• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Белата кошула на Џанфранко Фере на изложба во музејот Прато

Од Снежана Јаначковска-Богдановска · На март 5, 2014

Февруари во Милано не ви ја нуди само претпоставената Миланската модна недела како посебен настан, бидејќи неизбежно е ако сте веќе тука да најдете време и за исклучителните културни понуди кои не смеат да се пропуштат, од типот на извонредните големи изложби на култните уметници Енди Врхол и Васили Кандински. Но покрај тоа, во месецот „згуснат од мода”, уметноста и модата се допираат и на друго ниво, па за време на модната недела се одржуваше и уличната изложба организирана од магазинот Marie Claire насловена  како „Мари Клер ја слави модата и додатоците”, а која се однесува на 10-годишнината на магазинот посветен само на модни додатоци. Во исто време имавме можност да ја видиме и  моментната постановка во Текстилниот музеј Прато во Милано посветена на починатиот дизајнер Џанфранко Фере наречена „Белата кошула според мене“.

Што значи тоа да се биде модерен? Постојат оние кои измислуваат нешто: лидер, тренд, визија. Тука се и оние кои преземаат нешто што веќе постои и го претвораат во нешто повеќе и поразлично, сè додека тоа не стане едно парче само за себе, составен елемент на сопствената ДНК. Тоа е она што Џанфранко Фере го направи со белата кошула во текот на 90-тите години, кога таа стана  водечка икона и некаков вид на метафора за неговиот стил.

Тоа е она што Текстилниот музеј Прато во Милано сакаше да го покаже во постановката која е хроника на еволуцијата на стилот на дизајнерот кој почина во 2007 година, а кој самиот изјави дека белата кошула е лајтмотив во неговата работа и дека е „во постојана потрага за иновации и константна, не помала љубов кон традицијата”. Тоа е она што може да се види од неговите белешки сочувани од Фондацијата „Џанфранко Фере”, основана во 2008 година со цел да се згрижи и биде достапно до публиката наследството на дизајнерот.

Изложбата оддава почест на работата и талентот на „архитектот на италијанската мода”. Во суптилни чувства на леснотија и игра на светлина, ова беше уникатна можност да се видат 27-те од најпознатите исклучителни бели кошули искреирани од Џанфранко Фере во преку дваесет години во модниот дизајн, заедно со пропратните дизајни, што ви овозможува како посетител на изложбата едно уникатно искуство и единствена шанса да се доживее дизајнерската поетика на Фере и неговиот иновативен уникатен пристап кон модата.

Покрај тоа ова беше и извонредна прилика да се види голема колекција од илустрации и технички скици направени од исклучителната рака на Џанфранко Фере, слики кои во само неколку потези, не само што ја пренесуваат идејата која зад неа и секој проект, туку исто така укажува на типот на ткаенина и специфичните детали и финиширања.

Музејот ја  организира изложбата во намера да го покаже речникот на стилот на дизајнерот-архитект, кој имаше способност да направи нешто нвоо кое ќе биде вечно и универзално. „ Во лексиконот на современата елеганција, би сакал да мислам дека мојата бела кошула е термин кој се употребува  универзално. Но се изговара како секој сака“, ќе изјави Фере.

                                                                        

Везови, карнери, транспарентност, големи волумени, белите кошули на Фере се неизоставен дел од историјата на костумот и модата. Оваа исклучителна можност да се ужива во дел од работата на култниот бесмртниот дизајнер модните љубеници можат да ја искористат до 24 јуни годинава, до кога трае изложбата во Прато.

                                                                  

 

 

Џанфранко Феребела кошулаМиланомодна изложба
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ролка и капут – топла и удобна зимска комбинација

    јануари 9, 2026
  • 1leopard

    Бидете впечатливи оваа зима со капут со леопардова шара

    јануари 9, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • a2f7f1c14b9ac6a09a3e891fe494ab6e

    Модни идеи за деловен изглед во зимските месеци

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025

Култура

  • novogodisen bazar

    Од денеска до 31 декември новогодишен базар со 50 современи занаетчии во Скопје Сити Мол

    декември 16, 2025
  • Госпоѓа Бовари 3 (2)

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

    ноември 12, 2025
  • 1

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

    октомври 31, 2025
  • pmg

    Вечерва почнува „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“

    октомври 16, 2025
  • KV

    Концерт по повод 100 години од раѓањето на композиторот Микис Теодоракис

    октомври 6, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics