• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 3

Јована Филиповиќ @FWSK: Жената претставена преку дуалноста на водата – мирна и спокојна, но и брановидна и моќна

Од Катерина Трајановска · На март 29, 2017

1 jovana filipovic

Откако минатата сезона на Моден викенд ја претстави „Големата убавина“, колекцијата која наиде на позитивни критики и oдличен прием, со нетрпение го очекуваме следното нешто од Јована Филиповиќ. Креаторката в петок, 31-ви март, има задача да го отвори новото издание на Моден викенд-Скопје, со ревија која меѓудругото ќе заокружи соработката со брендот „Пелистерка“, кој ја прогласи за победник на конкурсот за најдобар дизајн на шише на настан во рамките на оваа модна манифестација пред пет години, поддржувајќи го нејзиниот дизајн кој се развиваше во следниот период и ја искачи во врвот на домашниот моден дизајн. Сега Јована ја најавува новата колекција која е инспиририрана од водата, што пак неслучајно асоцира на компанијата„Пелистерка“ и нејзиниот најпознат продукт – водата во шише.

17571991_10210986772438878_1178811506_o

Овој петок го отвораш новото издание на Моден викенд со ревија со која ќе дадеш омаж на соработката со „Пелистерка“, што пак алудира на награда што оваа компанија ти ја додели пред пет години токму на оваа манифестација.  Што се мисли под ова омаж, нова колекција или ретроспектива?

- Да, почетната точка за правење на колекција беше петгодишнината на соработката со „Пелистерка“, меѓутоа станува збор за сосема нова колекција, за пролет-лето 2017. Во изминативе пет години имавме многу заеднички проекти, ревии и некако сакавме да ја заокружиме и одбележиме таа соработка.  Затоа решивме тоа да биде преку модата и на настан на кој што почнавме и всушност да соработуваме.

Каква колекција ќе видиме овојпат на Моден викенд?

- Инспирацијата и темата на колекцијата за пролет-лето 2017 е водата. Овојпат жената ја прикажав на два различни начини, како што е и водата всушност. Навидум мирна, спокојна и совршена, а од друга страна толку брановита, моќна и силна. Ќе има контраст на модели, бои и текстури, а сето тоа ќе биде надополнето со специјално изработен накит на „Еклектика“, брендот позади кој стојат Моника Лозановска и Александар Милев.

2 jovana filipovic ss17

Прв поглед на ткаенините и скиците за новата колекција

Како е замислена ревијата, претставувањето, дали ќе има нешто ново и специфично?

- Самиот простор оваа година е поинаков, претставувањето на моделите, музиката. Меѓутоа не би откривала сега сè, ќе видите сами на 31-вимарт.

Колку се сменија работите во последните пет години? Колку напредуваше твојата кариера и твојот израз благодарение на поддршката на „Пелистерка“ и Моден викенд?

- Пред пет години сè уште бев на почетокот на кариерата и ми требаше поддршка за да можам да ја насочам мојата креативност на правиот пат. Благодарејќи на Моден викенд и „Пелистерка“, успеав да изградам македонски бренд кој можеби полека, но сигурно ги пушта и расте своите корени на ова мало парче земја. На 31-ви март ќе ја прикажам мојата нова колекција која претставува уште еден поинаков раст, уште едно големо искуство во низата, на кое што сум навистина горда.

3 jovana filipovic

Ревијата за колекцијата „Големата убавина“ прикажана на минатиот Моден викенд

Последна колекција „Големата убавина“ доби позитивни критики и креациите се најдоа на насловните страници и во списанијата, го почувствува ли тој успех и таа повратна реакција од публиката? Колку беше барана колекцијата во твоето ателје?

- Публиката и клиентите се мојот двигател за нови работи и нови колекции.  Ми значи нивното мислење, реакции и критики. А уште повеќе ме радува фактот дека сè повеќе и повеќе девојки го пронаоѓаат својот сензибилитет во моите дизајни. „Големата убавина“ доби најголема експонираност и најголема продаваност до сега, а се надевам дека така ке биде и со колекциијата за пролет-лето 2017.

Чувствуваш ли дека е време за интернационален пробив?  Кои се твоите планови за следниот период?

- Да, веќе мислам дека сум спремна за ширење на пазарот и пласирање на ЈФ надвор од Македонија.

4 jovana filipovic

Дизајните на Јована во последниве месеци едни од омилените во списанијата и кај познатите

Дали во креирањето на колекцијата се водеше според мотото на овој Моден викенд, Pure Individuality? Што за тебе всушност значи индивидуалност во моден аспект?

-  Секоја личност има индивидуалност кога станува збор за модата. Можеби не секој знае да го препознае и истакне тоа, меѓутоа верувам дека сите ние го носиме тоа во себе. Да си индивидуален, значи да си „посебен“ и уникатен, но на свој начин. Начин кој те истакнува и издвојува од другите.

5 jovana filipovic

Пред пет години го „облече“ шишето на „Пелистерка“, а потоа и ракометарките на „Вардар“ за календарот на „Пелистерка“

FWSKЈована Филиповиќводамакедонска модамакедонски дизајнериМоден викендМоден викенд-Скопјемодна инспирацијаПелистеркапролет-лето 2017
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 0 интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за балетската претстава „Пепелашка“ во Букурешт

  • bad girls (3) интервју

    Разговор со Сандра Шевандо и Драган Христов за костимографската инсталација „Лошите девојки од филмовите“ што ќе се одржи на 8 јули во МКЦ

  • elena popovska интервју

    Интервју со Елена Поповска од Jewelry My Precious: Препознатлива сум по експериментите со нови техники

3 Коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ?????????????????????????????????????

    30. Моден Викенд Скопје: Заедницата како срце на модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Ексклузивен свадбен настан во Скопје е церемонијата до која водат златните покани

    мај 13, 2025
  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ana

    Нашата позната манекенка Ана Калачоска со венчавка од соништата

    мај 12, 2025
  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Златни покани се прошируваат низ Скопје на мистериозен начин – но за што служат тие?

    мај 12, 2025
  • Women in tech & Metergram (1)

    МОЌТА НА ИДНИНАТА: Иновации и новости во технологијата за полнење електрични возила

    мај 6, 2025
  • 1000001178

    Скопје Фуд Парк – нова гастро дестинација во градот

    мај 5, 2025
  • Gush i bac

    Инклузивен настан „Гуш и бац е љубов“ на 11 мај на Школка

    мај 5, 2025
  • veligdenski jajca

    Природен начин на бојадисување велигденски јајца

    април 15, 2025

Култура

  • Plakat_myselves_page-0001

    Затворање на фестивалот Танц фест со француската иновативна танчерска претстава MYSELVES

    мај 12, 2025
  • ?????????????????????

    Вечерва се отвора изложбата „Црвен се барјак развева“

    мај 9, 2025
  • KV SGF 2025

    На 13 мај започнува Скопски Градски Фестивал – Пет дена културна синергија на низ звуци, зборови и слики

    мај 5, 2025
  • ПОЗИВ

    Покана за бесплатна работилница за млади фотографи од Македонија

    април 28, 2025
  • BAKLAVA$MAKEDONSKI RUBIN

    Концерт на „Баклава“ и изложба на македонскиот рубин во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб

    април 23, 2025

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics