• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

WeekEnd Jewellery: Цвеќе врамено во епоксидна смола за романтични души

Од Ана Несторовска · На јуни 24, 2016

WeekEnd Jewellery 02

Во обид да направи накит за себе, креативката Орданка Петкоска пред неполна година ги создала првите обетки од епоксидна смола. Начинот на изработка ѝ се видел привлечен, го доживеала како игра, убавина и леснотија на едно место, па така ја почнала приказната на WeekEnd Jewellery. Брендот е препознатлив по уникатните обетки со пресувано цвеќе со метална подлога, врамено во епоксидната смола. Моделите се за романтични души, за девојки и жени што со носталгија и љубов се сеќава на накитот на своите баби…

Оваа млада мајка и учителка е голема вљубеничка во накитот. Не поседува посебно образование поврзано со модата и дизајнот, но знае што и каков накит сака. Најчесто го создава за време на викендите, па оттаму е и името на нејзиниот бренд.

-Називот WeekEnd Jewellery симболично претставува игра, но сега на зборови.  Изработувам накиткога работната недела завршува, за време на викендите. Ова, исто така, е накит за посебна прилика, за викенд за уживање со љубов и за неа… Овие обетки се за романтични души. За некој кој би ги носел со радост и што преку  нивниот облик , боја и стил ќе се присети  на накитот од баба, нешто зачувано од порано, нешто ретко и вредно, винтиџ накит – вели Орданка.

WeekEnd Jewellery 03

Процесот на планирање, подготовка, лиење, доработка, фотографија и пакување ѝ е предизвик .

-Со секоја наредна колекција истражувам  учам и се радувам. Познавам неколкумина кој работат со епоксидна смола споделуваме искуства, а искрено интернетот е вистинска можност од која може да се види и научи. Интересно ми е сознанието со приврзувањето и отуѓувањето. Бидејќи најчесто ниеден пар на обетки не се повторува, бидејќи секое цветче е единствено – свое. Се случува откако ќе создадам еден пар обетки да ми се допаднат многи и да сакам да ги задржам за себе. Но истовремено сакам да го има и некој друг. Задоволство ми е да видам моја креација на некој друг. Преку дизајнирањето накит научив да споделувам,  и видов како за возврат се враќа назад-убава енергија и благодарност. Што повеќе и поубаво од тоа да се посака? – вели таа.

WeekEnd Jewellery (11)

Облиците и оквирите за секоја колекција се во мал дел различни и нови. Вели дека нив ги има доста и убаво е да се менува истражува и бара. Но, цвеќето и епоксидната смола се основата која не сака да ја менува.

-Пробав да креирам обетки и со фотографииво основата – и морам да признаам дека е интересно е, впечатливо и препознатливо за одреден вкус. Но, сепак, засега цвеќето е вистинското обележје на WeekEndJewellwey. Најчесто изработувам обетки и прстени. Пробав да креирам и брошеви,  понатаму, зошто да не, би да продолжила со привезоци, белегзии, детали за во коса… Секогаш наидувам на некој нов облик и тоа ми создава чувство на нешто ново и за менесосема доволно.

WeekEnd Jewellery 01

Досега најголемиот дел од накитот во основа го има цвеќето, а природата е нејзина најголема инспирација.

-Ме мотивираат  прекрасните комбинации на мириси, форми и бои од природата . Инспиративен е начинот да се дојде до цвеќето. Тоа веќе стана и секојдневна релаксација на моите најблиски: прошетка во природа, собирање цвеќе и пресување со радост… И да, инспирација ми е и комуникацијата на страницата на Фејсбук. Чувството од кое, како накит, јас постојано носам насмевка. Непроценливо задоволство ми е кога некој ќе се препознае во некој пар обетки. Благодарна сум на комуникацијата и инспирацијата која од ова ми доаѓа-вели таа и за крај додава дека секоја колекција ја изработува и насловува со љубов и радост. Засега обетчињата лесно наоѓаат весели лица за да им бидат украс, а тоа е и планот на Орданка за развој на брендот -„со уживање и љубов напред и само напред“.

WeekEnd Jewellery 04

WeekEnd Jewelleryвинтиџ накитепоксидна смоламакедонски дизајнери на накитобеткиОрданка Петкоскапресовано цвеќеромантични душицвеќе
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

  • page0 5 интервју

    Интервју со модната дизајнерка Ивана Кнез: Тенка е границата помеѓу лудило и храброст овде

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • Linda-Evangelista-FENDI-Baguette

    Линда Евангелиста беше брутално обезличена после естетски третман, сега се враќа на манекенството со кампањата на Fendi

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • 1

    „Љубовна парада“ – спектакуларна ревија на Гучи во Холивуд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 0

    Магичниот Royal Mansour во Маракеш

    август 16, 2022
  • Ann-Sofie Johansson, Creative Advisor H&M

    Интервју со Ann-Sofie Johansson од H&M во пресрет на отворањето на првата продавница на модниот бренд кај нас

    август 16, 2022
  • ?????????

    Почнете и завршете го денот со вода со цимет и мед

    август 16, 2022
  • 1

    City Beach Style: Летни модни комбинации погодни и за плажа и за град

    август 15, 2022
  • 1

    Летни варијанти на машкиот костум

    август 3, 2022

Убавина

  • neon french

    #NeonFrench – Француски маникир со флуоресцентни врвови

    јули 11, 2022
  • 3 (3)

    House of Creed со задоволство ви го претставува Wind Flowers, најновиот свеж и цветен мирис

    јули 9, 2022
  • 1 (8)

    Шведскиот beauty-tech бренд FOREO достапен на продажните места во Neptun

    јуни 16, 2022
  • spf

    Грешки што не треба да ги правиме при употреба на креми со заштитен фактор

    јуни 8, 2022
  • 60197676_2455248107820681_5289026189485146112_n

    Видео туторијали: Бронзена и сјајна шминка за ултимативен летен изглед

    јуни 8, 2022

Живот

  • 0

    Магичниот Royal Mansour во Маракеш

    август 16, 2022
  • ?????????

    Почнете и завршете го денот со вода со цимет и мед

    август 16, 2022
  • sangria mojito

    Што преферирате повеќе – сангрија со лубенца или мохито со лубеница?!

    јули 22, 2022
  • zito luks dija leb

    ДИЈА леб – нов производ на Жито Лукс поддржан од Сојузот на здруженија на дијабетичари

    јули 12, 2022
  • goodtime-pharrell-williams-david-grutman (2)

    Хотелот The Goodtime на Фарел Вилијамс во Мајами – среќно место што ја следи естетиката на градот

    јули 11, 2022

Култура

  • Ilindenski denovi 2022

    Во Битола започнува фестивалот „Илинденски денови“ – 12 дена фолклор од регионот, Европа и САД

    јули 18, 2022
  • ???

    ЈУ Универзална сала – Скопје и градот Скопје го објавуваат следниот ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2022

    јули 14, 2022
  • 10_Planet der Schafe

    Премиера на германско-македонскиот документарен филм „Планета на овците“ на CINEDAYS

    јули 5, 2022
  • 1

    Одлична музичка програма и рекордна посетеност на „Д Фестивал“ во Дојран

    јули 4, 2022
  • ???????????????????????????

    SKOPJE LIGHT FESTIVAL 2022: Јавен повик за избор на предлог концепти во рамки на Фестивалот на светлината

    јуни 30, 2022

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics