• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ВЛАДИМИР ВИДАНОВСКИ: Со фотоапаратот ја раскажувам приказната на дизајнерите и моделите

Од Ана Несторовска · На март 5, 2015

vladimir vidanovski  (1)

Фотоапарат првпат дофатил на многу мала возраст и не сакал да се оддели од него. Оттогаш било очигледно дека фотографирањето ќе биде нераскилив дел од неговиот живот. Денеска, за битолскиот студент Владимир Видановски, кој важи за еден од најангажираните талентирани млади фотографски имиња кај нас, фотографијата е главно средство за искажување на своите уметнички и модни гледишта. За кусо време успеа да се наметне на сцената со своите уникатни и сценографски добро осмислени фотосесии и да оствари соработка со повеќе домашни етаблирани дизајнери. Зад него е успешна година, во која оствари неколку промотивни фотосесии за колекциите на дизајнерката Лили Кадинска, која стои зад Le Brand, како и за реномираниот креатор Никола Петровски.
-Минатата, 2014 ќе ја паметам како година во која имав повеќе соработки со различни модели, дизајнери и фотографи, и со тоа влегов на модната сцена во Република Македонија. Морам да нагласам дека токму во 2014 се „пресоздадов”, односно мојот стил на фотографирање го надградив во најдобриот до сега, во тоа што е денес, преку експериментирање со различни бои, светла и стилови. Во идинина ќе продолжам да се надградувам сè повеќе и повеќе, па со тоа и ќе се подобрувам во праксата- вели Видановски.

vladimir vidanovski  (4)

Од фотосесијата PLAINS за колекцијата есен-зима 2014 на Никола Петровски

>> Како настана соработката со дизајнерот Никола Петровски и колку си задоволен од реализацијата на фотосесијата со него?
- Гледајќи ја неговата ревија на Модната недела во Битола 2014- боите, движењата и самиот изглед на моделите кои ги претстави во колекцијата ме инспирираа, а идејата за сесијата ми дојде токму тогаш, додека се движеа по пистата. Па затоа решив после таа вечер да му предложам соработка и конечно во август сесијата беше изведена. Мислам дека PLAINS беше една од најуспешните фотосесии, бидејќи беше изработена со извонреден тим.

>> Често соработуваш и со Лили Кадинска, таа е една од најголемите твои промотери. Колкава креативна слобода ти дава при реализација на заедничите?
- Не би рекол дека Лили Кадинска ми е „промотор”, туку можам слободно да речам дека таа ми е инспирација. Секое нејзино парче облека ме инспирирало, ми дало некаква идеја за тоа како можам да го вклопам во моден едиторијал. За сите проекти Лили ми дава максимална креативна слобода, па и тоа е една од причините зошто имаме изработено веќе шест успешни едиторијали заедно.

vladimir vidanovski  (6)

Снимањето на едиторијалот The Nymph со модели од Le Brand – еден од најголемите предизвици во кариерата на Владимир

>> Кои досегашни проeкти би ги издвоил како највпечатливи и од кои најмногу си научил?
- Дефинитивно би рекол дека фотографирањето на едиторијалот The Nymph со модели од Le Brand, односно Лили Кадинска, беше најинтересно и највпачатливо, бидејќи половина од сесијата се одвиваше под вода. Тоа беше и причината зошто наидов на повеќе пречки, но со нив научив многу и со тоа дефинитивно се подобрив.

>> Како и кога почна твојата фотографска приказна, кој ти ја вдахна љубовта кон фотографирањето, кога ги направи првите фотографии… Може ли да се потсетиш на твоите почетоци?
- Една година пред почетокот на средношколските денови ја пронајдов љубовта кон фотографирање луѓе, односно портрети. До тогаш фотографијата ме интересираше како воопштена уметност, сè додека во мене не се разви интересот кон портретната и модната фотографија, а со тоа и надградбата која ја започнав самиот, чисто почнувајќи од онаа точка која мене ме привлече. Сфатив дека секој израз, секое ново движење на телото и лицето, во еден мал дел од секундата, значи момент кој многу кажува, само ако тој момент објективот успее да го „дофати” токму онаков каков што окото на фотографот во моментот на спуштањето на прстот го доживува. До есента минатата година, немав посетувано никаква обука, сè што имав научено било од истражување, проучување и од сопствените грешки. Но во октомври 2014, во рамки на FWSK, беше организирана обука од Британската Амбасада, која беше водена од стилистката Ребека Рој. Траеше за време на Модниот викенд-Скопје, а во него голем број на модни блогери и фотографи, во кои спаѓав и јас, бевме задолжени да фотографираме и пишуваме за настаните.

vladimir vidanovski  (5)
>> Кој беше пресуден момент да почнеш професионално да се занимаваш со фотографирање, Кој те поттикна, инспирира или најми првично?
- Кога веќе забележав дека повеќе луѓе изразуваа желба да ги фотографирам, сфатив дека ова може да прерасне од хоби во професија. Прво бев малку скептичен, но поттикнат од охрабрувачките зборови од пријателите, роднините, а најмногу од моите родители, започнав да фотографирам на попрофесионален план.

>> Зошто се одлучи за модна фотографија?
- Новооткриената љубов кон модата пред околу три години ме поттикна да експериментирам со различните гранки на фотографијата, па со тоа најмногу се пронајдов во модната фотографија. Започнав да забележувам детали кои што до тогаш не ги забележував – движењата на луѓето, динамиката на секое парче облека и детал, како израз на себеоткривање, изразите на лицата на моделите… Сите тие работи сакав да ги вклопам во една фотографија, но не само како комбинација од човек и облека, или едноставен приказ на модел, туку и приказна која раскажува повеќе , која знае да разбуди чувства кај секого кој ја гледа фотографијата и се разбира емоциите што креаторот сака да ги искаже преку секое парче облека, односно сопствената приказна и порака на истиот. Значи целосното доживување, како експресија во која се внесени гледиштата и емоциите на оној кој ја раскажува приказната, односно креаторот и моделот, оној кој ја пренесува – фотографот и оној кој ја перцепира.

vladimir vidanovski  (15)

Една од промотивните фотосесии за Лили Кадинска

>> Кои се твоите идоли, односно на кои фотографи им се одушевуваш и од кои учиш за модната фотографија?
- Искрено немам конкретно еден човек што би го нарекол идол, но ако морам да одберам би рекол дека фотографот Алекс Стодард бил прв што ме поттикнал да творам. Неговата приказна е слична како мојата, започнал со фотографирање на едноставни портрети, за подоцна да се определи за концептуална фотографија и на крајот модна.

>> Паралелно со фотографирањето ти студираш информатика и комјутерско инжинерство на ФИНКИ. Како ги поврзуваш двете професии? Како се координираш со обврските на факултетот?
- Информатиката и комјутерско инжинерство ми е втора пасија, после фотографијата. Се трудам да ги балансирам на еднакво ниво, но некогаш тежината се зголемува на страната на хобито, а понекогаш на обврските. Сè уште ја немам најдено златната средина, но чувствувам дека ќе ја пронајдам наскоро.

vladimir vidanovski  (17)

Портретите му се голема пасија, едно од последните остварувања на младиот фотограф

>> Претпоставувам дека фотографирањето засега го доживуваш како хоби, но дали има можност за негово прераснување во професија и во која насока сакаш да го продолжиш образованието?
- Моментално мислам дека сум на правиот пат, односно факултетот го гледам како главен, а хобито е на второ место. Понекогаш велам дека фотографијата ми претстуавува „план Б”, бидејќи имам надеж и верба дека во иднина може да прерасне во нешто поголемо од тоа што е моментално – хоби.

>> Колку твоето семејство и твоите пријателите те поддржуваат во твојата заложба да се бавиш со фотографирање?
- Најголем поддржувач на ова што го правам е мојата мајка, таа е првата личност од која барам совет, инспирација и мислење. Сите мои пријателите и останатите роднини ми даваат максимална поддршка во сето ова што го правам, бидејќи гледаат дека ме носи кон подобра иднина.

vladimir vidanovski  (3)
>> Што најмногу сакаш да фотографираш покрај модели и модни парчиња?
- Како што кажав, започнав со портретна фотографија, па таа сè уште ми остана во срцето како една од најомилените стилови. Исто така, концептуалната фотографија ми дава можност да создавам приказни и мистерии во една слика, како начин на прикажување на моите фантазии на реално ниво. Пред околу три години започнав да експериментирам со автопортрети, исто така како дел од концептуалната гранка и преку тоа започнав да раскажувам различни периоди од мојот живот низ фотографии.

>> Родум си од Битола, колку те инспирира твојот град и колку често му се навраќаш?
- Почетоците ми беа токму таму, во Битола, па затоа секогаш кога се враќам во мојот град, инспирацијата и носталгијата излегуваат од мене и не се гасат подолго време. Затоа и ја посетувам најчесто што можам и секое слободно време додека сум во Битола го одделувам повторно за мојата најголема љубов – фотографијата.

vladimir vidanovski  (11)

vladimir vidanovski  (10)
vladimir vidanovski  (7)

vladimir vidanovski  (16)

vladimir vidanovski  (12)
vladimir vidanovski  (13)

vladimir vidanovski  (8)

vladimir vidanovski  (14)

vladimir vidanovski  (9)

Le BrandPLAINSThe NymphВладимир ВидановскиЛили КадинскаМоден викенд-СкопјеМодна недела во БитолаНикола ПетровскиРебека Рој
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics