Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез деновиве се појави на настанот „Жените во Холивуд“ организиран од страна на Elle, облечена во креација на австралискиот дизајнер со македонско потекло Тони Матичевски. Џенифер заедно со своите стилисти избра изглед со необична силуета, составен од здолниште и впечатлив горен дел со голема панделка околу рамењата, дел од колекцијата за есен-зима 2018/19 на Матичевски. Дизајнерот одушевувањето од изборот го покажа на Инстаграм.
На истиот настан креација на Матичевски носеше и актерката Лавер Кокс.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари