• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ОЛГИЦА ЃОРГИЕВА: Елегантна модна сложувалка инспирирана од Париз

Од Ана Несторовска · На октомври 26, 2014

olgica kolaz1

Женственост, елеганција, минимализам и урбаност ја сочинуваат сложувалката на колекцијата Complete Your Puzzle за пролет-лето 2015  која етаблираната креаторка Олгица Ѓоргиева ја презентира вчеравечер во рамките на Моден викенд-Скопје.  Публиката во „Ауди-Порше Македонија“ можеше да погледне линија која истовремено е нежна и силна, составена од секојдневни трендовски парчиња, како долги широки панталони, блузи со отворен грб и бизнис-костими, но и елегантни фустани во стилот на 50-тите. Застапени се белата, црната и жолтата боја,  и има доста принтови. Од материјали, користела вискоза, памук и стилизиран жоржет.

olgica kolaz2

- Сите парчиња се носливи, со претежно чисти линии, минималистички израз надополнет со детали или накитот од Oxxete, кој се мои поддржувачи и со кој веќе имаме долгогодишна соработка. Во принцип секогаш ги следам трендовите, но никогаш слепо не се врзувам за нив. Она по кое се водев главно беше идејата. Таа е претставена на суптилен и стилизиран начин, не премногу нападно, дискретно и умерено. Размислував за колекција која во исто време е модерна, елегантна, нослива и уникатна. Сепак станува збор за применливи парчиња и е наменета за девојки/жени кои сакаат -ни изјави Ѓоргиева.

olgica kolaz4

>>Идејата за колекцијата се развила за време на твојот неодамнешен орестој во Париз. Какви искуства стекна таму, колку на професионален план те промени и научи нешто ова патување?

-Моето патување повеќе беше приватно, меѓутоа земајќи во предвид дека отидов точно во период кога се одржуваше Модната недела во Париз, го искористив делумно и работно. Успеав да посетам неколку ревии, учествував на работилници и се запознав со дел од посетителите и излагачите лично. Ја погледнав ревијата на „Кензо“ , настаните на Галијано, како и модните спектакли кои се случуваа на улиците од Париз…Нештата што успеав да ги видам се од огромно значење за мене, пред сè во однос на прашањата, што, како, каде, до каде и слично. Колекцијата настана токму таму, во Париз. Идејата се разви многу спонатно, а инспирацијата дојде додека гледав една проекција на катедрала која беше маркантна.

olgica kolaz3

>> По една сезона пауза, повторно се врати на Моден викенд. Ти си дел од Моден викенд уште од првото издание. Паралелно растеа твојата кариера и оваа манифестација…. Од какво значење е за тебе оваа манифестација?

- Токму така, ние со Модниот викенд некако заедно растеме. Во периодот кога јас влегов во овој проект бев на почетокот од мојата кариера и некако паралелно се развиваме. Нормално дека е од голем значење овој настан за мене. Публиката која е дел од цела оваа манифестација , а и останатите вљубеници во модата, преку вас на друг начин можеа да ја следат низ годините мојата работа и да го пратат моето растење како дизајнер. Земајќи во предвид дека ние скоро и да немаме некои поголеми настани од моден карактер, Модниот викенд е одлична можност за градење на работите во модата кај нас. Со тек на време, со заедничко работење мислам дека може да се направи добар производ, кој би можел добро да продава.

>>  Летово победи во конкуренцијата за најдобар дизајнер за регионот на Европа и Русија на Интернационалните бугарски модни награди EIRENE 2014. Успеа да се пласираш во финалето, меѓу 10-те најдобри, на престижниот избор. Од какво значење е за тебе овој успех, како се рефлектира на твојата кариера?

- Овој настан е добар за моето портфолио. Секако дека ми значи. Што ќе се случува ќе видиме допрва. Активностите се планирани за 2015 година.

olgica kolaz5

>> Минатата зима лансира колекција наменета за деловни жени. Тоа се и твоите најчести клиентики. Каков е фитбекот од таа линија?

- Тоа беше одличен проект, кој имаше добар концепт и кој сакаме да го надградиме и продолжиме и во наредните сезони. Подготвуваме нови работи, кои полека ќе ги пуштаме во јавност по Модниот викенд. Ќе има доста нови парчиња и мислам дека клиентите ќе можат да бидат задоволни со тоа што ќе им го понудиме.

>>Дури и кога правиш пауза од нови колекции, не мируваш. Изминатата пролет-лето лансира линија со маици со принт. Какви се реакциите за маиците, колку и кои најмногу се бараат?

- Паузата ми беше потребна, но јас не престанав да работам , во позадина бев доста активна, претежно работа со клиенти. Маиците одлично поминаа, а посебно ме радува дека најбарана маица беше ПОНЕДЕЛНИК, чиј слоган беше GOrgeus.

olgica

>>Какви ти се плановите за до крај на 2014?

- Да се завршат започнатите работи, да се затвори еден круг и здравје од јануари 2015 продолжуваме да работиме со еден нов, малку поинаков концепт за кој дополнително ќе ве известам.

olgica ani i dimi

Фото: Ани и Дими

Complete your puzzleАуди-Порше МакедонијаинтервјуИнтернационалните бугарски модни награди EIRENE 2014македонски дизајнериМоден викенд-СкопјеОлгица ЃоргиеваПаризпролет-лето 2015ревија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics