• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Магдалена Таневска: Magda Station е модна станица каде што идеите стануваат реалност

Од Ана Несторовска · На декември 22, 2017

magda station (4)
Во друштво на сите соработници, клиентите и љубителите на модата , со изненадувања, подароци, попусти и пиво, младата дизајнерка Магдалена Таневска в сабота (23 декември) ќе го одбележи првиот роденден на своето студио Magda Station. Почнувајќи напладне, па сè до 20 часот, посетителите на оваа модна станица сместена на ул. 29 Ноември бр.2 во центарот на Скопје ќе имаат можност да ги погледнат досегашните колекции на креаторката, како и модели од други брендови со кои таа соработува…Во живо ќе може да го доживеат малиот моден свет што изминатите 12 месеци го создаде Магдалена.
- Magda Station е мојот универзум, тука моите идеи стануваат реалност. Изминатите 365 дена беа едно интересно патување во кое што успеав да реализирам барем дел од моите идеи. Во остварувањена моите замисли имам најголема поддршка од мојата мајка, моите соработници: фотографката Стефани Павловска – P.S. Photography, модната блогерка Трпеска Александра – Majestic by Alex и сите кои неизмерно ме подржуваат во ова патување… Magda Station е значајна станица во мојата досегашна пасија кон модата. Интересот за мода мислам дека ми е во ДНК . Завршив средно училиште на отсек за конфекциски моделар, а потоа курс за моден дизајн кај познатиот дизајнер Никола Ефтимов. Имам учествувано на повеќе модни саеми, работилници и настани-вели Таневска.

magda station (1)

Интересот за мода ми е во ДНК-та : Магдалена Таневска

За нејзе ова беше упешна година, а како едни од најзначајните ангажмани ги издвоја, учеството на BAFE во Белград со колекцијата Recycled Jeans, мини колекција на антички римски костими за Haemus – центар за научно истражување, колекцијата Sexy MF која ја претстави на „Паратисима Скопје“. Актуелна е со мини колекција во соработка со дизајнерката Василија Чали, која работи под брендот Basileia. Станува збор за неколку парчиња облека изработени од трико, жоржет и монистра во бела и црна боја, модерни за секоја урбана девојка и жена.

magda station (10)

Магдалена се претстави на BAFE во Белград со колекцијата Recycled Jeans

Таневска е препознатлива по користењето на рециклирани материјали, а има одржано и работилници за изработка на модни парчиња со реупотреба на старите парчиња.
- Многу често го користам рециклирањето во мојата работа, а омилена ми е преработката на џинс. Рециклирањето иако не е честа практика кај нас, мислам дека треба да се обрне поголемо внимание токму на тоа, со оглед на тоа до каде е стигната текстилната индустрија. Во последно време изработувам облека од парчињата материјал кој останува неупотребен и често завршува во отпад, но не го фрлам и изработувам нови парчиња облека. Но за тоа наскоро, да не откривам многу детали нека биде изненадување -вели таа.

magda station (2)

Модната блогерка Трпеска Александра – Majestic by Alex редовно носи модели од Magda Station

Покрај облеката Магдалена дизајнира и накит кој исто така може да се најде во Magda station.
- Започнав и со изработка на накит, во последно време предизвик ми е дизајнот на накит и аксесоари. Најчесто соработувам со дизајнерката на накит Надица Златкова Митевска и дизајнерката Евгенија Зафировска.
Креациите практикува да ги претставува преку социјалните мрежи, најчесто Instagram и Facebook во соработка со модната блогерка Majestic by Alex, а неретко и самата креаторка ги носи комбинациите.
- Овој пристап иако доста добро функционира во светските модни центри, кај нас сè уште не е толку многу застапен. За сè е потребно време, постојат доста добри модни инфлуенсери и мислам дека сме на вистинскиот пат. Луѓето треба да се навикнат и да ја козумираат македонката мода-вели Магдалена која веќе почнав со подготовки за колекцијата пролет-лето 2018 година.

magda station (6)

Majestic by Alex во креација од Magda Station

magda station (8)

Една од најверните соработнички на Магдалена е фотографката Стефани Павловска – P.S. Photography

magda station (9)

Магдалена во комбинација реализирана во соработка со Basileia

magda station (7)

Majestic by Alex

*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.

BAFEBAFE во БелградBasileiaMagda StationMajestic by AlexP.S. PhotographySexy MFВасилија ЧалиМагдалена Таневскапрв роденденрециклиран материјалСтефани ПавловскаТрпеска Александра
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics