• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

СТЕФАНИЈА НАСЕСКА @FWSK: Со „Револуција“ ја продолжувам борбата за промени на сцената

Од Ана Несторовска · На март 24, 2014

Креаторката ни ги испрати дел од скиците за новата колекција

Откако во претходната колекција го сплете прашањето „Шчо напраифме“ на Крсте Петков Мисирков, алудирајќи на состојбата на македонската мода, младата креаторка Стефанија Насеска продолжува да ја анализира сцената и во пролетната линија. Поттикната од потребата да го искаже своето мислење во однос на модата кај нас, таа ја создала колекцијата „Револуција“, која ќе биде промовирана на претстојниот Моден викенд-Скопје.
-Сметам дека потребни се промени во однос на стилот што се негува кај нас. Сега, кога има излезено голем број на млади школувани дизајнери, може да почне да се зборува на таа тема. Зошто за да се облече дизајнерско парче мора да има голем повод како прослава и свадба? Зошто македонските дизајнери да не изработуваат секојдневна гардероба, во која ќе има креативност и автентичен печат, облека која секој ќе посака да ја носи. Мислам дека треба сè уште да се работи во таа насока, но пред сè мора од некаде да се почне, па затоа колекцијата ја именував „Револуција“. Не во смисла дека после ова колекција сè ќе се промени, туку дека со овие модели го назначувам почетокот на промените. Колекцијата нема никаква политичка поврзаност и заднина, ниту пак воена инспирација. За мене револуцијата е еднаква на промена-вели таа.

Стефанија Насеска

Водечки форми во колекцијата се здолништа и фустани во А-форма и лале крој кај мантилите. Моделите се со чисти линии и симетрични кроеви. Материјaлите се монохромни во комбинација со парчиња со цветни дезени.
-Со оглед на тоа што е  пролет, мислам дека е потребна свежина,  па затоа се одлучив на живи бои.  Материјалите настојував  да бидат  природни, а најмногу е застапен памукот,  кој голем дел рачно ги бојадисував… Секогаш се обидувам колекциите да ми се во тек со светските трендови, бидејќи според мене така најправилно се работи. Искрено ми е жал што поради финансиски причини морам да работам сезона за сезона, а не по модните правила. Доколку продолжи ваквата пракса би можело тоа да стане тема за критика во некоја од моите наредни колекции-вели таа.
Моделите се наменети за девојки со стил и за сите оние кои се чуствуваат млади, сигурни и горди во тоа што го носат. Смели во комбинирањето и изборот на парчињата.  На ревијата во Скопје ќе даде големо значење на музиката,  која ќе се се потруди да е во соодност на колкцијата, зашто, како што вели,  таа ја прави магијата целосна,  додека за кореографијата остава на одговорните лица од FWSK во кои има целосна доверба.
-Модниот викенд-Скопје е одличен настан од ваков тип со добра организација. Задоволна сум од досегашаната соработка. Се надевам дека колекцијата ќе биде претставена во најдобро светло и медиумски ќе биде добро покриена…По ревијата имам повеќе планови за ова пролет. Не сум сигурна дали ќе се исполнат сите, но секако планирам да ја претставам и во пелагонискиот дел, зашто голем број од пубиката и од клиентите нема да можат да присуствуваат во Скопје, па ова ќе им биде шанса да ја видат во поинакво светло, не само на фотографија.

Со прашањето „Шчо напраифме“ на Крсте Петков Мисирков, извезено на моделите од претходната колекција почна да ја критикува состојбата на македонската мода Фото: Ани и Дими

Стафанија крена голема прашина на минатото издание на Моден викенд со џемперите со мисла инспирирана од Мисирков.
-Написите не само што се актуелни ова сезона, туку и  пораката која ја носи колекцијата најдобро се искажува преку нив. И самото револуционерно покажува дека пак се задржувам на нешто што е наше, блиско, познато, но поинаква смисла. Започнав со Мисирков. Како што тој ги постави темелите на литературниот македонски јазик, така јас ги поставив темелите на промените во македонската мода, каде што понатаму ќе работам на изградба. Можеби како единка нема да постигнам многу, но се надевам дека ќе поттикнам да почне да се размислува на тоа поле – промена – улична мода. Колекцијата помина многу подобро од очекуваното. Секогаш сум скептик кога е во прашање нова колекција. Па така и за неа сметав дека не е доволно добра и дека нема да биде прифатена баш најдобро. Но како и секогаш се случува спротивното. Колекцијата беше многу добро прифатена и голем дел од парчињата се распродадоа во рекордно време, толку бргу што не успеав ниту да направам фотосесија за истите. Искрено се надевам дека оваа ќе помине приближно како минатата.

Од ревијата на минатото издание на Моден викенд, Фото: Ани и Дими

Меѓу двете изданија на Моден викенд креаторката, која доаѓа од Прилеп, имаше доста ангажмани.
-Учествував  на еден од проектите на организаторот на Модниот викенд –  Дизајнерска магија на новогодишни елки  во „Скопје сити мол“. Се надевам дека елката што  ја изработив ќе остане запамтена. Исто така имав еден обид за размрдување на модните случувања токму во Прилеп со организирање на моден перформанс… Се раководам според едно правило: кога се појавуваш на вакви случувања значи постоиш, те има,  кога те има и кога држиш континуитет значи работиш, а кога работиш значи вредиш и заработуваш, само така може да одиш напред-вели таа.

Стефанија пред својата елка на настанот „Дизајнерска магија на новогодишни елки“, Фото: FWSK

FWSKА-формаинтервјуКрсте Петков Мисирковмакедонски дизајнериМоден викенд-СкопјепамукПрилепрачно боен материјалРеволуцијаСкопјеСтефанија НасескаШчо напраифме
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics