Минатата вечер очите на филмската јавност беа насочени кон Лондон и Ројал Алберт Хол каде што, конечно, се одржа светската премиера на последниот филм за Џејмс Бонд, No Time To Die („Не е време за умирање“). После неколку одложувања поради пандемијата, 25-от по ред филм за познатиот таен агент 007 ќе се прикажува по кината ширум светот, кај нас доаѓа на 7 октомври. Ова воедно е последниот пат како актерот Даниел Крег го глуми Бонд.
Режисерот Кери Фукунага и дел од филмската екипа на светската премиера
Британското кралско семејство на премиерата во Лондон
Даниел Крег за последен пат како Џејмс Бонд
Актерката Леа Сејду носеше модел на Луј Витон
Војвотката од Кембриџ во златен фустан на Џени Пекам
Били Ајлиш и нејзиниот брат Финеус автори на музичката тема на No Time to Die
Лашана Линч во креација на Вивиен Вествуд
Рами Малек
Ана де Армас
Фиби Волер Бриџ беше дел од сценаристичкиот тим
Нема коментари