• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Нела Тодоровска: Argatlook е слика за жената – аргатка подготвена за живот и љубов

Од Ана Несторовска · На јули 20, 2016

nela

Инспирирана од традиционалните македонски носии, во спој со новите технологии, дизајнерката Нела Тодоровска, која стои зад брендот Mariguccha,  ја создала колекцијата Argatlook. Креациите беа премиерно претставени минатиот месец со мултимедијална промоција во рамки на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива 2016“. Присутните во „Плаја виста“ имаа можност да ги погледнат креациите поставени на кукли како изложба, преку фотографии, како и на модно видео, кое беше прикажано после концертот на бендот „ТИ“ од Србија.

Nela Todorovska-argatluk 08

Моделите во промотивната фотосесија ги носи Јована Затараковска

Називот на линијата доаѓа од Argat (Аргат) т.е. работник и look (изглед). Идејата за оваа колекција почнала да ја развива пред неколку години.
-Идејата се појави во текот на работа во 2013 година. Тоа беше нешто што требаше да се случи…Ја запишав и чекав да се појави погодниот момент за да ја разработам. Моментално во нашето општество сите трагаат по традицијата, па можеби тоа ме  натера…. Најголема инспирација ми беше жената како работник, како аргат, која сепак е толку совршена и заводлива и подготвена за живот и љубов- вели Тодоровска, која има завршено факултет и мастер студии за моден креатор и костимограф во Букурешт на државната академија за уметност.

Nela Todorovska-argatluk 01

Називот на линијата доаѓа од Argat (Аргат) т.е. работник и look (изглед)

>>Креациите од новата колекција се современи, збогатени со етно-елементи. Како го направи балансот меѓу модерното и традицијата? Во која мера тие се надополнуваат?
-Секогаш, ако ја следиш линијата, може да ја назначиш на начин кој што мислиш дека ти е најприкладен и највеќе си го бара моделот. Тука само ги следев кроевите на нашите носии. Некогаш ја менував лиијата, но во тој контекст, има момент што сакав да искористам и од работните современи одела, но тоа се гледа многу малку. Боите на принтовите ги сменив, но сите се инспирирани од некој вез.

Nela Todorovska-argatluk 00

Фотографите се на Ана Лазаревска и Андреј Шумковски

>>Кои се основните каректеристики на новата колекција и за која сезона е наменета?
-Колекцијата е за цела година, затоа има и зимски и летни парчиња. Се состои од 20 модели и 10 кожни чанти. Креациите се комбинација од модерен и традиционален стил, футуризам, минимализам и деконструктивизам. Формите се широки, а палтата се со машки кроеви. Елеците оставаат најголем печат на колекцијата, зашто го опишуваат нашиот традиционален елек во минималистичка форма и боја. Работев повеќе на црна основа. Од материалите користев: сурова свила, памук и неопрен.

Nela Todorovska-argatluk 03

>>Снимивте промотивна фотосесија, до која произлезе и видео за Argatlook. Со кој соработуваше на нивната реализација?
-Моделите ги носи Јована Затараковска, премногу згодна девојка која ги поседува сите стандарди за да биде светки модел, но не се одлучила тоа да го работи. Фотографите се на Андреј Шумковски- наш млад уметник и на Ана Лазаревска. Видеото го монтира Андреј со Александар Зиков.

>> Какви се плановите за понатамошен пласман на колекцијата? Каде ќе може да се набават креациите и дали ќе ги претставиш и на некој друг моден или дизајнерски настан?
-Колекцијата ќе ја понудам во Белград и во Букурешт во концептуалните продавници со кои веќе имам остварено соработка. Кај нас сè уште не ги изложувам своите модели. Тие можат да се видат и порачаат на мојата страна на facebook, Mariguccha.

Nela Todorovska-argatluk 09

>>Покрај дизајнот на колекции за Mariguccha работиш и на костимографија на филмови.  На какви проекти беше ангажирана изминатиот период ?
- Последен ангажман ми беше  костимографијата на филмот „Златна Петорка“ од Горан Тренчовски, чија премера се очекува во август. Во најава се и некои реклами во Романија …

>>Називот на брендот е Mariguccha  е инспириран од името на твојата баба, Влаинка, кое значи Марија, Дева Марија. Колку таа имала влијание на твоето градење како дизајнер и во создавање на колекциите?
-Секогаш додека работам имам чувство како и претходно да сум го работела ова, како тоа да е дел од мене од моето минато, без оглед што со генерации се занимале професионално со мода од моја фамилија ,како шапкари, шнајдери и плетачи на машини.

Nela Todorovska-argatluk 07

>>Деновиве, покрај модните парчиња и чанти, колекцијата Argatlook ја збогати и со неколку парчиња накит. Какви креации направи и од каков материјал?
-Станува збор за неколку уникатни парчиња обетки, прстен и ѓердан изработени од сребро, кои ја надополнуваат приказната на Argatlook. Формите се инспирирани од македонскиот вез. Обетките и прстенот се со минималистичка изведба, а ѓерданот е неколкуслоен, со повеќе форми.

Nela Todorovska-argatluk nakit8

Приказната од колекцијата ја продолжи и со неколку парчиња накит од сребро

Nela Todorovska-argatluk 10

Nela Todorovska-argatluk 04

Nela Todorovska-argatluk (11)

Nela Todorovska-argatluk 06

Nela Todorovska-argatluk 05

ArgatlookMarigucchaЈована ЗатараковскаАна ЛазаревскаАндреј Шумковскиетно-везмакедонска носијаНела ТодоровскаСкопје креатива 2016футуризам
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ana de armas

    Францускиот боб на Ана де Армас најавува еден од трендовите на фризури за 2021

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • iris van herpen

    Iris Van Herpen: Roots of Rebirth Collection

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 3

    Седум идеи со широко карирано сако за овој март

    март 1, 2021
  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • GOLDEN GLOBES

    Црвениот килим на „Златен глобус“ годинава во виртуелен формат

    март 1, 2021
  • united fashion showroom

    Oбединети балкански дизајнери на шоурум со триесет европски брендови

    февруари 26, 2021

Убавина

  • ECNERIN UreaRepair

    Уреа – ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

    февруари 24, 2021
  • BeautyFridge

    Кои козметички производи треба да ги чувате во фрижидер

    февруари 11, 2021
  • dior rouge (1)

    Натали Портман во новата кампања за кармините на Dior

    февруари 2, 2021
  • 1 guerlain

    GUERLAIN: Ајде да зборуваме за природна убавина

    јануари 28, 2021
  • EUCERIN Hyaluron_Filler_Skin_Refining_Serum

    Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

    јануари 27, 2021

Живот

  • Baked-Feta-Pasta

    ТикТок рецепт: Тестенини со потпечено фета сирење

    февруари 18, 2021
  • maldivi

    Хотелот Waldorf Astoria на Малдиви има најдобра Инстаграм содржина според Forbes

    февруари 17, 2021
  • chloe ting

    ФИТ ФОРМА: Вежби за тенок струк и заоблен задник

    февруари 16, 2021
  • Iqos 4 (1)

    IQOS – алтернатива за возрасните пушачи развиена врз база на научни докази

    февруари 8, 2021
  • nikotin 2

    Зошто пушиме – навика, зависност или да се биде во тренд?

    февруари 3, 2021

Култура

  • handmaids tale

    Нов трејлер и конечен датум за четвртата сезона на Handmaid’s Tale

    март 1, 2021
  • bienale

    МСУ со отворен повик за престојното 13. Биенале на млади уметници

    март 1, 2021
  • vanity fair (1)

    Светот на фантазијата во холивудското издание на Vanity Fair

    февруари 24, 2021
  • daft punk

    Крај на една музичка ера – Дуото „Дафт Панк“ најави разделба преку видео

    февруари 23, 2021
  • Emma-Stone-Red-Dress-in-Disney-Cruella-Trailer

    Ема Стоун како Круела де Вил – амбициозна дизајнерка со панк-рок стил

    февруари 19, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics