Дизајнерот на чевли Џими Чу има решение како да ги држите нозете згреани во зима – линијата на чевли Voyager доаѓа со внатрешен ѓон кој може да се загрева и активира преку мобилна апликација. Чизмите Voyager ја спојуваат модата со технологијата преку специјалниот уред во ѓонот кој се полни преку класичен УСБ кабел, може да развие температура од 25 до 45 степени и после полнењето топлината трае до осум часа. Ги има во неколку бои и од различна кожа. Од брендот велат дека носливата технологија и понатаму е во мода, а чизмите нудат луксуз, модерен изглед, и што е најважно во студените месеци од годината, топлината во стапалата до степен кој ви одговара. Според нив иднината е токму во „паметните“ обувки.
Нема коментари