што гледам дека производите кои успеавме да ги создадеме девојките учеснички гордо ги носат по нашите улици. Имав комплетно практичен приод. Учесниците изработуваа облека што се создава од кроење во круг. Секогаш сум среќна кога можам директно да комуницирам со личности на кои модата им е пасија-вели таа.
По бурниот октомври ќе почне да ја подготвувам капсулната колекција во соработка со Нина Симовска, која ќе биде презентирана при крајот на годинава.

Balkan Emotion Fashion DaysBastet Noirbastetnoir.comJust BecauseLotus Design StoreMy:timeSerbia Fashion WeekSkopje Design WeekThe URB CLVАлександра ШекутковскаАна ЕжоваАуди-Порше МакедонијаВиенаесен-зима 2014/15женска колекцијаинтервјуИрина Тошеваколекцијамакедонска музикамакедонски дизајнеримашка линијаМесец на дизајн Љубљана 2014Младин ПаповиќМоден викенд-СкопјеНина СимовскаНови Сад„Скопје сити мол“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics