• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЈОВАНА ЗУКА: Џерард Батлер е вистински Hugo Boss џентлмен

Од Ана Несторовска · На февруари 26, 2016

jovana zuka Boss (2)
„Вистински Hugo Boss џентлмен, искрен, непосреден и со смисла за хумор. Зрачи со посебен шарм и навистина силно присуство. Ја исполнува просторијата со прекрасна енергија и има неверојатен ефект на публиката“. Со овие зборови популарната македонска модна блогерка Јована Зука, која стои зад After Two Five, го опишува холивудскиот актер Џерард Батлер, со кој се сретна во Копенхаген настан во организација на Hugo Boss. По покана од „Еликсир Ексклузив парфимерии“, со кои соработува повеќе од една година, Зука имаше можност на 5 февруари да присуствува на промотивниот настан за парфемот Boss Bottled, еден од најпознатите машки парфеми на Hugo Boss. Boss Bottled повеќе од 15 години важи за вистинска класика во динамичниот свет на парфемската индустрија. Главна ѕвезда на настанот бил актерот познат по улогите во „300 Спартанци“, „Рокенрола“ , „Падот на Олимп“ , „Како да истренираш змеј“ и „Боговите на Египет“.’
-Целодневниот настан беше многу софистициран и започна со појадок во Hugo Boss продавницата заедно со Џерард Батлер, кој е заштитно лице на овој парфем и на кампањата Man of Today, и со Луис Пикок, кој е еден од создавачите на Boss Bottled. Во текот на овој дел, Луис ни ги објасни клучните ноти и неочекуваните детали на парфемот кои го прават посебен. Ни зборуваше за инспирацијата да се овековечи прекрасната силуета на Hugo Boss костумот во шишенце парфем, и ни ги долови квалитетите на мажот на денешнината. И тогаш се појави Џерард Батлер, како олицетворение на тој маж, и зборуваше за тоа како е да се биде дел од ваква кампања. Остатокот од денот вклучуваше интервјуа, гостување на Џерард во големата стоковна куќа Magasin du Nord, како и елегантен коктел во извонредниот Hotel D’Angleterre. Гости на настанот беа претставници од најголемите дански и скандинавски медиуми, скандинавски јавни личности и блогери, како и претставници од парфимерии, новинари и уредници од други земји од Европа-вели Јована, која поширока репортажа од настанот објави на својот блог After Two Five .

jovana zuka Boss (6)

Џерард Батлер е заштитно лице на парфемot Boss Bottled и на кампањата Man of Today

>> Каква беше средбата со Џерард Батлер, каков впечаток ти остави? Како изгледаше и како се однесуваше?
-Човекот има смисла за хумор, искрен е, топол, непосреден и зрачи со посебен шарм и навистина силно присуство. Ја исполнува просторијата со прекрасна енергија и има неверојатен ефект на публиката. На сите им посветува подеднакво многу внимание и ако не беше опкружен со асистенти, кои внимаваат на секоја минута, веројатно би поминал часови и часови во разговор, фотографирање и одговарање на сите можни прашања.

>> За спомен имаш фотографии со него. Дали имаше можност да поразговараш со него или да му поставиш прашање, да му дадеш коментар?
-Со оглед на бројот на гости кои чекаа да се фотографираат со Џерард, имаше време само за брзо претставување, позирање, фотографија и „чао, се гледаме пак подоцна“. Но, фотографиите и така вредат по илјада зборови секоја :) … Немав трема за средбата со Џерард, но чувствував голема возбуда за целиот настан. Ми беше неверојатно што добив можност да присуствувам на таква промоција. Освен тоа што милион пати проверив дали ми се полни батериите на телефонот и фотоапаратот, посебни подготовки немав и спонтано тоа утро одлучив да носам палто фустан од „Марков“, чизми над колена со ниски потпетици од Zara и да ја соберам косата во висок реп.

jovana zuka boss

Јована Зука имаше можност да се запознае со ѕвездата на „300 Спартанци“, „Рокенрола“ , „Падот на Олимп“ , „Како да истренираш змеј“ и „Боговите на Египет“’

>> Можеш ли да го опишеш парфемот Boss Bottled, за каков тип на мажи е? Дали (си) би носела машки парфем?
-Boss Bottled парфемот го знам веќе долго време и мириса прекрасно, меѓутоа можноста детално да ги запознаам сите негови клучни ноти, вклучувајќи ги и оние неочекуваните како розата, и да слушам за инспирацијата за неговото создавање од човек кој има работено на него уште пред две декади, дефинитивно му даде ново значење на целото миризливо искуство. Се работи за безвременски, елегантен, софистициран парфем кој е исто толку сестран и контрастен колку и мажот на денешнината. Наменет е за решителен маж кој негува совршена рамнотежа на модерни и класични вредности. Иако сè уште сум им верна на женските парфеми, ова искуство дефинитивно ми отвори интерес за експериментирање со машките мириси.

jovana zuka Boss (1)

На настанот македонската блогерка носеше палто- фустан од „Марков“, чизми над колена со ниски потпетици од Zara

>>Копанхаген е град во кој се живее најквалитетно, а Данците се сметаат за најсреќна нација… Колку се чувствува тоа при посетата на оваа метропола?
-Копенхаген ми беше на листата на градови кои мора да ги посетам веќе долго време и тоа ми донесе дополнителна возбуда за целото патување. Моето искуство со Данска беше прекрасно. Бев на исклучителни места, опкружена со позитивни луѓе кои дефинитивно се задоволни од својот живот и кои со многу љубов зборуваат за својата околина, за најубавите места во државата, за храната, за работата, буквално за сè.

>> Каков стил забележа на улиците на Копенхаген, колку ти се допадна модата во овој град?
-Скандинавските земји, вклучувајќи ја и Данска, ми се репер за стил, за мајсторско облекување во слоеви и за издигнување на удобноста и минимализмот до ниво на совршенство. Покрај тоа што се генетски благословени со совршени природни бои на коса, блескав тен и убави, извишени фигури, и жените и мажите во Данска имаат вродена умешност да направат и наједноставните парчиња да изгледаат неверојатно. Добриот дизајн не владее само во модата, туку насекаде, и се внимава на сè што е визуелно. Веројатно поради тоа и луѓето имаат вкус кој е порафиниран и поистенчен од останатите.

jovana zuka Boss (4)

Мојот блог After Two Five е моја прва љубов и втора работа на која ѝ го посветувам секој слободен момент

>> На овој настан присуствуваше по покана од „Еликсир Ексклузив парфимерии“. Како настана оваа соработка?
- Со „Еликсир Ексклузив“ парфимерии имам соработка од соништата која почна на нивна иницијатива пред околу година и половина. Досега создадовме неколку визуелни приказни за повеќе производи што ги нудат, кои беа објавени и на мојот блог и во „Еликсир“, списанието кое го изработуваат. Прекрасните луѓе со кои работам во оваа компанија ми даваат комплетна слобода во креативната дирекција на приказните и секогаш бираме продукти кои и лично ги користам, кои се соодветни на мојот идентитет и кои верувам дека можам да ги претставам токму така како што ги доживувам.

>>Ти си една од првите модни блогерки кај нас што успеаа да го подигне на повисоко професионално ниво своето хоби. Со кои сè ангажмани како блогерка и стилистка посебно се гордееш?
-Мојот блог, After Two Five, уште од самиот почеток е многу повеќе од хоби. Ова е моја прва љубов и втора работа на која ѝ го посветувам секој слободен момент. Присуството на настан од овој ранг ми донесе потврда дека целосната посветеност и часовите поминати во работа дефинитивно се исплатуваат, и ми отвори дополнителна мотивација да работам уште повеќе и да го издигнувам квалитетот на својата содржина. Сите ангажмани досега ми се подеднакво важни, бидејќи ми отвораат нови можности и ми носат искуство за секој следен проект.

jovana zuka Boss (7)

Boss Bottled повеќе од 15 години важи за вистинска класика во динамичниот свет на парфемската индустрија

 

After Two FiveBoss BottledHotel D’AngleterreHugo BossMan of TodayЈована ЗукаЏерард БатлерЕликсир Ексклузив парфимерииКопенхагенЛуис Пикокмакедонски модни блогери
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 16, 2021
  • gucci aria (4)

    Gucci Aria – Гучи слави 100 години со ревија и кобрендирани креации со Баленсијага

    април 16, 2021
  • kopenhagen

    Инстаграм профил посветен на живописниот уличен стил на Копенхаген

    април 15, 2021
  • DIOR

    [ВИДЕО] Ревија на Dior во Шангај

    април 15, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021
  • DMF_2021

    Отворен конкурсот за учество на „Денови на македонската фотографија 2021“

    март 15, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics