• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

НЕЛИ ИЛИЕВА: Coterie во Њујорк ми ги отвори вратите на американскиот пазар

Од Ана Несторовска · На март 4, 2014


По успешните презентаци минатата година на еден од најреномираните шоурум настани во Америка, Модната меџик маркет недела во Лас Вегас и во „Ателје дизајнерс“ во Њујорк, нашата креаторка Нели Илиева деновиве повторно се врати во САД. Дизајнерката, која има дипломирано на„Академија Италијана“ и зад себе има неколку самостојни колекции, од 23 до 25 февруари ja претстави својата нова линија во престижниот showroom за висока мода Coterie во Њујорк.

- Во Нујорк, еден од најмоќните центри на модната индустрија на глобално ниво, самото име Coterie асоцира на успех и можност да се биде дел од најдобрите во светот на дизајнот. Овој showroom недвосмислено го претставува врвот на модната пирамида за дизајнерите, купувачите, медиумите, трендсетерите, љубителите на модата, естетите и сите оние кои на свој начин се инволвирани во оваа индустрија. Искуството е непроценливо и единствено првенствено заради креативната енергија на дизајнерот кој ја споделува својата мисла и визија за модните тенденции за претстојната сезона, но и заради можноста да си изложен пред 250.000 купувачи на тридневен настан кој продуцира продажба од повеќе од една милијарда долари. Со други зборови, естетската страна на Coterie во сооднос со неговиот комерцијален аспект го прават да биде единствен.

>>Станува збор за еден од најпознатите showroom-ови во светот… Како успеа да стигнеш до таму, кои беа предусловите?
-За разлика од другите showroom-ови, влезот во Coterie е ригорозен и се обезбедува преку апликација со исполнување на низа строги критериуми, како и преку оценка и дозвола која се обезбедува од страна на посебно жири. Жирито врши евалуација на неколку парчиња од аспект на дизајн, сообразност со модната тенденција за наредната сезона, квалитет на изработка и материјал. Понатаму, брендот мора да биде препознатлив и уникатен, како и да има веќе воспоставено своја мрежа на продажба. Не знам дали сум првата од Македонија, но секако посакувам да нé има повеќе.

>> Од колкаво значење е промоцијата во Coterie за креатор што доаѓа од мала земја како Македонија. Што тебе (ќе) ти донесе оваа презентација?
-За Coterie се вели ако успееш да влезеш таму, портите на сите showroom презентации во Америка и во светот по дефиниција ти се секогаш ширум отворени. За дизајнер кој доаѓа од мала европска земја и кој се обидува да направи сериозен пробив со својот бренд на американскиот пазар, можноста за претставување на Coterie е повеќе од драгоцена. Мојата линија успеав да ја презентирам пред најголемите сопственици на луксузни продавници во Америка и во светот, и пред мои колеги дизајнери, што самото по себе го сметам за голем успех.

>>Дали за време на престојот во Њујорк и Coterie сретна некои познати модни имиња, и дали успеа да искомуницираш со потенцијални баери и промотери?
-Комуникацијата со купувачите е активност која континуирано тече преку мојот агент за продажба и showroom-от на Менхетен во кој мојата колекција е постојано изложена. На Coterie повторно ја стекнав довербата на моите актуелни купувачи со тоа што имав нарачки од новата колекција, но и ја проширив мрежата со нови клиенти. Во овој бизнис довербата е најважна, така што со мојот тим постојано работиме на продлабочување на овие релации. Што се однесува до изложувачите, имав можност да видам интересни тенденции на млади дизајнери од сите континенти. За новата есен-зима 2014/2015 предизвикот ќе биде во комбинирање на навидум неспоиви материјали и парчиња, во боите, како и во транспарентноста на моделите. Сметам дека  Coterie успешно го долови овој концепт.

>>Ја промовира својата нова колекција есен-зима 2014/15 насловена „Пурпурни улици“. Самиот назив алудира на пурпурни нијанси на креациите….Што те инспирира за моделите и каква приказна раскажуваат тие?
-Во однос на самиот назив на колекцијата, пурпурната е боја на духовноста, а улиците симболизираат поврзување, спојување, заминување, разделување, движење, живот, потрага, раскрсници, пресвртници, среќа и тага во едно, чувство на меланхолија кое е неминовно кај секој оној кој трага по естетиката на живеењето. Сите овие улици се во нас, сите овие кружни текови имаат по некој отвор, по некоја можност да се излезе од кругот и да се влезе во нешто поголемо, недофатливо, предизвикувачко. Минимализмот е правецот на кој сум доследна зашто тоа сум во суштина јас самата, а дизајнерот мора секогаш да биде доследен на својата мисла.

>>Какви парчиња се застапени, од какви материјали се и со кои детали ги надополни?
-Колекцијата е богата со парчиња кои лесно може да се комбинираат за различни прилики. Тродимензионалноста преку пикслите искомбинирана со транспарентноста на зелените и пурпурните тонови, златните ленти пресечни во балон сукња и фустан, црвените линии како крајпатни знаци врз волнените палта и капути, платнените каиши разлабавени и навидум асиметрично поставени, сребренометалната отсечност пресликана врз цврст костум кој облекува кревко, сензуално тело. За booklook-от за оваа колекција ја поканив како модел мојата драга колешка Милена Атанасова зашто никој од неа подобро тоа нема да можеше да го долови. Реакциите беа фантастични.

Фотосесијата со креаторката Милена Атанасова како модел ја сними тандемот Ани и Дими

>>За кој тип на клиенти се наменети креациите и каква ќе биде нивната суднина после Coterie, каде ќе може да се купат? 
-Жената која го носи мојот дизајн е жена која знае што сака, жена која се чувствува удобно во својата кожа, пријатно со самата себе си, бестрашна, цврста, сигурна во својот чекор, екстравагантна и доследна на својот свет. Она што со сигурност се знае е дека моите модели се продаваат во Америка, но се надевам дека и македонската жена ќе има можност наскоро да ги види. Има еден проект во план, кој би можеле локално да го реализираме, но за тоа понатаму. После Coterie следуваат нови showroom-ови ширум Америка, најважни се оние во Бостон, Атланта и Флорида, поголема маркетиншка и ПР активност во Америка и поблиско испитување на можностите на западноевропскиот пазар. Брендот НЕЛЛИ е сепак производ на италијанската школа за дизајн збогатен со моето долгогодишно искуство и семејна традиција во овој бизнис, и како таков е препознатлив меѓу американските купувачи.

>> Како ти помина престојот во Њујорк….По што ќе го запамтиш ова патување?
-Со Њујорк енергетски изгледа добро се најдовме, зашто ова ми беше третпат за помалку од една година да престојувам во овој град. Јас го доживувам Њујорк како град на можности, град на милиони светла разлеани по неговите висококатници, мостови, авении, град на различни мириси, бои, звуци благопријатни и исцрпувачки, град на илјадници новодојденци кои имаат една и единствена цел, да се обидат и да успеат.

>>Какви ти се плановите по враќањето во Скопје, што има следно на твојата агенда? Мојата агенда е секогаш исполнета со многу работа. Со мислите веќе сум во пролет/лето 2015 год. Посакувам инспирација, пријатни и креативни луѓе околу мене и многу нови патувања.

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

Фото: Ани и Дими

CoterieshowroomЊујоркАкадемија ИталијанаАни и Димиесен-зима 2014/15македонски дизајнериНели Илиева„Пурпурни улици“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021
  • 1

    Класичен беж мантил и црни хеланки – најмодна комбинација пролетва

    април 15, 2021
  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • ПРОЛЕТ (3)

    Трендови лесни за носење и аплицирање во вашиот стил

    април 14, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics