• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Маика Монро, „Ден на независноста 2“: Херојски против новата вонземјанска закана

Од stylist @StylistMKD · На јуни 23, 2016

Maika-Monroe-independence-day (1)

Вонземјаните се враќаат да се одмаздат за „Денот на независноста: препород“, што претставува враќање и на режисерот Роланд Eмерих на жанрот што го прослави. Оригиналот од 1996 година се памети по своите масивни сцени со уништување, незаборавните ликови, но и по големото влијание на научната фантастика и на филмовите со големи катастрофи. Откако џиновските вонземјански бродови ослободија неверојатно катастрофална моќ врз светот, потребно е многу знаење, сила и херојство да се возврати ударот.

Сега, 20 години подоцна, човештвото се обединува за да ги обнови големите светски градови, а опасната вонземјанска технологија се користи за решавање на многу големи проблеми, како што се климатските промени. Но, долготрајна закана за враќање на вонземјани сè уште постои, па Вселенска програма за одбрана а Земјата  е подготвена за кога ќе дојде тој ден. Сепак, генијалноста на неколку храбри луѓе може да го спаси светот што се наоѓа пред пропаст. Меѓу подготвените да се спротивстават на нападот на Земјата е Патриша Витмор, ќерката на поранешниот претседател Витмор (Бил Пулман). Таа е храбра и издржлива од мала (ја загуби својата мајка во првиот напад на вонземјаните). Сега работи во Белата куќа за актуелната претседателка, а истовремено се грижиза својот татко, кој закрепнува од блискиот контакт со вонземјаните во претходниот напад.

Во „Ден на независноста: Нова закана“, кој од денеска се прикажува во скопките кина „Милениум“ и „Синеплекс“,  Патриша ја толкува Маика Монро. Оваа 23- годишна актерка успеа да си го пробие патот во Холивуд со забележителни улоги. Ја гледавме во The Bling Ring, Labor Day и The Guest, но најголем успех постигна со улогата на Џеј Хајт во It Follows.

Се чини  научнофантастичните филмови ѝ се специјалност. Играше и во сај-фај трилерот The 5th Wave, а наскоро ја очекува уште еден проект од истиот жанр. Во интервјуто обезбедено од MCF MKD Skopje, таа зборува за семејната врска и љубов што ја има со овој филм, за тоа колку ужива во толкувањето на Патриша, како и за сцените со Џеф Голдблум…

Maika-Monroe-independence-day (6)

Маика е позната по улогите во неколку научнофантастични филмови

*Каква ти беше реакцијата кога првпат го гледаше претходниот „ Ден на независноста“?
-Бев смртно преплашена! Морав да разговарам со татко ми за тоа. Не…Се сеќавам на ликовите од филмот. Мислам дека се толку специфични и ми се допаѓаа комичните моменти што беа вметнати во ова лудило.  Давањето на реелистичност на овие ликови беше навистиан добар микс, па веројатно тоа најмногу го паметам од првиот дел.

*Веројатно си била пресреќна кога сија добила улогата, со оглед на тоа што твојот татко е голем фан…
-Ох, да. Татко ми беше првата личност на која се јавив откако ја добив улогата. Тој рече: „О, Боже, тоа е толку кул“!Беше навистина, навистина возбудливо и никогаш не ни помислував дека јас ќе ја добијам улогата , па затоа за мене нависина е значајно што сум дел од овој значаен филм.

Maika-Monroe-independence-day (3)

 
*Дали требаше да се појавиш на аудиција за улогата?
-Тоа е навистина  стресно. Почнав со средба со кастинг директорот, со кој имав читачка проба, па потоа се сретнав со режисерот Роланд…Следуваше снимање со камера од сите агли, за да видат како изгледам на филмски сет на кој беа продуцентие, како и Роланд и Лијам (Хемсворт). Имам искуство со вакви аудиции и не ми беше тешко да се снајдам. Но, никогап не сум се почусвтвувала покомотно во некоја работна група. Сите вклучени во филмот, од Роланд, па надолу се фантастичен тим.

*Каков ти беше првиот ден на сет?
-Почнавме поопуштено, со посмирени сцени. Лудилото со вонземјаните го оставивме за крајот, што беше супер. Беше доста содржајно првите два дена. Не можам многу да откривам, но можам да кажам дека се беше приземјено.

Maika-Monroe-independence-day2

Со колегите од „Денот на независноста“: Лијам Хемсворт и Џеф Голдблум

*Како беше да се работи на сет со актери како Џеф Голдблум , Бил Пулман и другите?
-Морав да се штипнам, за да се потсетам дека не сонувам . Беше неверојатно. Со оглед на тоа што многу ми се допаѓаше првиот филм, навистина беше фантастично да се вклопам  во истиот актерски тим. Имав огромна почит кон нив и беше навистина одлично.

 *Дали имавте чувство дека тимот од претходниот дел на некој начин ве воведе во приказната?
-Да, оригиналната актерска постава ни посака топло добредојде. Сите беа возбудени при снимањето на продолжението-имаше посебна енергија наоколу. Првиот филм беше толку спектакуларен. На некој начин го промени филмскиот свет.

*Се дружевте ли за време на паузите?
-Беше забавно, а голем удел во тоа имаше Џеф. Носеше книги и театарски сценарија и на сите актери ни даваше различни улоги за читање. Пеевме, танцувавме и се натпреварувавме со него. Беше интересно и прекрасно. Џеф нè собираше сите на едно место, беше навистина посебно нешто. Игравме филмски игри , но на крај сфаќавме дека всушност Џеф игра против самиот себе. Никој не знеше доволно…Никој не е како него.

Maika-Monroe-independence-day

Актерите од ориналната постава на филмот одлично ги прифатиле новите колеги

*Како успеа автентично да ја доловиш реакцијата од голема инвазија на винземјани, и покрај тоа што не ги гледаше на сетот?
-Голема улога во сево ова игра имагинацијата, треба да си подотвен тоа да го одиграш. Беше интересно за сите да глумиме соочување со нешто што реално не го гледаме. Во тоа многу ни помогнаа режисерот и остатокот од екипата. Роланд беше отворен за нови идеи и одлично соработуваше со сите вклучени во филмот. Тука беа и сценаристите, кои прецизно имаа напишано и многу ни помогнаа во дијалозите.

*Имаше ли нешто што сакаше да го истакнеш во ликот на Патриша?
-Да, цврстината беше многу важна за нејзиниот карактер. Ја загубила својата мајка кога била многу мала, што мислам дека секого длабоко би го погодило.Тоа ја направило уште посилна и подготвена да се брани себеси, па тоа сакав да го истакнам при играњето на нејзиниот лик.

*Како беше да се играат херојските сцени?
-Многу ми се допадна тоа, уживав. Поради нејзниото минато, во нејзе има доста гнев кој излегува на површина кога се соочува со новата закана. Затоа беше интересно да се игра. А нејзината шефица е навистина непокорна. Би гласала за Села Вард за претседател!

independence-day2

И новиот дел има масивни сцени на разурнување

*Таа треба да се грижи и за својот татко…

-Тоа има голем удел во нејзиниот лик, исто така. Ќе видите уште во почетокот на филмот дека таа се откажала од многу нешта за да се грижи за својот татко.

*Како помина снимањето на сцените со Бил Пулман?
-Тој е толку многу талентиран, па можноста да се работи со него и градењето на конекција меѓу нас беше навистина прекрасно.

*Патриша е во еден вид триаголник меѓу Џејк -ликот што го игра Лијам и  Дилан на Џеси Ашер. Како функционираше оваа динамика?
-Дилан и Патриша пораснале многу слично, со родители -херои од претходниот напад на вонземјаните, на кои се угледувале. Па мислам дека тоа доста ги поврзува и врз онова на тоа развиле одлично пријателство. Потоа го запознава Џејк, кој е бунтовен и интигантен. Но, Дилан и Џејк не се согласуваат многу и тоа ги отежнува работите. Можно е нештата да се подобрат со тек на филмот.

Maika-Monroe-independence-day (2)

Се раѓа љубов меѓу Патриша и Џејк

*Што има Роланд против Лондон?
-Му се наврти овој пат, нели? Жалам! Лондон е многу убав и веројатно е поинтересно кога нешто што е толку прекрасно е уништено…

*Има гласини дека приказната може да се разработи у во уште неколку филмови. Имали шанси за такво нешто?
-Да, има повеќе интересни можности за проширување на приказната во други филмови. Би сакала пак да работам со овие момци, ако може. Пријавете ме ако има следен филм.

 

Maika-Monroe-independence-day (4)

MCF MKD SkopjeЏеф ГолдблумБил ПулманМаика МонроПатриша Витмор„Ден на независноста: Нова закана“„Денот на независноста2“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (5)

    Македонскиот модел Ивана Манас на ревија на Долче и Габана во Милано

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • roksanda

    Три генерации жени од семејството на Ванеса Редгрејв во видео на Роксанда Илинчиќ

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 10

    Стилска инспирација за овој март

    март 4, 2021
  • eaa15a39-3358-4418-a9d4-7c56362b20b3

    Оваа пролет кожените чанти ќе ги замени со платнени

    март 4, 2021
  • rosica mrsic

    Впечатливи марами во новата линија на модни додатоци на Росица Мршиќ

    март 4, 2021
  • ??????????

    Седум стилски совети за ниски жени

    март 4, 2021
  • 1

    Минималистички стајлинзи во црна боја за оваа преодна сезона

    март 4, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

    февруари 3, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021

Живот

  • Otvoranje Tehnomarket- Kapitol 03 03 21 (6)

    Техномаркет денес со големи попусти го отвори својот нов продажен салон во Скопје – Капитол Мол

    март 3, 2021
  • oprah_with_royals

    Принцот Хари и Меган Маркл ја отворија душата во интервју со Опра

    март 2, 2021
  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021

Култура

  • bistra (2)

    Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

    март 3, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics