Откако џинсот стана актуелен во сите форми, дојде време и за нова интерпретација на старата добра џинс-јакна во поинакви и посовремени комбинации. Откако извесен период беше запоставена во модата, сега џинс-јакната е едно од главните парчиња за овој преоден пролетен период. Откако во уличната мода се популаризираа јакните со амблеми, сега е ред на оние со цветен дезен, сошиени од тексас со различна боја, или со парчиња од тантела. Често гледаме и волуменозни јакни со ретро крој, поткусени во долниот раб, со нагласени рамења по примерот на „Баленсијага“, со натписи и крупни мотиви, искинати или украсени со брошеви. Се комбнирираат буквално со сè – со фармерки и во all denim изглед, со полежерни и спортски парчиња, со шарен бохо фустан, со хеланки или кожени панталони, со летни памучни фустани, со патики, ниски сандали или салонки, со елегатни здолништа, во минималистички или максималистички стил.
Нема коментари