Испијте го кафето и изедете го корнетот! Кафето во корнет стана најинсаграмирано кафе на интернет, благодарение на креацијата на барменот Дејн Левинрад од Јужноафриканската република. Дејн наводно го креирал #coffeeinacone специјално за популацијата што обожава Инстаграм, комбинирајќи три работи во еден пакет – кафе, чоколадо и корнет за сладолед. Кафето во корнет можеби не е нова работа (некои велат дека се служело во Лос Анџелес пред неколку години), ама Дејн го популаризира благодарение на хаштагот #coffeeinacone.
Дејн обаснува дека креирањето на кафето во корнет не било лесно, кафето поради топлината го омекнува корнетот, па тоа протекува. Затоа Дејн креирал корнет од неколку слоеви обложен со четири видови чоколадо и какао. Тој препорачува неговото патентирно кафе да се испие во рок од десет минути по служењето, односно пред да се стопат слоевите чоколадо и корнетот да се распадне.
Можеби не е многу практично, ама е одлично изгледа на Инстаграм!
Нема коментари