• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

[SKP] pop-up store ќе ја промовира македонската мода во Швајцарија

Од Ана Несторовска · На декември 3, 2014

skp pop up store

Со цел да се промовира современиот македонски моден дизајн, од 9 до 13 декември во Берн, Швајцарија ќе се одржи [SKP] pop-up store. Настанот ќе се одвива во просториите на Kulturbüro, во стариот град на Берн. Таму, посетителите ќе може да погледнат парчиња облека и накит од нашите етаблирани дизајнери: Лидија Георгиева, Јована Филиповиќ, Драган Христов (Ludus Loves Fashion), Бобан Илиевски (Chic Undercowear), Ирина Тошева и Јана Ацевска (Kapka Jewelry). Исто така, ќе се претстави  и гостинката-дизјанерка Ива Јанковиќ (MIDSArtWear), која потекнува од Балканот, но живее во Холандија.  Организатори на [SKP] pop-up store се Тања Стоименовска и Паула Сансано- една од основачите на Studio Sansano. Пред отворањето на изложбата поразговаравме со Тања, која е поддржувач и промотор на македонската мода во Швајцарија.
-Целта на настанот е да изградиме културен мост помеѓу Швајцарија и Балканот. Во последниве години во дизајнерската сцена на Балканот може да се забележимомент на напредок и убавина. Истото може да се  забележи и во Македонија. На [SKP] pop-up store би сакале да ѝ ги покажеме на публиката во Берн највозбудливите и иновативни македонски дизајнери, чии креации се комбинација на современото производството, со локален печат, со  модерен израз и висок квалитет. Младите македонски дизајнери, не само што влечат инспирација од земјата со богата текстилна традиција, туку уште поважно, тие носат со нив и големо меѓународно искуство. Повеќето од нив се школувале и работеле во главните модни центри на Европа (Милано, Париз итн), а потоа ги донесоа своите искуства назад на Балканот. Називот [SKP] pop-up store всушност потекнува од кратенката за Скопје, што е меѓународниот знак за Скопскиот аерoдром – SKP. Идејата за користење на аеродромската кратенка за името ја смисли нашата пријателка Сибила Мартинели. Ми се допадна оваа идеја, леплива е за уво и е кратка-вели Тања.

tanja i paula

Паула Сансано и Тања Стоименовска ја организираат поп-ап продавницата со македонски дизајни

Ова е првото издание на [SKP] pop-up store, а во зависност од успехот на првиот настан, би сакале да организираат продолжение и на пролет.
-Доколку успееме да организираме следен настан, би сакале да ја збогатиме програмата со дизајнери од различни делови на Балканот (како што се Белград, Приштина, Сараево и др). Сепак, сега е премногу рано да се зборува за следен настан. Чекор по чекот. Да видиме прво како ќе реагира швајцарската публика на првиот настан и на дизајнот што ќе го понудиме и промовираме-вели таа.
Идејата за соработка меѓу Стоименовска и Сансаносе случила спонтано ова лето, како производ од една богата заедничка дискусија. Тие се запознале пред една година. Брзо сфатиле дека имаат повеќе заеднички нешта, како љубовта кон културата и уметноста и што е најважно и двете делат голем интерес за Балканот.
- Би сакала јавно да ѝ се заблагодарам на Паула и на Studio Sansano за вклучувањето во оваа авантура, бидејќи без нивната поддршка јас не би имала храброст да го организирам настанот сама. Studio Sansano е основано во 2012 година, од страна на Паула Сансано и Георг Хеслер Сансано. Тоа е интердисциплинарно биро за дизајн и за планирање.  Studio Sansano собира приказни и предмети од својата околина и ги користи како основа за развој на уметнички проекти… Инаку, јас не сум дизајнер по професија, но отсекогаш се интересирамза модата, особено за младите, независни брендови, кои се обидуваат да останат иновативни и креативни, и да го најдат својето место во светот на модата, а притоа да го зачуваат својот автентичен израз.

tanja.viena

Тања живее во Берн речиси една година

Тања живее во Берн речиси една година. Магистер е по политички науки и додека живеела во  Македонија работела во областа на подобрување на (административните) капацитети на земјата за влез во ЕУ. Откако се преселила во Швајцарија, почувствувала дека е време за професионална промена.
-Така, решив да се занимавам со нешто покреативно и поврзано со убавината. Иако во моментов не живеам на Балканот, својата инспирација ја наоѓам таму и сè уште имам силна врска со тој регион. Со овој проект би сакала да му ја прикажам на светот деликатната и креативна страна на Балканот, што не е очигледна, но треба се да гребне под површината за да се види убавината зад неа. Мојата локација во моментот ми дава добра шанса за работа на ова поле и се надевам дека овој концепт ќе се развие понатаму – вели таа.

bern1

Во [SKP] pop-up stor ќе бидат претставени креации од Ирина Тошева, Бобан Илиевски и Драган Христов („Лудус“)

Паула Сансано е родена во Буенос Аирес, Аргентина, а дипломирала архитектура на Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Цирих во 2000 година. До 2012 година работела како архитект на дизајн во Базел и Берн, како и асистент на професорот Питер Џени и Кристијан Керез на Катедрата за архитектура на ЕТХ Цирих. Добитник е на стипендија 2012/13 на Уметничката комисија на Кантонот Берн, кој ја носи во Белград. Во моментов таа го води Studio Sansano.
Георг Хеслер Сансано, пак, потекнува од Берн, а студирал класична филологија. Тој работи како ТВ новинар во Швајцарската национална телевизија ( како продуцент и автор на политичка програма наречена Rundschau). Покрај тоа, тој е автор на документарни филмови. Во неговиот фокус се социјалните прашања, безбедносната политика и историскитот и социјален развој на Балканот.
Досегашни проекти на Studio Sansano се: VIDEOMAPPING Нов Белград, документарниот филм за единство и хуменост „Јованка!“ и Büro Белград – комбинацијана визуелни, документарни и литерарни сведоштва.

bern2

Публиката во Берн ќе може да ги погледне и новите колекции на Јована Филиповиќ и Лидија Георгиева

jana acevska

Накиот на Јана Ацевска ќе биде изложен во Kulturburo

iva jankovic

На настанот ќе се претстави и гостинката-дизајнер Ива Јанковиќ, која потекнува од Балканот, но живее во Холандија

Chic UndercowearKAPKA JewelryKulturbüroLudusLudus Loves FashionStudio Sansano[SKP] pop-up storeЈана АцевскаЈована ФилиповиќБалканБернБобан ИлиевскиДраган ХристовИва ЈанковиќИрина ТошеваЛидија Георгиевамакедонски дизајнеримакедонски дизајнери на накитПаула СансаноТања СтоименовскаХоландијаШвајцарија
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics