• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

Ивана Кнез дизајнира униформи за дадилките на богатите семејства од Блискиот Исток

Од Катерина Трајановска · На февруари 4, 2014

1653514_405247266288770_561867697_n

Дадилките во елитните семејства на Блискиот Исток наскоро ќе носат униформи креаирани од нашата дизајнерка Ивана Кнез. Таа пред неколку месеци престојуваше во Абу Даби како учесник на саем за луксузна еколошка мода, а сега најавува соработка со компанијата од Дубаи, Savoir Vivre. Како што ни објасни дизајнерката, Savoir Vivre е ексклузивна куќа со седиште во Дубаи, пионер во производство и понуда на униформи за куќни помошнички во елитни семејства од Блискиот исток. Соработка е понудена на тројца дизајнери, покрај Ивана за Savoir Viver  ќе дизајнираат Ромеро Брајан и Амал Мурад.

-Секој дизајнер е задолжен за посебен дел од самиот бренд, добивме задача да го разработиме концептот на елитна дадилки инспирирани од класичен рококо, за понатаму да го доведеме до практична примена на истиот – вели Ивана.

1476683_569191239822084_828268385_n

Доколку ја посетите интернет страницата на Savoir Vivre уште на почетната страница ќе видите креација на Кнез. Ја прашавме што всушност подразбира соработката со брендот.

-Јас сум задолжена за делот Moda Maison кој во моментов има реализирано еден прототип, а се работи за неколку опции. Темата е опширна и несекојдневна, а на овие простори не постои предизвик од овој размер. Униформите кои ќе се работат за потребите на елитните семејства се на ниво на „македонска висока мода“. Проектот е на самиот почеток, следува развој на самата база, а за понатаму ќе видиме – ни кажа дизајнерката.

Компанијата е од Дубаи, Обединети Арапски Емирати, но интересно е што почетниот чекор за новата соработка се случи пред Ивана Кнез да престојува во Емиратите. Првите контакти биле online, но со нејзиното патување во Абу Даби пред неколку месеци, само биле потврдени и детализирани делови од проектот кој според дизајнерката ќе бара доста време и внимание од двете страни.

936118_570831166324758_1795121598_n

-На „коверот“ на самата веб-страница е дизајнот на Moda Maison Ivana Knez за Savoir Vivre. Преостанатите дизајни се на Ромеро Брајан, познат креатор во блискоисточните кругови кој работи исклучиво колекции на висока мода и веќе има етаблиран бизнис. А за поконзервативна варијанта ќе биде задолжена Амал Мурад, позната дизајнерка на абаи (традиционална арапска носија за жени), која што живее во Дубаи. Јас доаѓам како гостин во целиот проект, во кој најмногу сум насочена кон конфекциско-дизајнерски решенија на луксузни униформи – вели Ивана.

Дизајнерката покрај овој проект најавува уште нешто ново под името Submissive Dramawear. Не интересираше што се крие за насловот…

-Ммммм… Првиот peek-a-boo се случува деновиве кога ќе го пуштам изненадувањето за 14 февруари. Што ќе следува понатаму ќе откривам дел по дел, можам само да ви ветам дека нема да биде здодевно. Овојпат „Драма“ е во полна форма!

1656143_250230705152718_915056447_n

Savoir VivreДубаиИвана Кнезмакедонски дизајнеримодна соработка
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics