• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ИРИНА ТОШЕВА @FWSK – Модно потсетување на едно минато време

Од Катерина Трајановска · На март 13, 2014
1013306_548597591904293_26753194_n

Фото by FWSK

Младата дизајнерка Ирина Тошева последниве сезони предизвика големо внимание и стана препознатлива по колекциите со впечатливи шари и со младешки стил, како и по солидната продажба на онлајн-продавницата Bastet Noir, покажувајќи истовремено дека може да се создава домашна дизајнерска облека со достапни цени и дека нашата публика веќе почнува да купува мода на интернет. За престојното издание на Моден викенд-Скопје, за неа веќе петто претставување на манифестацијата, таа ни најави колекција за пролет-лето 2014 со која ќе не прошета во еден подзаборавен орман. На прв поглед, од работните фотографии направени за каталогот на FWSK, забележуваме женски и машки модели во ретро стил, ѕвонести панталони, принтови карактеристични за 60-тите и 70-тите години и ленонки како моден детаљ.

-Во подзаборавениот орман ќе најдете шарени памучни ткаенини, живост што пркоси, мирис на носталгија и една позната стара мелодија. Се инспирирав од старите фотографии од семејните албуми, каде пронајдов сведоштва на една бујна и шарена младост со свој моден печат – вели Ирина.

baner_mv2014_620x90_PIX

Во новата колекција ќе бидат застапени графички принтови на памучни ткаенини во жолта, сина, зелена и розова боја. Во однос на тоа колку нејзината линија се води од светските модни тенденции, ни откри дека водена од желбата да истражи нешто ново, како што често и’ се случува, колекцијата несвесно се поклопи со актуелните модни трендови. Модните парчињата што Тошева ќе ги претстави на FWSK се прилагодливи за сечиј вкус, колекцијата е наменета за сите млади и за оние кои се чувствуваат така, како и за сите оние кои сакаат да се потсетат на едно поинакво време.

-Ќе ја продолжам соработката со македонски креативци кои ќе работат на музичкото обликување на ревијата. Во духот на колекцијата движењето ќе биде послободно, а очекувањата секогаш се високи. Ова е мое петто претставување на Моден Викенд-Скопје и сигурна сум дека повторно ќе го прошири кругот на оние кои се запознаени со мојата работа – ни кажа Ирина за тоа како ја замислува идната ревија.

 

Ирина Тошева во финалето на ревијата за пролет-лето 2013 прикажана на FWSK

Ирина Тошева во финалето на ревијата за пролет-лето 2013 прикажана на FWSK

По Модниот Викенд колекцијата ќе биде претставена и во Виена на Balkan Fashion Emotion Days. По ревиските презентации ќе биде достапна за продажба во нејзиното ателје, како и онлајн насекаде во светот преку интернет продавницата за еко мода bastetnoir.com.

Во изминатиов период Ирина имаше неколку интересни дизајнерски проекти. Се радува на соработката со Младинскиот Културен Центар каде беше ангажирана во креирањето на костимите на мандолинскиот оркестар и женскиот хор. Соработуваше и со младата виолинистка Ева Богоевска, којашто ја претставуваше Македонија настапувајќи со оркестарот на Хо Ши Мин во Виетнам. Посебно е горда и на настанот „Дизајнирани прегратки“ преку кој успеа да вклучи македонски дизајнери и креативци во филантропска акција за уличниот магазин „Лице в лице“.

-Сè ова поставува високи цели за 2014 година во која како и секогаш ќе ја имам поддршката од мојот креативен тим, клиентите и секако медиумите.

collage

Од колекцијата за есен-зима 2013/14

FWSKИрина Тошевамакедонски дизајнериМоден викенд-Скопјепролет-лето 2014
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics