Деловна жена, дизајнерка на ентериери и модна икона, Ајрис Апфел во август полни 100 години и својот еден век ќе го прослави со соработка на дизајн на модниот детаљ по кој е препозналива – очилата. Ајрис најави модна колаборација со брендот Zenni со кој курира колекција од 100 модели на очила.
-Ги обожавам модните додатоци и верувам дека очилата можат целосно да ја надградат облеката. Имав колекција многу пред да морам да ги носам. Очилата за мене се инспиративни и го комплетираат мојот изглед. Не треба сите да сакаме да изгледаме исто. Очилата се одличен начин да го пронајдете вашиот уникатен стил и малку да ги промените работите – вели Апфел за колекцијата на Zenni.
Колекцијата се вика Iris Apfel Edit и вклучува 5 категории очила кои импресионираат, меѓу нив Living Colorfully – очила со рамки со цветни отпечатоци или точки, Bazaar Treasures – инспирирани од „бувљак“ пазарите кои Ајрис ги сака, Signature Style – што вклучува предимензионирани модели, Structural Design – модели со геометриски принт, и Mini Iris – очила за деца.
Нема коментари