• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

МИЛА КАДРИУ: Со Crystal ball ја откривам нежната, но заводлива страна на жената

Од Ана Несторовска · На декември 1, 2014

Mila Kadriu-Art Orgada Stylistmk (16)

Во новогодишен амбиент, со ледена, но истовремено топла приказна, утре (2 декември) во City hall центарот дизајнерката на свечени креации и венчаници Мила Кадриу ќе ја претстави својата нова колекција, Crystal ball. Ревијата се одржува во рамки на оф-програмата на Модниот викенд-Скопје. Колекцијата есен-зима 2014/15 е инспирирана од недопирливата,  но и кршливата страна на жената.
-Моќта на заводливост прикажана преку женственоста на линиите кои ја обвиткуваат, нежноста од материјалите кои јасно испишуваат реченици карактеристични само за Неа…Колекцијата е умешно прекриена со уникатен спој на уметност, платна и конструкција. Преку креациите ја претставувам кревкоста на жената, вкрстена со заводливиот леден поглед-вели Кадриу.
Линијата се карактеризира пред сè со умешно искомбинирани материјали и кроеви и различни конструктивни решенија. Има колоритот кој што се слева и самиот диктира поделба на колекцијата на три подлинии.
-Се задржав на класичните форми, должини на силуетата. Застапен е класичен крој на панталони надополнети со дезени од самиот материјал, комбинезони, палта изработени од специфични ткаенини, коктел фустани и за крај- венчаница која отскокнува од типот на класични невестински фустани. Моделот е дизајнерски концепт на една модернистичка венчаница со класични елементи-вели Кадриу.

mila kadriu3

Ревиите на Мила Кадриу секогаш се проследени со соодветна сценографија и приказна. И за презентацијата во City hall центарот подготвува посебна пезентација.
-Сметам дека едно модно шоу мора да биде поддржано од една целосно добро осмислена приказна. Овој пат сакам да доловам еден магичен момент, моментот на подарување љубов која е видлива и покрај ледениот поглед и став на жената.  Ќе направиме микс од неколку песни и сценографија која доловува новогодишна атмосфера. Кореографијата ќе ја диктира самата музика-секако специјално изрежирано за настанот-открива таа.
За изгледот на моделите на ревијата од модната агенција „Подиум“, кои ќе ги носат креациите, ќе се погрижи официјалниот мејк-ап партнер на десетотото издание на Моден викенд  - АВОН во соработка со тимот на „Академија Леонтиќ“ и фризерското студио „Бубе студио Ин“ во соработка со „Lakme“.
Дизајнерката вели дека по оваа ревија колекцијата нема да има друго јавно изложување. Секој што ќе посака да ја погледне, да проба или купи некој од моделите тоа може да го направи во ателјето MCouture by Mila Kadriu во центарот на Скопје.

mila kadriu2

Една од креациите од новата колекција за есен-зима 2014/15, наречена Crystal ball веќе ја претстави на изложбата на отворено наречена „Арт ограда“ во рамки на Моден викенд-Скопје. Кадриу редовно учествува на оваа модна манифестација, која во октомври го одбележа своето десетто издание.
-Постои развој на самиот настан, како и на модните дизајнери кои учествуваат на истиот. Модниот викенд помогна да се собереме сите на едно место, етаблирани модни дизајнери , млади И талентирани имиња, организатори, модели, модни новинари, критичари, блогери и сите оние кои сакаат да погледнат што нуди македонската модна сцена. Сето тоа доведе до различни комуникациии, размена на искуства, подигање на модната свест кај луѓето. Значењето на самиот настан е големо бидејќи зазеде широки размери, има добра медиумска поткрепеност и сметам дека луѓето знаат и очекувано го конзумираат понуденото-вели таа и додава дека „со ова ревија ќе ја заокружи оваа, за нејзе,  многу значајна и успешна година“.
- Оваа 2014 година ја одбележаа многу успешни проекти,  задоволни клиенти и  исполнети очекувања. Веќе во средината на февруари 2015 може да очекувате пролетна ревија за венчаници-вели на крај таа.

mila kadriu2

City hallCrystal ballLAKMEMCouture by Mila KadriuАвонАрт оградаБубе Студио инвенчанициМила КадриуМоден викенд-СкопјеревијаСкопје„Подиум“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics