• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Интервју со Симон Ендровски, оперативен менаџер на модниот бренд „БЕЛА“: Пронаоѓање добар кадар е секогаш предизвик

Од stylist @StylistMKD · На октомври 10, 2018

Со години се прашуваме како текстилната индустрија во Македонија да ја претвориме во модна индустрија, односно како ЛОН системот да го замениме со сопствен дизајн и бренд и дали имаме доволно квалифукивани кадри, модни дизајнери кои можат да придонесат во сето тоа. Токму на оваа тема разговараме со Симон Ендровски, оперативен менаџер на модниот бренд „БЕЛА“ кој успешно го освојува пазарот повеќе од 25 години.

FOTO 1 Simon Endrovski

Симон Ендровски

Додека во Македонија со години стои прашањето како лон-производството во текстилната индустрија да се замени со готови производи под сопствен бренд, вие изградите една поинаква приказна и успешно опстојувате на пазарот повеќе од 25 години. Која е тајната на „Bella“? 

-Не можам да кажам дека има само една тајна компонента, напротив сметам дека успехот на компанијата доаѓа од способноста на тимот да ги реализира идеите кои одапред сме ги зацртале т.е. во нашиот случај нацртале.

Економските принципи ги прават индустриите динамични, а ние сме во една од најстарите индустрии и поради заситеноста истата е и една од подинамничните. Од тука произлегува потребата за трансформации на процесите како додавање, подобрување, усовршување и отстранување на непотребните процеси. Во изминатите 10 години активно учествувам во овие промени и тие се најголемиот предизвик во мојата работа.

FOTO 2

FOTO 3

Дали има доволно квалификувана работна сила во Македонија за оваа индустрија и како доаѓате до нив?

-Без сомнение сите индустрии во државата имаат недостаток на квалификувана, а и на неквалификувана работна сила. Текстилната како втора индустија по број на работни места уште пред повеќе од 5 години се соочува со овој проблем. Главна алатка за прибирање на нови кадри треба да бидат образовните институции, а ние од неодамна започнавме соработка со Академијата за Моден Дизајн на Сеавус Едукативниот и Развоен Центар.

Како започна Вашата соработка со Сеавус Едукативниот и Развоен Центар (SEDC)? Дали досега сте соработувате и со други образовни институции со цел регрутирање на потенцијални кадри за работа? 

-Секако дека сме соработувале и со други образовни иституции, како за високо квалификувана сила така и за средна квалификувана сила. Но за разлика од останатите, SEDC во програмата обучува кадри кои имаат познавања и од моделирање со што се разликуваат од останатите школи за моден дизајн, а поради взаемниот интерес за практичната примена на стекнатото знаење на студентите стапивме во контакт и остваривме соработка.

FOTO 4 Natali Naumova

Натали Наумова

Гордост на менторите е кога ќе видат дека нивните студенти се задоволни од тоа што го научиле на Академијата и имаат можност практично да го применат истото. Особенo задоволство е кога нивниот труд на крај ќе се заврши успешно и ќе добие една целина. Таков е случајот кај вас, каде студентот успешно ја реализираше праксата и се стекна со работен статус во вашата компанија. Што ја очекува сега вашата нова колешка?

-Апсолутно истото важи и за нас, среќни сме кога ќе успееме да вработиме практикант, бидејќи со истото покажуваме дека времето било ефикасно искористено. Во однос на очекувањата, по завршување на праксата следува уште еден долг период на обука (околу една година), а по стекнувањето на одредено работно искуство ние можеме да ја оцениме стручноста на вработениот. Во „БЕЛА“ годишно произведуваме над 200 уникатни производи и секој од нив е проект сам за себе, кој треба да се развие од хартија до финален производ. Очекувањата се предизвикувачки и за новата колешка Натали и за сите нас како тим.

Како бренд бр.1 кога станува збор за дизајнирани парчиња облека за модерна и деловна жена, што во иднина може да очекуваме од „БЕЛА“? 

-Во брзо време очекувајте нови колекции кои ќе бидат уште подобри и во дизајнот и во функционалноста. Во иднина, планот е да се прошириме на надворешни пазари и таму да го достигнеме упехот кој го имаме во Македонија. Напорно работиме на реализација на нашата цел и се надеваме на успех!

FOTO 5

FOTO 6

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics