Американскиот моден бренд Tibi има уште еден моден погодок сезонава во облик на кариран костим од широки панталони и волуменозно сако во кое се вметнати различни тартан мотиви во сини и зелени тонови. Карираната креација може да се носи како комплет, но и секое парче посебно. Овој кариран костим е од предесенската 2018 колекција на Tibi, а беше забележан во уличната мода, стилот на познатите и во објавите на Инстаграм.
Нема коментари