• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈОВАН ПЕТРОВСКИ: Со задоволство се враќам на Моден викенд-Скопје

Од Ана Несторовска · На октомври 13, 2014

По четири години пауза од претставување на македонската сцена, дизајнерот  Јован Петровски,  кој изминатиот период гради успешна кариера во Бангкок, ќе се врати со ревија на Моден викенд-Скопје. Со неговата презентација на 23 октомври во 20 часот во мултимедијалниот центар „Мала Станица“ ќе почне десеттото издание на манифестација. Одлуката, со негова ревија да почне јубилејниот Моден викенд, не е случајна. Креаторот пред пет години го  отвори првото издание на овој настан.

Jovan Sienna De LOrpaz (1)

Јован Петровски Фото: Sienna De L’Orpaz

Во меѓувреме, приказните на Петровски и на FWSK се развиваа секоја по различен пат,  но со успешен континуитет. Моден викенд ги надмина очекувањата и предвидувањата на скептиците и успеа да опстои пет години, со по две сезонски изданија. Јован, пак, стана декан на одделот за мода во „Академија Италијана“ во Бангкок, каде што предава за колекција, историја на костим, современи стилови и анализа на стилови. Работи и како дизајнер на двата тамошни брендови SQUIRE и Blackout.  Во интервјуто што го направивме деновиве, пред  да го фати авионот за Скопје, вели дека се радува на повторното враќање на Модниот викенд.

-Првото издание на FWSK пред  пет години го отворив токму јас и за мене претставува големо задоволство да го означам почетокот на десеттото, јубилејно издание на Модниот викенд. Кога добив покана за учество од Света Богова Јовановска веднаш прифатив, без никакво размислување, токму поради нејзината посветеност и професионалноста на тимот кои стои зад FWSK. Претходно на Балканот имавме чуено само за Belgrad Fashion Week и Croaporter во Загреб. Сега можам да се пофалам дека  и нашата модна сцена стана релевантна, барем на нашиве простори, и сето тоа е благодарение на Моден викенд.

Jovan-Cynthia Chen Barbachano (1)

Фото: Cynthia Chen Barbachano

>>Кое е значењето на Моден викенд-Скопје и на манифестации од ваков тип за една мала сцена како македонската. Можеш ли да ја споредиш со нашата сцена со таа во Бангкок?

-Имам слушнато  доста критики, дека Македонија нема модна сцена. Напротив, мислам дека за толку мала држава и за толку мал пазар имаме доста кративна сцена. FWSK се одржува секоја сезона и е одлична платформа за претставување нови колекции. Како самостоен дизајнер во Македонија не е воопшто исплатливо да се прават ревии. Меѓутоа,Модниот викенд на некој начин нè поттикнува да бидеме консистентни во креирањето. Кога бев активен на македонската сцена јас бев еден од ретките дизајнери кои создаваа колекции секоја сезона. Откога почна Модниот викенд забележав дека и останатите промовираат колекции сезонски.  Не знам зошто луѓето ги споредуваат модните недели кои што се одржуваат во светските модни метрополи со нашиот Моден викенд. На крај, дури и prêt-a-porter колекциите се само промоција за аксесоари и парфеми на големите модни куќи. Сè е маркентиншки трик, а ние сето ова го правиме од љубов и ентузијазам.

>>Ќе ги  претставиш новите креации на брендовите SQUIRE и Blackout. Што те инспирира за новите модели?

-Кога решив да лансирам своја линија во Бангкок одлучив да не оди под моето име, туку да создадам бренд кој има комерцијален потенцијал за да прерасне во глобален бренд. Претходно бев ангажиран како консултант на Blackout- тајландски џинс бренд. Со основачот на Blackout, Parin Tongwaranan, одлучивме  да ги споиме двата бренда и да бидат под една компанија. Поради истата естетика решивме Blackout  да биде ексклузивна, поскапа линија, а Squire да биде подостапна. Бидејќи во моментот сум креативно инволвиран и на двата бренда, за овој настан одлучивме да ги споиме Squire и Blackout и да ги претставиме заедно. Отсекогаш си играм со спротивностите. Најмоногу се инспирирам со игра на половите. Особено кога креирам женска облека. Пред да почнам да работам на нова колекција, секогаш правам музичка плејлиста, која ме инспирира во текот на целиот процес. Како и мојата музика која е микс од многу жанрови, и моите колекции се фузија од многу елементи кои ги интерпретирам на мој начин и не секогаш се лесно дефинирани. На прв поглед колекцијата изгледа доста панк. Меѓутоа со комбинација на строго кроени блејзери изгледа поелегантно. Сакам да сум во текот со времето и во моментов ме фасцинира младата улична култура. И од улиците преземав некои елементи како маици со нагласен волумен и панталони кои изгледат како тренерки. На крај, колекцијата е фузија од различни карактери на луѓе, кои ме опкружуваат. Како што веќе напоменав, музиката е фундаментален елемент во секоја моја колекција. Специјално за настанот повторно соработувам со нашиот музичар Сашко Костов, кој во моментов компонира саундтрак штоќе биде изведен во живо за време на ревијата. Исто ќе бидат проектирани видео инсталации кои  ги направив во соработка со нашиот мултимедиален уметник Ице Капсаров.

Jovan-Cynthia Chen Barbachano (2)

Фото: Cynthia Chen Barbachano

>>Какви парчиња и форми се застапени во линиите и кои бои и материјали доминираат?

-И во двете линии преовладува црната боја. За Blackout користиме најквалитетни матријали како Јапонски првокласен  џинс и петенти од рири. Имаме специјална формула за финиширање на еден од нашите најпродавани продукти, наречен Raven.  Процесот е многу долг. Едноставно ги нарекувам couture jeans.Филозофијата на Blackout е во изработката и во безвременскиот дизајн. Иако  дизајнот е доста класичен, самиот избор на материјали и тенката силуета му даваат на продуктот современ изглед.  Squire е покомерцијален, подостапен и потренди бренд. Овде си дозволувам малку да си поиграм со формите и материјалите. Користам сто отсто  памучен поплин за кошулите, кој е третиран со течен амониум и лесно се пегла. Исто така користам волна за костимите, и лен кој е финиширан со восок и има ефект дека е кожа. Сакам да користам традиционални материјали, кои се  третирани со нова технологија. Во женската колекција на Squire користам дури и неопрен и тефлон.

>>Како би ги опишал во неколку зборови линиите и за каков тип на жени/мажи се наменети моделите?

-Squire има чисти геометриски форми и е малку поекспериментален од  Blackout, во однос на кројот, и е подостапна.  Blackout  се фокусира повеќе на експериментирање со различни третмани на тексасот.  Парчињата се доста едноставни,  меѓутоа големо внимание е посветено на кројот и на финесите. Изработено е така што облеката од  Blackout  може да се носи и наопаку.  Blackout  исто така има и линија на накит од сребро. Користиме стари и нови техники во изработка на среброто. Од рачна изработка до ласерско сечење на среброто. Во тек се изработка на прототипи од сребро, кое ќе биде испечатено во 3Д.  Експресијата и на двата бренда е минималистичка и иако се различни, стилистишки совршено се вклопуваат.

Jovan Sienna De LOrpaz (3)

Фото: Sienna De L’Orpaz

>>Какви ти се плановите за креациите по ревијата?  Каде ќе се продаваат и дали ќе биде пласирана во Македонија?

-Машката колекција на Squire веке беше презентирана во Бангкок што веќе може да се најде во два тамошни мултибренд бутика. Новата колекција на  Blackout  е штотуку завршена и првото прикажување ќе биде токму на Модниот викенд.  Blackout  е веќе добро етаблиран на азискиот пазар. Имаме продажни места во Куала Лумпур, Сингапур и Токио. Голема селекција од двете колекции ќе бидат достапни и на македонскиот пазар. Застапник на Squire и  Blackout ќе биде концептуалната продавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“.

>>Какви ти се актуелните ангажмани во Бангкок? На какви проекти работеше изминатиот период и какви ти се плановите за иднина?

-Паралелно работам на нови продукти за Squire и за  Blackout  и во исто време сум ангажиран како професор во  „Академија Италијана“, каде што сум исто така и декан по катедрата по моден дизајн. Ден после моето враќање од Македонија ќе морам да патувам за Chiang Mai каде што ќе одржам работилница.  Со моите партнери веќе бараме локација за отворање на нашиот прв бутик во Бангкок. Концептот е веќе изработен и ќе бидат застапени не само насите брендови туку и етикети кои се совпаѓаат со нашата естетика. Исто така, во тек е изработка и на онлајн-продавница.  Премногу планови, премалку време. :)

Jovan Sienna De LOrpaz (2)

Фото: Sienna De L’Orpaz

jovan (2)

jovan (1)

BlackoutFWSKSQUIREЈован ПетровскиАкадемија ИталијанаБангкокмакедонски дизајнериМала СтаницаМоден викенд-СкопјемузикаСашко Костов
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics