• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

НИКОЛА ЕФТИМОВ: Колекцијата Dame Electra интуитивно ги следи модните промени на современата жена

Од Ана Несторовска · На ноември 3, 2014

nikola eftimov3
Жена, која како патник низ времето ги користи модните ознаки на различните епохи, поставува прашања за својот идентитетет и ги менува појавните карактеристики е централната фигура во новата колекција на познатиот дизајнер Никола Ефтомов. Креаторот за  линијата, наречена Dame Electra (adieu to duality) , бил инспириран од брзината со која денеска се менуваат модата, но и од промените во неговиот живот овој период. Создал повеќе од 25 креации од кои 14 финални изгледи ги презентира деновиве преку фотосесија на социјалните мрежи.
-Во осумдесетите години на минатиот век, сличните феномени во модата беа нарекувани „жена камелеон“, денес, ваквите скокови, промени во изгледот итн, не се толку зачудувачки, би рекол, се случуваат поедноставно и поспонтано. Ме провоцираше единството на мајката и ќерката, како традиционално спротиставени претставници на одредени целни групи, единството на чувствата, својствата, дефинирачките елементи на колекцијата итн кои некогаш би биле поларизирани, а јас се обидов да ги хармонизирам, но водечката сила позади колекцијата (што се гледа во поднасловот) е реферирање на потрагата по новата парадигма на современата духовност. Како и секогаш до сега, всушност, колекцијава е длабоко поврзана со нештата кои го означија овој период на мојот живот. Годинава е во знакот на многу промени. Од стилистички аспект, работата на колекцијата започна со препрочитување на одредени елементи на 60-тите години на минатиот век, а потоа отидов една деценија порано и една подоцна. Се разбира, тие елементи го минаа мојот личен филтер и не беа буквално толкувани. Целата приказна на новата колекција, и како целина по себе, но и во презентацискиот дел, ја нареков Dame Electra (adieu to duality). Насловот е на англиски јазик, зашто преку официјалната веб страна и социјалните мрежи, мојата дизајнерска мисла и став комуницираат глобално, па поедоставно ми беше така да го дефинирам, отколку да создавам невешти преводи и адаптации.

nikola (9)

Фото: Виктор Наумовски, модел: Ивана Гелева, стајлинг: Лидија Минчев

>> За потребите на оваа колекција беа изработени повеќе од 25 парчиња, кои преку селекција, на крај дефинираа 14 модни изгледи. Какви бои и материјали користеше за реализација на линијата?
- Покрај номиналното сезонско именување на колекцијата и употребата на материјали кои упатуваат на актуелната сезона, постојано си играм и со ткаенини кои лесно би можеле да бидат надвор од сезонските рамки. За причините за ваквиот пристап, веќе имам говорено во некои од претходните интервјуа, затоа сега ќе се задржам на доминантите парчиња, форми, ткаенини и колорит за оваа сезона. Најголемиот дел на здолништата се со основен крој, со мали модификации во преклопите, затоа што сакав да ја испочитувам текстурата на ткаенините и рачното бојадисување и сликање. Дел од блузите по својата генеза се трансформации на дамските кошули со панделки на јаките и контрастни вкроени панели од предната страна, но во колекцијата се застапени и блузи во форма на буквата Т, повторно рачно сликани, или трансформации на идејата за кимоното. Фустаните варираат од трапези, преку стилизација на туниката, до иронизирање со сирената или базичниот туба фустан. Палтата се со едноставни линии, со мали интервенции во закопчувањето, а дел од јакните и мантилите, од конструктивен аспект, се трансформации на кројот за сако, со потенцирани шевови и употреба на различни копчиња. Во колекцијата употребив природни и синтетски материјали. Некои од нив се со изразени текстури, други со печатени мотиви, но како што кажав, еден дел се рачно сликани и бојадисани. Колоритот варира од земјените тонови, преку интензивните бои, до сивото, црното и белото. Иако веќе многу сезони наназад, мотивот на черепот е постојано присутен во колекциите и често пати е врзан за неопанкот, овој пат решив да го исползувам поради симболичното означување на крајот на еден период од моето творештво и живот, но истовремено како можност за регенерација и нов почеток. Од истите причини беа употребени рачно сликаните хризантеми. Постојано во моите есен-зима колекции присутно е синтетското крзно, овој пат и во интензивни бои.

nikola (11)

Фото: Виктор Наумовски

>> Иако си одлично информиран за претстојните трендови, ретко кога твоите колекции слепо ги следат модните актуелности. Доследен си на својот имиџ и секогаш правиш истражувања и комбинации до други епохи и стилови. Како би ја опишал новата колекцијата, дали има поврзаносост со светските модни трендови?
-Освен за потребите на предавачката работа, или кога сум бил ангажиран да дизајнирам производи според многу прецизен бриф и базирани на конкретни тенденции, повеќе не ги следам систематизирано модните трендови. За моите авторски проекти, го претпочитувам интуитивниот пристап, кој дозволува уште поинтензивно чувствување на творечкото вриење во процесот на осмислување, изведба и презентација на колекцијата. Се разбира, мојот креативен медиум е модата, па веќе години наназад, со мали исклучоци, дизајнерската игра ја лоцирам во носливото.  Последново е многу дискутабилно, особено во локален контекст, но во суштина, колку и да станува збор за клише, моите колекции се наменети за софистицирани индивидуалки, кои не се плашат од играта со различни модни изгледи.

nikola (8)

Фото: Виктор Наумовски

>>Линијата ја промовираш со фотосесија на социјалните мрежи, со кого соработуваше на фотосесијата и колку фотографиите ја доловуваат приказната од колекцијата?
-Веќе неколку сезони наназад, постојано соработувам со Лидија Минчев која во фотосесијата беше вклучена како продуцент, беше задолжена за шминката и фризурата, но истотака, ги обезбеди најголемиот дел од додатоците, па ја одигра улогата и на стилист консултант. Континуирана е соработката и со Александра Јовановска, која овој пат беше задолжена за рачното сликање на ткаенините и за изработката на дел од додатоците. После минатогодишниот ангажман на фотографот Виктор Наумовски, и оваа сезона тој го даде својот бесценет придонес за креативно документирање на сработеното и создавање на фотографска приказна, која не само што станува презентациски материјал, туку и ја продолжува приказната во неговиот медиум. Кога соработувам со луѓе од други креативни професии, јас постојано го давам само општиот бриф за колекцијата, понекогаш генералната насока за визуелната презентација, но истовремено, во рамките на можното и со сите ограничувачки фактори, се обидувам што е можно повеќе да ја дадам слободата на изразувањето, со голем респект за туѓото авторство. Конечно, после повеќегодишна преубава соработка со моделката Ивана Гелева на моите авторски ревии и ревиите на моите некогашни студенти, оваа сезона успеавме да ги усогласиме термините и за моја голема среќа, таа беше лицето што ја презентираше најновата модна приказна.

nikola (4)

Фото: Виктор Наумовски

>>Неколку години со континуитет се претставуваше на Моден викенд-Скопје, но овој пат те немаше меѓу учесниците ? Која е причината, зошто не можевме да ја погледнеме колекцијата на ревија на оваа манифестација?
-Оваа сезона решив да направам пауза од настапот на Модниот викенд од едноставна причина што времето не ми дозволуваше и ваков ангажман …Најголемиот дел од оваа колекција ќе биде пласирана во моето продажно место, некои парчиња во други продавници. Зашто станува збор за релативно мал број облеки, покрај фотографската презентација преку социјалните мрежи, беше направена интимна презентација за дел од редовните клиентки, кои резервираа или купија дел од колекцијата…Покрај колекцијата презентирана на фотосесијата, дизајнирав уште една колекција, по покана на сопственичката на дуќанот Inspired by. Во тоа продажно место, веќе стигнаа првите петнаесет парчиња. Втората причина за отсуството оваа сезона е што проценив дека за вака релативно мала колекција, која понатаму не доживува сериско производство, непропорционално голем е ангажманот во подготовките за ревија.

nikola (5)

Фото: Виктор Наумовски

>>Годинава беше ангажиран на костимографијата за неколку театарски претстави во МНТ. Колку твоите модели ги дораскажаа приказните во претставите и им дадоа автентичност ?
-Годинава финализирав два обемни костимографски проекти за МНТ, првиот за претставата „Аферата Елсинор“ по текст и во режија на Љубиша Георгиевски, вториот за „Сината птица“ од Морис Метерлинк, а во режија на Златко Славенски. Станува збор за две целосно различни искуства, различни режисерски визии, а со тоа и различен пристап во осмислувањето на визуелното и потесно на костимот. Секако, целиот процес е исполнет со многу искушенија, но и со многу ситуации од кои се учи. Бев среќен што ја имав можноста за игра со историски костими и со костими базирани на современата мода. Секогаш приказните се повеќеслојни, но поради различната функција на облеката и изгледот во модата и театарот, постојано има простор за исчекори, нови визии, раскажување на недокажаните приказни…Мислам дека би требал да се чувствувам задоволно од сработеното. Секако, постојано е присутна анализата на сопствената работа и обид  да се одговори на прашањата кои произлегуваат од тој процес. Кога дизајнерот, без разлика на сите реални ограничувања, ја следи својата приказна, постојано дава автентичен придонес на целината.

nikola (6)

Фото: Виктор Наумовски

>>На кои ангажмани си посветен овој период и какви ти се плановите за до крај на  годината?
-До крајот на оваа година, во план е изработка на вториот дел на колекцијата наменета за дуќанот Inspired by. Веќе споменав дека годинава е во знакот на промени, па мислам дека периодов ќе го исползувам за ревизија на одредени ставови во однос на работата, но и на сето она што ме исполнува и ми значи како битие. Со години се идентификував со мојата професија, имав блогови на кои стоеше изјавата дека модата е дел од мојата ДНК, во дизајнерската работа буквално бев 24/7. Мојот однос кон модата нема да се промени, но сакам да си оставам поголем простор за останатото и да ги дефинирам приоритетите, барем за периодов што следи. Работата со моето продажно место беше исклучително позитивно искуство, но како се зголеми побарувачката на облека направена по мерка и најавите за нови проекти, почуствував дека можеби е вистинскиот момент пласирањето на готовите парчиња облека сè повеќе да ја одстапувам на други луѓе, на други локации, за да повеќе се посветам на суштествената дизајнерска работа, но и да ги избалансирам потребите за изразување во други медиуми, па ако сакате и да одвојам повеќе време за моите пасии. Периодов размислувам и за изработка на мини машка колекција, повторно презентирана преку фотосесија и направена како дизајнерски гест, или дизајнерска етида. Во преговори сум и за ангажирање во неформалното образование по моден дизајн.

nikola (10)

Фото: Виктор Наумовски

>>Ти си дел од модното жири во емисијата „Стилисимо“. Какво беше за тебе ова искуство и колку  оваа модна критика може да допринесе за подобрување на нештата во нашата јавност? Дали јавните личности се подготвени да послушаат и воопшто, прифатат некој да ги критикува?
-Иако избегнувам премногу да ја коментирам туѓата работа, учеството во жирито на „Стилисимо“ го видов токму како предизвик да се направи извесна промена во однос на ставот за сериозноста на имиџот на јавните личности. Се трудев моите коментари да бидат колку што е можно поблаги и аргументирани. Во крајна линија, иако мојата работа на моменти подразбира свесно кршење на одредени правила, сепак, мислам дека најупорен во мојот став бев кога стануваше збор токму за непочитување на одредни правила и дрес кодови во однос на различни пригоди, направени од незнаење или во случаи на видливо одсуство на негуван вкус. Немам подетални сознанија за подготвеноста да се прифати критиката, но знам дека дел од постојаните релативизации на критичниот став се должат на несуштественото, површно ползување на готовите форми без соодветен контекст. Кога имиџот навистина би станал дел од пакетот што продава одреден производ, мислам дека ќе исчезне и суетниот став по ова прашање.

nikola (12)

Фото: Виктор Наумовски

nikola (7)

Фото: Виктор Наумовски

nikola (13)

Фото: Виктор Наумовски

nikola (3)

Фото: Виктор Наумовски

nikola (2)

Фото: Виктор Наумовски

nikola (1)

Фото: Виктор Наумовски

Dame ElectraDame Electra (adieu to duality)Inspired byЉубиша ГеоргиевскиВиктор Наумовскиесен-зима 20014/15Златко СлавенскиИвана ГелеваинтервјуЛидија Минчевмакедонски дизајнериМНТМодно жириНикола ЕфтимовСината птицаСтилисимоФото: Виктор Наумовски„Аферата Елсинор“
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021
  • ??????????

    Берни Сандерс го претвори своето меме во дуксер за да собере пари за добротворни цели

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics